Прејди на содржината

Игор Јанев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игор Јанев
Роден 1964
Белград, СР Србија, СФРЈ
Занимање професор

Игор Јанев (роден во 1964 година во Белград, Србија) — македонски професор по меѓународно право.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон (School of Foreign Service[2]), Шарлотсвил (Department of Politics - Government & Foreign Affairs[3]) и Медфорд - Харвард(The Fletcher School of Law and Diplomacy[4])) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за мегународно право и меѓународни односи, мегу кои се ASIL и ACUNS.

Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

Спор за името со Грција

[уреди | уреди извор]

Во македонските историски движења познато е дека Игор Јанев бил Специјален советник на Министерот за надворешни работи во 2002 година. Во научните анализи од 1998 година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открил кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој исклучителен научен придонес бил објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентирал и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012 година, кога го искажал ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија била условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Поевелбата на ОН[5]

Според Јанев таквите услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, во кој е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, Игор Јанев предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поаѓајќи од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата "the former Yugoslav Republic of Macedonia "). Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата "the former Yugoslav Republic of Macedonia ", и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Ставовите на Игор Јанев биле прифатени во научната периодика во светските научни списанија. Покрај American Journal of International Law (AJIL) ставовите на Јанев биле објавени и во Review of International Affairs, Political Review и во друѓи мегународни списанија.

Во поново време Јанев застапува теза дека Преспанската спогодба е етноциден акт[6] кои не е правно валиден и поради фактот што "Втората страна" во овој договор нема валиден правен идентитет(во Спогодбата во врска со идентитетот само се уптаува на Резолуцијата 47/225 на ООН те. Бројот на апликацијата за прием во ООН, без уставното име), па отааму и самиот договор не е валиден правен акт (со што Јанев сугерира унилатерлно дипломатско раскинување на ваков невалиден акт преку дипломатската нота за раскинување на договорот).[7][8][9]

Игор Јанев објавил над 160 научни трудови пред сè во мегународни списаниЈа надвор од Македонија, како и 18 книги и монографии од областите на меѓународната политика, надворешената политика и на меѓународното право и организации. Меѓу другото, Игор Јанев е и основач на Релационистичко-дијалектичка теорија во општата Онтологија (Филозофија). Основното филозофско прашање на постоењето е идентификувано како: Откаде сè што постои? Јанев доби соодветно решение на ова филозофско прашање со преформулацијата во форма: Откаде сè што постои, во однос на Ништо? Со негација на овој парадокс, поставувајки прашање Во који услови вакво прашање е нелогично?, Јанев покажа дека еден од двата аспекта е нужно невозоможен односно дека полот означен како Ништо е невозможен. Решението е најдено во нужната релација мегу Ништо и (спротивно на тоа) Нешто, кои се во системска врска. Како што заклучил Јанев, од ова произлегува дека основната релација е пофундаментална од елементите односно половите на која било релација. Ова филозофска концепција е и основа на новата релационистичка теорија на меѓународните односи, која ја застапуава Игор Јанев.[10] Релационистичката методологија на Јанев се применува во повеќе дисиплини од општата филозофија и социологија до методологијата на природните науки.[11]

  • Сарадња Југославије са Унеском, Факултет политичких наука, Београд, 1991.
  • Економските организации на Обединетите нации, Правен факултет, Скопје, 1994.
  • Право и политика на специјализованите организации на Обединетите нации, Александрија, Скопје, 1996.
  • Теорија међународних односа и спољне политике, Плато, Београд, 1998.
  • Међународни односи и спољна политика, Институт за политичке студије, Београд, 2002.
  • Уједињене нације и међународне финансијске и економске организације, ИПС, Београд, 2004.
  • Културна дипломатија, Институт за политичке студије, Београд, 2004.
  • Теорија међународне политике и дипломатије, Институт за политичке студије, 2006.
  • Уставно право и полтички систем Европске уније, Институт за политичке студије, 2007, ISBN 978-86-7419-144-6
  • Међународне организације и интеграције, Институт за политичке студије, 2008, ISBN 978-86-7419-151-4
  • Светска организација за интелектуалну својину, Институт за политичке студије, 2009, ISBN 978-86-7419-188-0
  • Статутарно уређење међународних организација, Институт за политичке студије, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0
  • Међународни финансиски организации, Александрија, Скопје, 2008, ISBN 978-9989-705-03-8
  • Косово после проглашења независности, ИМПП, 2008, ISBN 978-86-7067-110-2
  • Односи Југославије са Унеском, Институт за политичке студије, 2010, ISBN 978-86-7419-209-2
  • Међународно право и међународни односи, Институт за политичке студије, Београд, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Дипломатија, Институт за политичке студије, Београд, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
  • Вовед во дипломатија, АГМ, 2015, ISBN 978-86-86363-64-0
  • Современа Теорија за Држава и Право, АГМ, Белград. 2017. ISBN 978-86-86363-90-9
  • Теорија за држава и право, Čigoja-Štampa. Белград: 2020. ISBN 978-86-531-0551-8.[12]
  • Историја на политичките теории, АГМ, Белград, 2021. ISBN 978-86-6048-022-6[13]
  • Prespa Agreement And Its Effects On Macedonian Right To National Identity: An Act of Ethno – Genocidal Termination of the National Identity, Lambert Academic Publishing. 2021. ISBN 978-620-4-71741-8.[14]
  • The Prespa Agreement as Cultural Genocide of the Macedonian National Identity, AGM. Белград. 2023. ISBN 978-86-6048-040-0

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Игор Јанев, професор по меѓународно право“. http://www.makdenes.org/. Посетено на 2012-10-08. Надворешна врска во |publisher= (help)
  2. Види E. A. W. School of Foreign Service, Georgetown University [1]
  3. Види [2]
  4. [3]
  5. „Иванов бара достоинствено именување на Македонија“. Утрински весник. 27 септември 2012. Посетено на 2012-10-08.[мртва врска]
  6. За врска меѓу етноцид или/и културоцид и Преспанската спогодба види во серија колумни од Јанев во Нова Македонија [4], [5], [6].
  7. Види за валидноста на спогосбата статијата во Нова Македонија "Преспанскиот договор е правно невалиден" [7]
  8. Види повеќе во Security Dialogues (2018) THE PRESPA AGREEMENT BETWEEN MACEDONIA AND GREECE AND POSSIBLE FURTHER ACTION(S) RELATED TO VALIDITY OF THE TREATY (посебно пр. види дел "Conclusions")[8]
  9. За раскинливоста на Преспанскиот договор види и во написи од Јанев во Нова Македонија [9][10][11]
  10. Реч директора Архивирано на 1 септември 2012 г., Институт за политичке студије.
  11. Види пр. General Philosophy of Relationism and Its Application to the Political Theory of State and Society and Implications on Natural Sciences [12]
  12. „Teorija drzave i prava“. Knjizara. Посетено на 20 ноември 2021.
  13. „Istorija političkih teorija“. Cigoja. Посетено на 23 јуни 2021.
  14. „Prespa Agreement and its Effects on Macedonian Right to National Identity: An act of ethno – genocidal termination of the national identity“. Lambert Academic Publishing. Архивирано од изворникот на 2021-11-19. Посетено на 20 ноември 2021. line feed character во |title= во положба 75 (help)