Зомби
Зомби (множина: зомбија;[1] хаитско-креолски: zonbi; Северен Мбунду: nzumbe) — поим со кој се означува мртовец оживеан по магичен пат, како на пример со помош на вештерство.[2] Преносно се користи за да се означи човек под хипноза, несвесен, но кој сепак може да се движи и да реагира на надворешните дразби. Од крајот на XIX век, терминот зомби станал популарен посебно во Северна Америка и во европскиот фолклор.
Зомбијата се многу популарни во современата фантастика на ужасите, главно поради успехот на филмот „Ноќта на живите мртовци“ од 1968 година на Џорџ А.Ромеро кој придонесе ликот на зомби да се искористи како главна тема во разни книги филмови и телевизиски емисии.[3] Зомби-фантастиката во моментот претставува значителено важен хорорски под жарн во која најчесто се опишуваат настани поврзани со истребувањето на цивилизацијата поради тоа што повеќето од населението се претвораат во зомбија што јадат човечко месо. Чудовиштата најчесто се крволочно жедни по човечкото месо, но особено омилен им е човековиот мозок. Понекогаш самите зомби се жртви на измислена пандемска болест која ги воскреснува мртвите или пак ги принудува живите да се однесуваат на тој начин, но најчесто причината поради која настанала болеста не е дадена во приказната.
Религија
[уреди | уреди извор]Западноафриканска вуду-религија
[уреди | уреди извор]Според принципите на западноафриканската вуду-религија мртов човек може да биде оживеан само од бокор или од волшебник. Зомбијата се управуваат од страна на бокорот, бидејќи тие не се во состојба свесно да донесуваат одлуки. Исто така поимот зомби е и другото име на вуду-змијата Ива Дамбала Ведо, поимот е од нигерско-конгоанско потекло и е доста сличен на поимот нзамби во конгоанскиот киконго јазик, кој значи Бог. Во рамките на западно–африканската вуду-традиција постои астралното зомби, дел од човековата душа заробен од бокорот што тој ја користи со цел да ја зајакне својата моќ. Астралното зомби вообичаено се чува во шише коешто бокорот може да го продаде на своите клиенти како амајлија за среќа, излекување од различни болести и успех во работата. Постои верување дека по некое време Бог ќе ја земе душата назад, и поради тоа зомбито е привремно духовно битие.[4] Исто така според една вуду легенда се вели дека ако зомбите се хранат со сол тие самите ќе се вратат во своите гробови.
Вуду-религијата во Хаити
[уреди | уреди извор]Во 1937 година, додека го истражувала фолклорот во Хаити, Зора Нејл Хурстон се сретнала со случајот на една жена која се појавила во селото. Нејзиното семејство твредло дека таа жена била Фелисија Феликс — Ментор, која што била почината и закопана во 1907 година на возраст од 29 години. Хурстон ги следела гласините дека погодените лица биле под дејство на силни психоактивни дроги, но таа не била во можност да ги пронајде луѓето кои можеле да ѝ дадат повеќе информации. Таа напишала:
„ | Ако некогаш науката навлезе во суштината на вуду религијата во Хаити и Африка тогаш ќе бидат откриени некои важни медицински тајни кои до ден денешен не ѝ се познати на медицинската наука.[5] | “ |
Неколку децении подоцна Харвардскиот етноботаничар Вејд Дејвис во своите две книги: „Змијата и виножитото“ (1985) и „Патувања низ темнината: Етноботаниката на Хаитските зомби“ (1988) го претставил фармаколошкиот случај за зомбите. Дејвис допатувал во Хаити во 1982 година и како резултат на неговите истражувања тврдел дека жив човек може да се претвори во зомби со навлегување на два специјални прашоци во крвта најчесто преку отворена рана . Првиот coup de poudre во чиј состав се наоѓа тетродотоксин, моќен и честопати фатален нервотоксин. Вториот прав кој се состои од разложени лекови како што е биволчето. Заедно овие честички предизвикуваат состојба слична на мртовец во која волјата на жртвата целосно ќе биде подложна на бокорот. Дејвис исто така ја популаризира и приказната за Клариус Нарцис кој тврдеше дека станал зомби со примање на лекови.
Процесот опишан од страна на Дејвис е почетна состојба на смртта како исчекување, по што следи повторно будење вообичаено откако тој беше закопан во психотична состојба. Психозата предизвикана од дрога и психолошка траума беше хипотеза од Дејвис за да ги поткрепи културно-научените верувања и да го предизвика поединецот да го реконструира својот идентитет како оној на зомбито, се знае дека тие се мртви и немаат друга улога во општеството на Хаити. Во 1988 година според книгата на дејвис Змијата и виножиото беше снимен серијалот хорор-филмови на режисерот Вес Крејвен Кошмарот во улицата на брестовите ,сепак содржината на книгата значително се разликувала од содржината на самата книга . Тврдењата на Дејвис се доста критикувани особено оние кои тврдат дека хаитските вештерки –докторки можат да ги задржат зомбите во состојба на индуциран фармаколошки транс многу години. Симптомите на труење од тетрдотоксинот се разновидини од вкочанестост и гадење , парализа ,особено на мускулите на дијафрагмата , несвест па сè до смрт , но тие не вклучуваат тетеравење ниту пак транс кој наликува на мртвите . Според психологот Теренс Хејнс научната заедница го отфрла тетродотоксинот како причина за оваа состојба, а проценката на Дејвис за тоа како се однесуваат зомбите на Хаити се смета за премногу лековерна.[6]
Шкотскиот психијатар Р.Д. Ленг ја истакнува врската помеѓу социјалните и културните очекувања и принудувања во проучувањето на шизофренијата и другите ментални болести укажувајќи на тоа дека шизогенезата има допирни точки со некои психолошки аспекти на зомбификацијата.[7]
Јужна Африка
[уреди | уреди извор]Во некои заедници во Јужна Африка се верува дека само мртов човек може да биде претворен во зомби и тоа од страна на некое дете.[8] Се вели дека магијата што ја фрлило малото дете може да ја раскине само доволно моќен сангома.[9]
Зомбите во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Зомбите редовно се среќаваат во фантастичните филмови и претстави како и филмови и претстави со хорор-содржини. Уште од 1929 година, со појавата на романот „Магичниот остров“ на Вилијам Сибрук, зомбите станаа дел од американскиот говор. Од 2009 година, зомбите почнаа да ја загрозуваат популарноста на вампирите во поп-културата.
Филм
[уреди | уреди извор]Зомбите се јавуваат како честа тема во хорор-филмовите снимени по Втората светска војна. Еден од поуспешшните филмови со ваква тема е „Карневал на душите“ од 1962 година, кој подоцна извршил големо влијание врз овој жанр.[10] Првично објавен во 1968 година, филмот Ноќ на живите мртовци (филм) го претставува концептот на однесувањата на зомбите подобро од кое било литературно или филмско дело пред неа.[11] Во овој филм делумно е објаснета причината за реанимација на зомбите (зрачење од вселенскиот брод).
Во популарната култура, зомбите типично се претставени како безумни, несмасни мртовци кои се распаѓаат, жедни за човечко месо или мозок. Сепак, во неодамна снимените популарни зомби-филмови се забележува значително зголемување на нивните способности за што сведочат следниве филмови: „Колин“, „28 дена подоцна“ и во филмот од 2004 година „Будењето на мртвите“. Концептот на модерните зомби е тесно поврзан со Акаполипса на зомбите, истребување на општеството како резултат на зараза. Научникот Ким Пафренрот изјавува дека зомбите се целосно и буквално акаполиптични повеќе од кое било друго чудовиште, тие се сигнал за крајот на светот.
Публикации и литература
[уреди | уреди извор]Иако зомбите се појавуваа во многу книги пред и по појавувањето на „Ноќта на живите мртовци“, сепак дури во 1990 година, со објавувањето на антологијата „Книга на мртвите“ во која се опишани приказните на Ромеро инспирирани од приказните на Стивен Кинг и други автори, зомби-фантастиката доби статус на посебен книжевен поджанр. Во 2005 година, романот „Возвишување“ на Брајан Кин ја добива познатата награда „Брам Стокер“.
Неодамна публикуваните попознатите книги со зомби-тематика се „Клетка“ од Стивен Кинг од 2006 година и „Светска војна З“ од Макс Брукс кои се вброија во бестселерите на Њујорк Тајмс. Брукс е автор и на култниот хит „Водич за опстанок на зомбите“, исцрпно истражуван водич во кој се опишани начините на кои зомбите преживуваат, публикуван во 2003 година.
Зомбите се искористени како главен мотив во десетици романи и стрипови. Како и вампирите и другите измислени суштества така и прототипот на зомби се распространува насекаде низ светот.
Телевизија
[уреди | уреди извор]Еден од најпознатите телевизиски настап со зомби тематика е „Трилер“ на Мајкл Џексон од 1983 година , краток филм и музички спот во режија на Џон Лендис. Песната е придружена со рап пеење од страна на Винсент Прајс добро познатиот глас од хорор-филмовите и ѕвезда од погореспоменатиот филм „Последниот човек на земјата“. Трилер е еден од најпопуларните музички видеа на сите времиња, филмска пародија со хорор-содржина во која е прикажан кореографскиот зомби-настап на танчерите и Џексон облечени како зомби. Многу медиуми во поп културата како и многу зомби-филмови како што е Ноќта на живите мртовци 2 му оддадоа почит на оваа сцена и го сместија Трилерот на Мајкл Џексон во историјата на зомбите.
Научно фантастичните серии како што се „Бафи убиецот на вампири“ и Досие Х понекогаш ги вметнуваат зомбите како дел од нивните научно фантастични /хорор-содржини.
Ширењето на зомби-епидемиите во стилот на Ромеро честопати се дел во голем број амимирани шоуа како на пример во „Ноќ на вештерките“ во Симпсонови, Саут парк, и Освојувачот Зим. На Далечниот Исток зомбите исто така се неодминлив дел на анимираните филмови , како што се: самураи Champloo , Токио Majin Gakuen Kenpucho, YuYu Hakusho и многу други во и надвор од рамките на хорор-жанрот.
Игри
[уреди | уреди извор]Зомбите и вампирите се доста популарна тема во видео игрите особено во игрите каде што едно лице ги доживува дејствата преку очите на главниот лик и во игрите каде што се прифаќаат одредени улоги. Попознати видео игри од оваа област се: серијата Притаено зло, Воздигање на мртвите, Куќата на мртвите, Карнивл, Лефт 4 дет. Една од најпопуларните игри од ваков тип ,со околу 30.680 посети на ден е масовно играната игра на интернет „Урбански мртов“ со слободно –мрежен прелистуваж на играта во која зомбите и преживеаните се обидуваат да воспостават контрола врз еден руиниран град. Некои од игрите дури му дозволуват на играчот да ја игра улогата на зомби како на пример Зомбито Стабс во играта Бунтовник без пулс. Најчесто во овие игри зомбите се отпорни на повеќето напади освен на траумата на главата (која во истиот тој момент ги уништува зомбите). Зомбите исто така се дел од играта „Сага суперстар тенис“, во делот каде што играчот мава тениски топчиња по зомбите со цел да ги уништи.
Концептот на инфицирани мртви се појавува често во видео игрите меѓутоа тоа не мора да значи дека тие мртви мораат да бидат само инфицирани луѓе. Ликот Флод од играта Хало како и Хедкраб од играта Хафлајф се зомби вонземјани кои имаат способност да ги убијат своите противници и опседнуваат нивните тела .
Надвор од видеоигрите, зомби-тематиката се среќава и во многубројните игри со карти како што се : прибирањето на Магија, играта Зандани и џинови , и играта Зомби. Играта „Луѓе наспроти зомби“ е многу популарна зомби тематска акциона игра која се игра во живо во колеџ кампуси ширум светот.
Музика
[уреди | уреди извор]Многу песни и бендови се основани врз основа на овие вампири кои обожаваат да јадат човечко месо, како песната „Трилер“ на Мајкл Џексон и творечката работа на музичарот Роб Зомби. Зомбите се појавуваат скоро во секој музички жанр започнувајќи од поп па сè до хеви металот вклучувајќи ги и некои поджанрови како хорор-панкот во кои зомби тематиката е естетски проширена. Хорор-панкот е тесно поврзан со поджанровите Дедрок и Сајкобили. Овие поджанрови не доживеале огромна светска слава, иако поджанрот Сајкобили достигнал одредена популарност. Зомбите се појавуваа во песните и во знак на протест симболизирајќи ја безумената приврзаност кон власта, особено во спроведувањето на законите и на вооружените сили. Примери на такви песни се: песната „Зомби“ на Фела Кути од 1976 година, истоимената песна на групата „Кранберис“ од 1994 година, песната „Зомби за љубов“ (Zombie for Love) на американската рок-група Грин он Ред (Green on Red) од 1988 година,[12] песната „Танцував со зомби“ (англиски: I Danced With A Zombie) на американскиот џез-рок музичар Џејмс Вајт (James White) од 1983 година,[13] и песните „Ноќ на живите мртовци“ (англиски: Night Of The Living Dead) и „Асто зомби“ (англиски: Astro Zombies) на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits) од 1982 година.[14]
Уметност
[уреди | уреди извор]Уметникот Џулијан Мекдоналдс има направено неколку слики во видео арт на кои се прикажани зомби.Сликите на Тема Хорор-шминказа првпат беа изложени на 8 септември 2006 година во галеријата Виламсбург во Бруклин.
Прехранбени производи
[уреди | уреди извор]Многу компании од целиот свет силно се фокусираат на создавање на производи насочени кон културата на зомбите. Тука спаѓаат: тајландскиот уметник Китивати Унаро кој прави печива кои личат на делови од човечкото тело; калифорниската компанија „Харкос Лабс“ која продава мостри со запечатена крв и чадено месо од зомб; како и низа помали компании со иновативни производи, како: Зомби минт бомбони (кои имаат вкус на гнили мозоци), енергетскиот пијалак „Врисокот на Зомбите“ и гуми за џвакање во облик на човековиот мозок.
Зомби-акаполипса
[уреди | уреди извор]Зомби-акаполипсата претставува конкретно сценарио за акаполиптична фикција во која вообичаено има научно фантастичен /хорор-мотив. Во зомби-акаполипста ширењето на непријателски настроените кон човековиот живот зомби се здружуваат и извршуваат напад врз цивилизацијата. Луѓето кои се нападнат од зомби се здобиваат со особините на зомбите т.е. се претвораат во зомби .Ова доведува до драстично зголемување на кризата на ширење на зомби-чумата/вирусот најчесто во воените и полициските организации која доведува до паника кај граѓанското општество, само само изолираните можат да преживеат, чистејќи ги улиците за храна и намирници во свет сведен на прединдустриската непријателска пустина.
Книжевниот поттекст на зомби-акаполипсата е тоа што цивилизацијата е навистина кревка за да се најде лице в лице со вистинските преседантски закани и тоа што повеќето луѓе неможат да го поддржат она што е добро за сите ако личната цена е превисока . Описот на овој тип на акаполипса силно го менува општествениот пејзаж на Соединетите Американски Држави во 1960 година кога основоположникот на овој жанр филмот Ноќта на живите мртовци за првпат е созадаен. Многумина сметаат дека зомбите им овозможуваат да се справат со своите немири позрвазни со гласините за крајот на светот. Еден наушник смета дека повеќе од кое било чудовиште , зомбите се целосно и буквално акаполтични –тие се сигнал за крајот на светот. Поради големиот број на филмови и видео игри , идејата за зомби-акаполипсата ја достигнува својата врвна точка. Нејзините обожаватели вложуваат огромни напори за созадавање на идните хипотетички зомби-акаполипси . Напорите вклучуваат создавање оружје и продавање на постери со цел да се информираат луѓето како да преживеат зомби-појава .
Филозофски зомби
[уреди | уреди извор]Поимот филозофски зомби се користи во Филозофијата на умот , област која ја истражува поврзаноста помеѓу свесната мисла и физичкиот свет. Филозофското зомби е хипотетичко лице кое нема целосна свест но поседува човечки физички особини или однесување на нормален човек ; тој се користи како нулта хипотеза во филозофските дебати поврзани со проблемот, тело-ум. Филозофскиот контекст на поимот претставува кованица воведена од старана на филозофот Дејвид Чалмерс во средината на 1990 година.
Општествен активизам
[уреди | уреди извор]Некои од обожавателите на зомбите ја продолжуваат традицијата на Џорџ А.Ромеро за користење на зомбите како социјален коментар. Општествените зомби-прошетки редовно се одржуваат во некои земји. Понекогаш тие се едноставно дел од надреалистичката уметност, но понекогаш тие се користат како политички протест против властите.
Зомби-филмови
[уреди | уреди извор]Филм | Година | Режисер |
---|---|---|
The Plague of the Zombies | 1967 | Џоан Џилинг |
Night of the Living Dead | 1968 | Џорџ Ромеро |
Children Shouldn't Play with Dead Things | 1972 | Боб Кларк |
Dawn of the Dead | 1978 | Џорџ Ромеро |
Zombie | 1979 | Луцио Фулци |
Hell of the Living Dead | 1980 | Бруно Матеи |
City of the Living Dead | 1980 | Сергио Салвати |
Burial Ground | 1981 | Андреа Бианчи |
Cementerio del terror | 1985 | Rubén Galindo Jr. |
Day of the Dead | 1985 | Џорџ Ромеро |
The Return of the Living Dead | 1985 | Dan O'Bannon |
The Video Dead | 1987 | Роберт Фалкон Скот |
Zombie Nightmare | 1987 | Jack Bravman |
Return of the Living Dead Part II | 1988 | Ken Wiederhorn |
Flesheater | 1988 | Бил Хинзман |
Zombie 3 | 1988 | Луцио Фулци,Клаудио Фрагасо,Бруно Матеи |
Night of the Living Dead | 1990 | Том Савини |
Braindead | 1992 | Питер Џексон |
Return of the Living Dead 3 | 1993 | Брајан Јужна |
The Dead Hate the Living! | 2000 | Дејв Паркер |
Children of the Living Dead | 2001 | Тор Рамзи |
Притаено зло | 2002 | Paul W. S. Anderson |
Undead | 2003 | Michael Spierig, Peter Spierig |
House of the Dead | 2003 | Уве Бол |
Shaun of the Dead | 2004 | Edgar Wright |
Resident Evil: Apocalypse | 2004 | Alexander Witt |
Dawn of the Dead | 2004 | Зек Снајдер |
Death Valley: The Revenge of Bloody Bill | 2004 | Byron Werner |
Dead & Breakfast | 2004 | Matthew Leutwyler |
Земја на мртвите | 2005 | Џорџ Ромеро |
Return of the Living Dead: Necropolis | 2005 | Ellory Elkayem |
Return of the Living Dead: Rave to the Grave | 2005 | Ellory Elkayem |
House of the Dead 2 | 2005 | Мајкл Хурст |
Day of the Dead 2: Contagium | 2005 | Ana Clavell |
Severed | 2005 | Carl Bessai |
Dead Men Walking | 2005 | Питер Мервис |
Fido | 2006 | Andrew Currie |
The Quick and the Undead | 2006 | Џералд Нот |
Night of the Living Dead 3D | 2006 | Џеф Бродстрит |
Dead and Deader | 2006 | Patrick Dinhut |
The Zombie Diaries | 2006 | Мајкл Бартлет |
Resident Evil: Extinction | 2007 | Russell Mulcahy |
28 недели подоцна | 2007 | Juan Carlos Fresnadillo |
Undead or Alive | 2007 | Glasgow Phillips |
Flight of the Living Dead: Outbreak on a Plane | 2007 | Скот Томас |
Diary of the Dead | 2007 | Џорџ Ромеро |
Planet Terror | 2007 | Роберт Родригес |
The Mad | 2007 | Џон Калангис |
Island of the Living Dead | 2007 | Бруно Матеи |
Zombie Town | 2007 | Damon Lemay |
Zombie Strippers! | 2008 | Џеј Ли |
Day of the Dead | 2008 | Стив Минер |
Zombies! Zombies! Zombies! | 2008 | Џејсон Марфи |
Dance of the Dead | 2008 | Грег Бишоп |
Resident Evil: Degeneration | 2008 | Макото Камија |
Зомбиленд | 2009 | Ruben Fleischer |
Dead Snow | 2009 | Томи Виркола |
Survival of the Dead | 2009 | Џорџ Ромеро |
Zone of the Dead | 2009 | Милан Конјевиќ,Милан Тодоровиќ |
Doghouse | 2009 | Џејк Вест |
The Horde | 2009 | Yannick Dahan, Benjamin Rocher |
Resident Evil: Afterlife | 2010 | Paul W. S. Anderson |
The Dead | 2010 | Howard J. Ford, Jonathan Ford |
The Dead and the Damned | 2010 | Рене Перес |
Zombie Apocalypse | 2011 | Nick Lyon |
Juan of the Dead | 2011 | Alejandro Brugués |
Zombie Apocalypse: Redemption | 2011 | Рајан Томпсон |
Rise of the Zombies | 2012 | Nick Lyon |
Cockneys vs Zombies | 2012 | Matthias Hoene |
Resident Evil: Retribution | 2012 | Paul W. S. Anderson |
Zombibi | 2012 | Martijn Smits, Erwin van den Eshof |
Dead Before Dawn | 2012 | Април Мулен |
Night of the Living Dead: Resurrection | 2012 | Џејмс Плумб |
Detention of the Dead | 2012 | Alex Craig Mann |
Resident Evil: Damnation | 2012 | Макото Камија |
Abraham Lincoln vs. Zombies | 2012 | Richard Schenkman |
Dead Season | 2012 | Adam Deyoe |
Zombies Vs. Strippers | 2012 | Alex Nicolaou |
Osombie | 2012 | John Lyde |
Светска војна 3 | 2013 | Марк Форстер |
Warm Bodies | 2013 | Џонатан Левин |
Zombie Massacre | 2013 | Luca Boni, Marco Ristori |
Zombie Night | 2013 | John Gulager |
Stalled | 2013 | Кристијан Џејмс |
Go Goa Gone | 2013 | Raj Nidimoru, Krishna D.K. |
Zombie Hunter | 2013 | K. King |
Code Red | 2013 | Валери Милев |
The Dead 2: India | 2013 | Jonathan Ford, Howard J. Ford |
The Zombie King | 2013 | Aidan Belizaire |
Wyrmwood: Road of the Dead | 2014 | Kiah Roache-Turner |
Dead Snow 2: Red vs. Dead | 2014 | Томи Виркола |
Goal of the Dead | 2014 | Thierry Poiraud, Benjamin Rocher |
Apocalypse L.A. | 2014 | Turner Clay |
Scouts Guide to the Zombie Apocalypse | 2015 | Кристофер Ландон |
Dead Rising: Watchtower | 2015 | Зек Липовски |
Freaks of Nature | 2015 | Robbie Pickering |
The Rezort | 2015 | Стив Баркер |
Zombie Massacre 2: Reich of the Dead | 2015 | Marco Ristori, Luca Boni |
I Am a Hero | 2015 | Shinsuke Sato |
Navy Seals Vs. Zombies | 2015 | Stanton Barrett |
Pride and Prejudice and Zombies | 2016 | Burr Steers |
Resident Evil: The Final Chapter | 2016 | Paul W. S. Anderson |
Dead Rising: Endgame | 2016 | Пат Вилијамс |
Train to Busan | 2016 | Yeon Sang-ho |
Zombies | 2016 | Hamid Torabpour |
Ibiza Undead | 2016 | Енди Едвардс |
Day of the Dead: Bloodline | 2017 | Hèctor Hernández Vicens |
Anna and the Apocalypse | 2017 | John McPhail |
Dead Trigger | 2017 | Mike Cuff, Scott Windhauser |
Resident Evil: Vendetta | 2017 | Takanori Tsujimoto |
The End? | 2017 | Daniele Misischia |
Attack of the Southern Fried Zombies | 2017 | Марк Њутон |
Redcon-1 | 2018 | Chee Keong Cheung |
Zombieland: Double Tap | 2019 | Ruben Fleischer |
Little Monsters | 2019 | Abe Forsythe |
The Dead Don't Die | 2019 | Jim Jarmusch |
Zombie Tidal Wave | 2019 | Anthony C. Ferrante |
Blood Quantum | 2019 | Jeff Barnaby |
Strain 100 | 2020 | Хасан Хусеин |
Peninsula | 2020 | Yeon Sang-ho |
Army of the Dead | 2021 | Зек Снајдер |
Wyrmwood: Apocalypse | 2021 | Kiah Roache-Turner |
Почеток на притаено зло: Ракун Сити | 2021 | Johannes Roberts |
Night of the Animated Dead | 2021 | Jason Axinn |
Day Zero | 2022 | Joey De Guzman |
Zombie Town | 2023 | Peter Lepeniotis |
Zom 100: Bucket List of the Dead | 2023 | Yusuke Ishida |
Resident Evil: Death Island | 2023 | Eiichirô Hasumi |
We Are Zombies | 2023 | Eiichirô Hasumi |
Festival of the Living Dead | 2024 | Jen Soska, Sylvia Soska |
Apocalypse Z: El principio del fin | 2024 | Carles Torrens |
Twilight Of The Dead | TBA | |
Queens of the Dead | 2025 | Тина Ромеро |
Zombie Plane | TBA | |
The Last Train to New York | TBA | Timo Tjahjanto |
Zombikini | 2025 | Jason Wright |
Deadlocked: Dad of the Dead | 2025 | Casey Jackson |
Crawlers | 2025 | Gisyerg Bermudez |
28 Years Later | 2025 | Danny Boyle |
Зомби-серии
[уреди | уреди извор]Серија | Година |
---|---|
Dead Set | 2008 |
The Walking Dead | 2010-2022 |
Z Nation | 2014-2018 |
Fear the Walking Dead | 2015-2023 |
Black Summer | 2019-2021 |
The Walking Dead: World Beyond | 2020-2021 |
Day of the Dead | 2021 |
Tales of the Walking Dead | 2022 |
The Walking Dead: Dead City | 2023 |
The Walking Dead: Daryl Dixon | 2023 |
The Walking Dead: The Ones Who Live | 2024 |
More Tales from the TWDU | TBA |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Разговорно може и: зомбиња.
- ↑ „Zombie“. Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 1998.
- ↑ Smith, Neil (March 7, 2008). „Zombie maestro lays down the lore“. London: BBC News. Посетено на 2009-10-01.
- ↑ *McAlister, Elizabeth. 1995.“A Sorcerer's Bottle: The Visual Art of Magic in Haiti.” In Donald J. Cosentino, ed., Sacred Arts of Haitian Vodou. UCLA Fowler Museum of Cultural History, 1995: 304–321.”
- ↑ Hurston, Zora Neale. Dust Tracks on a Road. 2nd Ed. (1942: Urbana: University of Illinois Press, 1984, p. 205).
- ↑ Hines, Terence; "Zombies and Tetrodotoxin"; Skeptical Inquirer; May/June 2008; Volume 32, Issue 3; Pages 60–62.
- ↑ Oswald, Hans Peter (2009 (84 pages)). Vodoo. BoD – Books on Demand. стр. 39. ISBN 3837059049. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Marinovich, Greg; Silva Joao (2000). The Bang-Bang Club Snapshots from a Hidden War. William Heinemann. стр. 84. ISBN 0434007331.
- ↑ Marinovich, Greg; Silva Joao (2000). The Bang-Bang Club Snapshots from a Hidden War. William Heinemann. стр. 98. ISBN 0434007331.
- ↑ IMdb Carnival of Souls (1962) (пристапено на 10 јули 2018)
- ↑ "Mumble-Jumble" Архивирано на 15 август 2013 г., Тајм, 9 September 1940.
- ↑ DISCOGS, Green On Red – Here Comes The Snakes (пристапено на 8 октомври 2018)
- ↑ DISCOGS, James White (2) – James White's Flaming Demonics (пристапено на 7.9.2021)
- ↑ Misfits – Walk Among Us (пристапено на 2.4.2023)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Discussion of zombies in film at NPR's On The Media Архивирано на 22 мај 2011 г.
- Centers of Disease Control and Prevention discuss Preparedness 101: Zombie Apocalypse Архивирано на 31 август 2012 г.
|