Прејди на содржината

Атопичен дерматит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атопичен дерматит
Атопичен дерматит.
СпецијалностДерматологија Уреди на Википодатоците

Атопичен дерматит или Екзема е алергиско воспаление на кожата, кое често се нарекува и детско воспаление на кожата, при кое се јавува сув, црвен осип при што кожата се лупи и кој обично многу чеша. Понекогаш од осипот може да излегува течност или да се создаваат красти. Обично се јавува кај мали деца откако ќе наполнат 2-4 месеци. Воспалението кај повеќето деца се подобрува како што детето расте. Иако причината за оваа состојба не е позната, таа обично се среќава заедно со алергиските состојби на астма и на сенска треска. Постои поголема веројатност да се јави ваква состојба ако и други членови на семејството страдале од атопичен дерматит астма или сенска треска.

Каде по телото се јавува

[уреди | уреди извор]

Атопичниот дерматит често се појавува прво на образите, кои стануваат воспалени и суви. Кожата може да биде зацрвенета. Потоа може да се појави и на челото и на кожата под косата. Како што детето расте, обично се јавува и на телото, како и на рацете, во превојот на лактите и на нозете, во превојот на колената. Исто така може да се јави и околу зглобовите на рацете и нозете. Кај постарите деца поретко се јавува на лицето, но осипот може да се јави зад ушите и околу очите.

Што го предизвикува

[уреди | уреди извор]

Во повеќето случаи не е утврдено постоење на видлива алергија на некаква материја кое би го предизвикувало дерматитот. Поголем број фактори може да ја влошат состојбата, меѓу кои спаѓаат:

Работи што треба да се избегнуваат

[уреди | уреди извор]
  • Триење и чешање, зашто со тоа осипот станува уште полош и уште повеќе чеша
  • Сапуни, прашоци за перење и парфимирани производи, зашто тие ја исушуваат кожата
  • Претерано миење со вода, зашто и тоа исто така ја исушува кожата
  • Долго останување во жешка вода за капење или под жежок туш, зашто тоа уште повеќе ќе ја надразни и исуши кожата
  • Претерано високи или претерано ниски температури
  • Пердувести јоргани, зашто тие ја загреваат личноста и предизвикуваат јадеж на воспалените делови од кожата
  • Директен допир со волнени ќебиња, ќилими или алишта

Работи што треба да се направат

[уреди | уреди извор]
  • Редовно да се нанесува средство за влажнење на кожата, како на пр., крем на основа на вода, особено по капењето
  • По капењето кожата да се исуши со нежно тапкање, а не со триење
  • Да се држи спалната соба свежа во текот на летото
  • Да се носат лабави памучни алишта (или мешавина од памук и синтетика)

Општо земено, кремовите или мастите што содржат малку кортизон се користат кога воспалението е активно, а кога ќе се смири, се прекинува нивното користење. Се продолжува со употребата на средства за навлажнување на кожата, дури и кога состојбата ќе се смири. Ако дематитот се инфицира, можеби ќе биде неопходно да се користат антибиотици. Антихистаминските сирупи може да бидат корисни против јадежот, особено ако тој се случува ноќе и не може да се спие.

Се`уште не е јасно каква улога има исхраната во лекувањето на дерматит и што треба да се избегнува.

  • Дерматолошки департмент, Св. Винцент болница, Памфлет - Алергиско воспаление на кожата (дерматитис), Мелбурн, Австралија, 2002.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори