Академија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Академија, академски свет, или висока школа се заеднички термини за заедницата на студенти и научници кои се зафатиле со високо образование и истражување.
Зборот доаѓа од akademeia, во непосредна близина на древна Атина, каде што гимназијата беше основана од страна на познатиот Платон како центар за учење. Светото место, посветено на божицата на мудроста, Атена, порано било плантажа на маслинки, па оттука и доаѓа изразот „плантажите на академскиот свет“."[1]
Со проширување Академијата добила значење на културна акумулација на знаење, негово развивање и пренесување низ генерациите и неговите практиканти и пренесувачи. Во 17 век, британските и француските религиски научници го приближија терминот до широките маси со цел да опишат одредени типови на институции на повисоко образование. Британците го прифатија обликот academy, додека пак Французите ги земаа облиците acadème и académie.
Еден академик е лице кое работи како истражувач (и обично како наставник) на универзитет, висока школа, или слична институција за пост – секундарно (високо) образование. Тој или таа речиси секогаш поседува диплома од повисок степен. Во САД , терминот академик е речиси синонимен со оној кој го означува занимањето професор иако во последниве децении сè поголем број на институции исто така вклучуваат академски или професионални библиотекари во категоријата на „академски персонал“. Во Обединетото Кралство се користат повеќе титули, типично станува збор за колега, предавач, читател и професор(Поврзано академски ранг) иако широкиот термин господин често народно се заменува. Терминот научник понекогаш се користи како еквивалент на значењето на „академик“ и ги опишува општо земено тие што ќе се стекнат со мастер во истражуваната дисциплина. Има поширока примена, па се користи и да ги опише оние на кои занимањето пред организираното повисоко образование им било истражувањето.
Академските раководители како што се ректорите главно не се вклучуваат во оваа употреба на терминот академик, иако многу од нив поседуваат дипломи од повисок степен и се занимаваат со научна работа.
Некои социолози ја поделија академијата, но без стриктни граници, на четири основи историски типови: древна академија, рана академија, академски општества и современите универзитети. Постојат најмалку два модели на академија: Европски модел кој се развил уште во древните времиња, како и Американски модел кој бил развиен од страна на Бенџамин Френклин во средината на 18 век и Томас Џеферсон во раниот 19 век. Во САД, академиците имаат тендеција да се придвижуваат во политичка смисла кон левицата при што 72 проценти од членовите на факултетите се идентификуваат како либерали (87 проценти во елитните институции).[2]
Структура
[уреди | уреди извор]Академјата обично е замислена како поделена на дисциплини или полиња на изучување. Тие пак ги влечат своите корени од предметите во древните тривиум и квадриум, кои го обезбедија моделот за научната мисла на првите универзитети во средновековна Европа.
Дисциплините беа значително подобрени, а од средновековниот период се развија многу нови дисциплини: а особено по [[Просветителството, многу дисциплини станаа поспецијализирани, и почнаа да проучуваат сè помали и помали области. Поради сето тоа, интердисциплинарното проучување често високо се цени во денешната академија, иако пак, може да биде отежнато од страна на практични нешта на управување и финансирање. Всушност, многу нови полиња на истражување беа отпочнати како меѓудисциплинарни, а подоцна се специјализираа за своја сопствена област – неодамнешен пример е когнитивната наука.
Повеќето академски институции ја одразуваат поделбата на дисциплините во нивната адмнистративна структура, па во внатрешноста се поделни на катедри или програми во разновидни полиња на изучување. Секоја катедра типично се управува и финансира одвоено од страна на академската институција, иако може да дојде до прекривање па членовите на еден факултет, истражувачкиот и административниот кадар во некои случаи може да го споделуваат повеќе катедри. Дополнително, академските институции генерално имаат севкупна админстративна структура (во која обично влегува ректорот и неколку декани) која не е контролирана од страна на една единствена катедра, дисциплина, поле или школа. Освен тоа, систем на нерезиборно наставнички звање, главна компонента на академското вработување и истражување, служи за да се осигура дека академијата е релативно заштитена од политички и финансиски притисоци врз школата.
Квалификации
[уреди | уреди извор]Дипломата која се добива по завршени студии во примарно високо образование. Типично станува збор за, хронолошки гледано, диплома на соработник, студентска диплома (која се дава по завршување на додипломските студии), магистратура и докторат (која се доделува по дипломирање или по постдипломски студии). Наведените дипломи се единствените во моментов кои се стандардизираат во Европа како дел од Болоњскиот процес, бидејќи во различни земји од Европа се даваат многу различни дипломи и стандарди за време кое е дадено за постигнување на истите во моментов се. Во повеќето области најголемиот дел од академските истражувачи и наставници имаат докторати и други крајни дипломи, иако во некои професионални и креативни области вообичаено е научниците и наставниците да имаат само магистратура.
Академски собири
[уреди | уреди извор]Како активност која е блиску поврзана со академското издаваштво се наведува обичајот да се повика одреден број на интелектуалци во дадено поле за тие да зборуваат околу нивното истражување во рамките на еден академски собир, при што често е дозволено и присуство на поширока публика.
Спротивставени цели
[уреди | уреди извор]Во рамките една висока школа или академија, различните составни групи имаат различни, а понекогаш и спротивставени цели. Во современата академија неколку од овие конфликти се мошне распространети и вообичаени. Еден истакнат пример на судир е оној меѓу целта да се подобри квалитетот на предавањата и целта да се намалат трошоците. Спротивставените цели во однос на професионалните образовни програми наспроти застапниците на општото образовование во моментов завршуваат во преговори околу стандардите за акредитација.
Пракса и теорија
[уреди | уреди извор]{{|date =Фефрруари, 2009}} Постои расправа околу неутралноста на овој дел. Ве молиме да ја погледнете дискусијата на страната за разговор. Ве молиме да не ја отстранувате оваа порака сè додека дискусијата не се разреши. (февруари 2009)
Академијата понекогаш е пејоративно споредена со “практиката“, како што е секојдневниот живот, вработувањето и бизнисот. Критичарите на академијата велат дека академскаат теорија е изолирана од ’реалниот свет’, па следствено не мора да ги зема предвид вистинските ефекти, резултати и ризици од самото изведување на акциите кои ги изучуваат академските граѓани или студенти. Академската изолираност понекогаш се нарекува и царство на мечтите. Ова често доведува до вистинска или забележлива напнатост меѓу академските граѓани и практичарите во многу полиња на знаењето, особено кога еден академски граѓанин го критикува дејствувањето на некој практичар. Во зависност од степенот на критика, критиката на практичарот може исто така што се забележи како анти - интелектуализам. Рамнотежата од гледната точка на практичарот е дека иако академијата или високаат школа е изолирана од практиката во реалниот свет, тоа не значи и дека академското изучување е безвредно. Всушност, често се јавуваат ситуации во кои многу академски развивања релативно подоцна покажале значајни практични резултати. Меѓутоа, со оглед на тоа дека меѓу практичарите постои чувството на академска изолираност, тоа може да ја зголеми вредноста на и влијанието врз академските изучувања и /или мислења доколку ја имаат предвид истата таа изолираност кога дискутираат или нудат критика на некој практичар или практиката во глобала.
Со цел да се избегне поделба на врската меѓу практиката и теоријата, постои растечко тело на академски граѓани за практично истражување во дисциплините кои користат практика како дел од нивната истражувачка методологија. На пример, мрежно истражување врз основа на практика во рамките на клиничкото [[медицинско истражување. Во рамките на катедрите за уметност и општествените катедри, особено во Обединетото Кралство, дебата продолжува околу тоа како да се дефинира овој ново појавен феномен на истражување, па постојат разновидни оспорени модели на практично истражување (практика како истражување, истражување врз основа на практика и практика низ истражување), види на пример практично истражување во областа на екранизирани медиуми.
Град и тога (неакадемци и академци)
[уреди | уреди извор]Универзитетите често културолошки се разликуваат во однос на местата во кои се наоѓаат. Во некои случаи ова доведува до непријатност или отворен конфликт помеѓу месните жители и членовите на универзитетот поради политички, економски и други прашања. Одредени места во североисточниот дел на САД, на пример, се обидоа да ги спречат студентите да се регистрираат за да гласаат како месни жители - туку наместо тоа ги охрабруваа да гласаат по пошта во нивното првобитно место на живеење - сп цел да ја задржат контролата врз локалната политика. [се бара извор] Другите прашања се однесуваа на длабоки културни и класни поделби меѓу месните жители и универзитетските студенти. Филмот Отцепување (Breaking Away) го адаптира таквиот конфликт.
Размена и стипендија
[уреди | уреди извор]Целта на истражување за да се заработи и целта на истражување за доброто на знаењето често се судираат во одреден степен.[се бара извор]
Историја
[уреди | уреди извор]Древни времиња
[уреди | уреди извор]Зборот доаѓа од Академија , светилиште надвор од ѕидините на древна Атина. Му било посветено на легендарниот херој Академос (Akademos) и содржело неколку плантажи со маслинки, [[гимназија и едно подрачје кое било соодветно за блиски собири. Во овие градини, главно посадени и подобрени со статус од страна на претходниот сопственик Кимон (Cimon), филозофот Платон (Plato) разговарал со своите следбеници кои верувале дека Платон ѓе ги подучи. Овие неформални средби станале познати под името Академија. Платон подоцна понатаму ги разви своите средби во метод на предавање филозофија и во 387 година пред новата ера, го основал она што денес е познато како Старата Академија (Old Academy).
Платоновите колеги и ученици развиле неочекувана предност од неговиот метод. Аркесилај (Arcesilaus), грчки ученик на Платон ја основал Средната Академија (Middle Academy). Карнеад (Carneades), еден друг ученик, ја основал Новата Академија (New Academy). Во 335 година пред новата ера, Аристотел (Aristotle) го подобрил методот со свои сопствени теории и го основал Лицејот или Лицеумот (Lyceum) во една друга гимназија.
Кина
[уреди | уреди извор]Во Кина постоело повисоко образование наречено Шанг Сјанг основано од страна на Шун (Shun) во Јују (Youyu) ерата пред 21 век пред новата ера. Империската Централна Академија во Нанѓинг (Nanjing), основана во 258 година, била резултат на развивањето на Шанг Сјанг и станала првата опсежна институција која ги комбинирала образованието со истражувањето и била поделена на пет факултети во 470 година, што подоцна го дало Универзитетот Нанѓинг (Nanjing University). Во 8 век се јавил поинаков вид на иституции наменета за изучување, наречена Шујуан (Shuyuan), кои биле главно во приватно сопствеништво. Забележано е дека во тоа време постоеле илјадници вакви институции. Дипломите кои биле доделувани од страна на тие институции се разликувале од една до друга па оние со напреднат Шујуан како што се Белудонг Шујуан (Bailudong Shuyuan) и Јуелу Шујуан (Yuelu Shuyuan) може да се класификуваат како повисоки институции на изучување.
Индија
[уреди | уреди извор]Првите универзитети кои биле основа во древна Индија се Таксила (Taxila) (Такашашила Универзитетот (Takshashila University)) и Наланда (Наланда универзитетот (Nalanda University)) во 7 век пред новата ера и во 5 век пред новата ера содветно, по кои следел Византиумот (Byzantium) во 5 век (во Цариград и Атина).
Исламски свет
[уреди | уреди извор]Првите универзитети во Исламскиот свет беа основани во Фес (Универзитетот на Ал Карауин) во 9 век и [[Каиро (Ал – Азар Универзитетот) во 10 век.
Западна Европа
[уреди | уреди извор]Во западна Европа, универзитетите биле основани во 12 и 13 век. Како и кај другите професии, предавањето на универзитетите било вршено само од страна на луѓе кои биле соодветно квалификувани.
Средновековен универзитет
[уреди | уреди извор]На истиот начин на кој столарот се здобива со статус мајстор столар кога потполно ќе се квалификува од страна на неговиот еснаф, така и наставникот станува професор или мајстор кога ќе му биде дадена законска дозвола за вршење на неговата професија, од неговиот наставнички еснаф.
Академијата како современа институција почнала да го добива својот облик во средниот век (350 – 1450 година од новата ера). Во тоа време, Римското Царство се распаднало па нови режими почнале да се создаваат низ цела Западна Европа. Европа само што излезе од средниот век, еден период на масовна неписменост и губиток на информации. Единствените складишта на знаење беа Римокатолички манастири каде пустиниците, монасите и свештениците го собирале сето светско знаење во разработени рачно пишувани книги. Најраните предвесници на колеџите и универзитетите почнале во тој момент да се развиваат во овие манастири со цел да се прераспредели знаењето кое тие го сочувале низ средниот век.
Луѓето требало да одат во манастир за да научат за Стара Грција и Рим и богатството на информации кои биле создадени во тие општества. Да се биде образован во манастир значеше академија која беше строго одредена за мажи кои мислеа да станат монаси и свештеници. Кон крајот на 11 век, некои водачи на Римокатолички цркви започнаа револуционерна кампања за да го развијат своето знаење кое го имаа надвор од нивните плантажи на академ и во поголемото општетство на рана Европа. Тие веруваа дека Платон, Аристотел, Евклид, Хомер, Софокле и останатите им припаѓаат на луѓето а не само на црковните лица. Монасите и свештениците се иселија од манастирите и заминаа во градските [[катедрали каде ги отворија првите школи кои се посветија на напреднато изучување.
Најистакнатите од овие школи се наоѓаа во Болоња, Париз, Оксфорд и Кембриџ, иако и други беа отворени низ цела Европа. Учењето во овие школи, сега наречени универзитети, значеше посетување на метод на образование наречен предавање. Во текот на предавањето]], учителот читал на глас од ракописи кои биле испишани од страна на монаси и свештеници додека студентите седат на нивните столчиња и читале напоредно од нивните сопствени рачно пишувани копии од масивните количини на текстови. Само професорот можел да одреди дали еден студент достигнал соодветно ниво на знаење за да дипломира и да организира предавања сам за себе. Кон крајот на 13 век, во Европа постоеле преку 80 универзитети.
Рани методи
[уреди | уреди извор]Седум слободни уметности
[уреди | уреди извор]Седумте слободни уметности или Artes Liberales станале кодифицирани во доцниот стар век преку прирачниците на Варо (Varro) и Мартианус Капела (Martianus Capella), кои ја понудиле стандардизираната структура преку која мажите (и тоа биле мажи, бидејќи жените биле исклучени) можеле да го согледаат светот на учењето. Слободните уметности се состоеле од Тривиумот, основните „три правци“ на Граматика, Реторика и Логика, а потоа и Квадриумот, „четирите правци“ на Аритметика, Геометрија, Музика и Астрономија. Филозофијата и теологијата биле сеопфатни изучувања кои ги подразбирале Слободните уметности, но филозофијата во раниот среден век беше во голем дел прашање на дијалектика. Дидактичката алегорија на 5 – вековното паганско дело на Мартианус Капела De nuptiis philologiæ et Mercurii („Венчавката на филологијата и Меркур“) беше од огромно значење во решавањето на несменетите формули на Академијата за Латинскиот Запад, од Христијанизираното Римско Царство во 5 – от век сè до ново достапните арапски текстови и делата на Аристотел кои станаа достапни за Западна Европа во 12 век.
Идејната шема која била воспоставена од страна на Мартијан Капела, според христијанските текстови и толкувања, остана во голема мера насила во Академијата на Западот, дури и по новиот схоластицизам на Школата на Шартр и енциклопедиската дејност на Томас Аквинас (Thomas Aquinas), сè додека хуманизмот на 15 и 16 век не ги започнал новите изучувања на уметностите и науките.
Енциклопедисти
[уреди | уреди извор]Тројца средновековни писатели се обидоа да ја опфатат целата Академија, целиот свет на знаењето: Исидор од Севиља (Isidore of Seville), Бернард од Клерво (Bernard of Clairvaux) и Томас Аквинас (Thomas Aquinas).
Абелард
[уреди | уреди извор]Во 12 век, францускиот филозоф Питер Абелард (Peter Abelard) повел своја сопствена револуција во светот на академијата со објавувањето на неговата книга, Да и Не,во 1123 година. Тој сторил далеку повеќе од читање текст на глас во текот на предавањата, па наместо тоа тој седел со своите студенти во клупите пред два одделени текста кои си противречеле еден на друг. Наместо да им каже веднаш кој метод е точен а кој не, тој барал од неговите студенти да поставуваат прашања и сами да дојдат до нивни сопствени заклучоци. Наскоро, речиси сите универзитети експериментирале со употреба на Абелардовиот модел.
Схоластика
[уреди | уреди извор]Во раниот 13 век, св. Томас Аквинас (Thomas Aquinas) уште еднаш радикално ја променил академијата со неговото популаризирање на схоластиката. Схоластиката го користела методот на Абелард за образование но отишла и подалеку. Учителите им понудиле на своите студенти долги, сложени решенија во испитувањето на два спротивставени текста и им побарале да ја имаат предвид верската доверба во нивното расудување. Решенијата биле засновани на ново повторно откриените филозофии на Аристотел кои се обидувале да ги стават во рамнотежа разумот и верата во Господ.
Изникнување на академските општества
[уреди | уреди извор]Академските општества или научните општества започнале како групи на академици кои работеле заедно или пак си ја претставувале работата еден на друг. Овие неофицијални групи подоцна се стекнале со одредена организација, па во многу земји биле и одобрени од државата. Членството било ограничено, обично барало одобрување од страна на актуелните членови и често членството било ограничено со одреден број. Академијата на науките (Royal Society) која била основана во 1660 година била првата академија од овој тип. Американската академија на уметностите и науките била започната во 1780 година од страна на многу од оние истите луѓе кои биле најистакнати во текот на Американската револуција. Академските општества служеле и како форуми за прикажување и објавување на академската работа, улогата која сега ја пружа академското издаваштво, и како начин за спонзорирање на истражувачки проекти и поддршка на научниците, улога која и денес ја пружаат.Членството во академските општества е сè уште прашање на престиж во модерната академија.
Идејата за Универзитет: Џон Хенри Њуман (John Henry Newman)
[уреди | уреди извор]Значаен дел од она што ние го знаеме како „универзитет“ се развило од филозофијата и работата на еден човек, Џон Хенри Њуман (John Henry Newman), кој напишал книга под наслов Идејата за универзитет (The Idea of a University).
XVIII и XIX век
[уреди | уреди извор]Предлошка:Глобализира Академијата почнала да се одвојува од своите христијански корени во 18 – вековната колонијална Америка. Во 1753 година, Бенџамин Френклин ја основа Академијата и Добротворна школа на Провинцијата Пенсилванија. Во 1755 година, таа беше преименувана во Колеџ и Академија и Добротворна школа на Филаделфија. Денес, познато е под името Универзитет на Пенсилванија. За првпат, академијата беше основана како вековна институција. За поголемиот дел, црковно – заснованите догматски точки на гледање повеќе не беа користени од страна на студентите при нивното бирање на предмети кои ќе ги изучуваат. Точките на гледање станаа поразновидни поради тоа што сега студентите сега слободно талкале во мислите без да мораат да додадат верска димензија во нивните заклучоци.
Во 1819 година, Томас Џеферсон го основал Универзитетот на Вирџинија и развил стандарди кои се користат денес при организацијата на колеџите и универзитетите насекаде низ светот. Наставниот план и програма бил позајмен од традиционалните слободни уметности, класичниот хуманизам и вредностите внесени со Протестантската реформа. Џеферсон им понудил на своите студенти и нешто ново: слободата сами да ги изберат нивните сопствени курсеви кои сакаат да ги изучуваат отколку да следат еден фиксиран наставен план кој е за сите студенти. Верските колеџи и универзитети имале и соодветна облека.
Академското движење во САД во раниот 19 век се јави од јавното мислење дека е потребно образованието во класичните дисциплини да се прошири и во новите територии и држави кои се создале на Стариот Северозапад (Old Northwest), во западната Држава Њујорк, Пенсилванија, Охајо, Мичиген, Индијана и Илиноис. Десетина академии беа основани на ова подрачје, со поддршка на приватни донации.
Во текот на Просветителството во Европа која е во 18 век, академијата започна да се менува во Европа. Во почетокот на 19 век Вилхелм вон Хумболт (Wilhelm von Humboldt) не само што го објавил својот филолошки труд На границите на државната власт (On the Limits of State Action), но исто така управувал со образовниот систем во Прусија во текот на еден краток период. Тој вовел еден академски систем кој бил попристапен до пониските класи. Хумболтовиот идеал бил образование засновано на индивидуалност, креативност, целокупност и многустраност. Многу континентално европски универзитети сè уште ги чуваат корените на тие идеи (или во најмала рака им прават услуга). Меѓутоа, тие се во контрадикција со денешната масивна тенденција кон специјализација во академија.
Неодамнешни економски промени
[уреди | уреди извор]Предлошка:Глобализира Во 1980–тите и 1990-тите години во академскиот живот почнаа да се чувствуваат значајни промени во однос на економијата кои едни беа идентификувани како катастрофа во фаза на создавање, а од страна на други како нова ера со потенцијално огромни гобивки за универзитетот. Некои критичари овие промени ги сметаа како нова „корпоратизација на универзитетот“. Акдемските работни места по традиција беа посакувани од страна на многу интелектуалци, поради автономијата и интелектуалната слобода која тие ја овозможуваат (особено поради системот на нереизборното наставничко звање), и покрај ниската плата во споредба со другите професии кои бараат опсежно образование. Па сè до средните 1970 – ти, кога федералните издатоци нагло паднаа, рутински постоел поголем број работни места со нереизборно наставничко звање отколку со докторски звања.
Денес, во спротивно, и покрај зголемувачката стапка на часови и растечките универзитетски приходи (особено во САД) добро – платените професорски места се ретки, во замена со слабо платените места на помошници и додипломци. Лицата со докторати во природните науки, а во помал степен математичари, често наоѓаат работа надвор од универзитетот (или пак искористуваат хонорарна работа во индустријата како додаток на нивните приходи), но докторатот во хуманстичките науки и во многу општетсвени науки го подготвува студентот пред сè за вработување на универзитет. Меѓутоа, во последниве години голем дел од таквите доктори – кои зафаќаат 30 – 60 проценти - не беа во можност да добијат работа според системот за нереизборно наставничко звање. Тие мораат да бираат меѓу места на помошници, кои се слабо платени и кај кои не е загарантирана работата, при што истите предаваат во општински колеџи или во средни училишта, каде што е спроведено испитување но во мала мера или пак на пазарот за не – академски работни места, каде се јавува тенденција за преквалификуваност или пак, како трета можност, да заземат поинаков тек на студиите, на пример кон правните или деловните.
Всушност, со намерата на академските институции да создадат во поголем број лица со докторати отколку со нереизборно наставничко звање, се поставува едно мало прашање дали раководителите се свесни за економските ефекти од оваа ситуација. Социологот Стенли Ароновиц (Stanley Aronowitz) напиша: „Уживајќи во изобилството на квалификувани и акредитирани наставници во виши училишта, многу универзитетски раководители ја гледаат можноста повторно да доведат до тоа нереизборното наставничко звање да стане ретка привилегија, која им се доделува на најлојалните и на оние за чии услуги постои огромна побарувачка“.[3]
Повеќето луѓе кои се добро информирани за пазарот на академски работни места ги советуваат проспективните дипломирани студенти да не посетуваат универзитет за постдипломски студии доколку треба да го платат, дипломираните студенти кои се примени без ослободување од школарина и соодветна стипендија се присилени да влезат во долгови за кои е мала веројатноста да бидат во можност потоа да ги исплатат. Во дополнение, повеќето луѓе им советуваат на студентите да добијат полни и прецисни информации за протоколот на вработување за програмите кои тие ги имаат предвид. Во некои од програмите, повеќето лица со докторати добиваат повеќекратни понуди за вработување во системот за нереизборно наставничко звање, додека пак кај други мал дел воопшто добиваат. Една ваква информација е секако мошне корисна во одлучувањето на тоа што да се прави во наредните 5 – 7 години од животот.
Некои веруваат дека, со повлекувањето на голем број на професори од Бејби бумер генерацијата, пазарот на академски работни места повторно ќе почне да расте. Меѓутоа, други предвидуваат дека ова нема да доведе до осетно растење во бројот на места со нереизборно наставничко звање, поради тоа што универзитетите одвај ќе ги исполнат нивните потреби со слабо – платените места на помошници. Ароновиц овој проблем го му го припиша на економското реструктурирање на академијата во целина:
- Всушност, програмата за реструктурирање на универзитетските комплекси, која со себе повлекува намалување на редовните места време со нереизборно наставничко звање во полза на хонорарните, привремени и случајни работни места, буквално ја „создаде“ оваа ситуација. Идејата за еден пазар на академски работни места заснован на рамнотежата на понудата и побарувачката во една одворена конкурентска арена е заблуда чијшто ефект треба да е убедувањето на кандидатот дека (тој или таа) не бил примен поради лоша среќа или недостаток на талент. Вистината е сосем спротивното.[4]
Ефектите од растечкиот круг на невработени, недоволно ангажирани и непожелно врабптени лица со докторати врз економијата на земјите на Западот во целина не се одредени.
Академско издаваштво
[уреди | уреди извор]Историја на академските весници
[уреди | уреди извор]Меѓу најраните истражувачки весници беа Записниците од состаноците на Академијата на науките (Royal Society) во 17 век. Во тоа време, чинот на издавање на едно академско испитување беше контроверзен, а и широко исмеван. Воопшто не беше новост едно ново откритие да се најави преку анаграм (), при што се задржува приоритет за пронаоѓачот, а истовремено е неодгатлив за секој што не е упатен во тајната: и Исак Њутон (Isaac Newton) и Лајбниц (Leibniz) го користеле овој пристап. Меѓутоа, овој метод не функционирал како треба. Роберт К. Мертон (Robert K. Merton), социолог, открил дека 92 % од случаите на симултани откритија во 17 век завршиле во спор. Бројот на спорови опаднал на 72 проценти во текот на 18 век, 59 проценти кон втората половина на 19 век, па сЕ до 33 проценти во првата половина на 20 век. Падот на оспоруваните барања за првенство во откритијата може да биде припишан на зголеменото прифаќање на објавувањето трудови во современите академски весници.
Академијата на науките беше категорична во своето непопуларно убедување дека единствениот начин за науката да напредува е преку транспарентна и отворена размена на идеи поддржана со експериментални докази. Многу од експериментите беа такви што денес не би се сметале за научни – ниту пак одговорите кои тие ги дале. На пример, кога Војводата од Бакингем станал член на Академијата на науките на 5 – ти јуни 1661 година, тој и поднесе на Академијата тегличка со „рог од еднорог ()“ во прав. Општо прифатен бил „фактот“ дека круг од рог на еднорог ќе дејствува како невидлив кафез за кој било пајак. Роберт Хук (Robert Hooke), главниот експериментатор на Академијата на науките, ја испразнил оваа тегличка во круг и потоа ставил пајак во средината. Пајакот набрзина го напуштил кругот и масата. Своевремено, ова било врвно истражување.
Актуелна состојба и развој
[уреди | уреди извор]Истражувачките весници биле толку успешни што навистина мошне се зголемил бројот на весници и листови во текот на последните неколку децении, а кредото на современиот академик дошло до „објави или пропадни“. Освен во општите весници како Наука или Природа, објавените теми во секој од весниците тежнееле кон тоа да бидат тесногради, па читачката публика и цитирањата се намалиле. Постојат разновидни методи за прегледување на поднесениот материјал. Највообичаениот вклучува првично одобрување од страна на весникот, внимателно разгледување од страна на двајца или тројца истражувачи кои работат во слични или блиски подрачја кои препорачуват одобрение или отфрлање а може да бараат и исправка на грешки, појаснувања или додатоци пред издавањето. Контроверзните наслови може да бараат дополнителни нивоа на разгледување. Весниците развиле цела хиерархија, делумно заснована на репутација но исто така и на строгоста на политиката за разгледување. Поголема е веројатноста попрестижните весници да добијат поважни трудови за објавување. Поднесувачите се трудат својот труд да го достават до најпрестижниот весник кој би го објавил истиот со цел да ја зацврсти репутација и биографијата (curriculum vitae).
Ендрју Одлиско (Andrew Odlyzko), академик со голем број објавени истражувачки трудови, објаснувал дека истражувачките весници ќе се развијат во нешто налик на Интернет форумите во текот на идните децени, преку проширувањето на интерактивноста на моменталните Интернет препринтови. Оваа промена може да ги отвори кон широк спектар на идеи, некои поразвиени од други. Останува да се види дали сето тоа ќе биде позитивен развој. Некои тврдат дека форумите, како пазари, тежнеат кон тоа да успеат или да не успеат врз основа на нивната способност да привлечат таленти. Други пак веруваат дека мошне строгите и блиску набљудуваните форуми во најмала рака имаат можност да успеат.
Академска облека
[уреди | уреди извор]Тогите се врзуваат со академијата уште од раѓањето на универзитетот во 1300 – те и 1400 – те, можно е поради тоа што најраните образовани лица биле свештеници или црковни службеници. Со текот на времето, тогите носени од страна на носители на диплома во одреден степен се стандардизирале, иако традициите во засебни држави па и дури институции воспоставиле разновиден опсег на стилови на тоги, а некои пак потполно го прекинале обичајот, дури и за церемониите на доделување дипломи.
На некои универзитети, како што се Универзитетите во Оксфорд и Кембриџ, од студентите може да се бара да носат тоги во официјални прилики и при дипломирањето. Студентските тоги обично се скратена верзија на тогите на дипломираните студенти. На други универзитети, на пример, надвор од Обединетото Кралство или САД, обичајот е сосема исчезнат. Студентите на Универзитетот на Тринити Колезот на Универзитетот во Торонто носат тоги за официјалните вечери, дебати, во студенстката влада и на многу други места.
Општо земено, во САД и Обединетото Кралство примателите на дипломи се должни да носат едноставна долга наметка која е без украс и студенстка капа со перчин. Дополнително, во некои училишта носителите на диплома се должни да носат церемонијална качулка. Во САД, ретко се забележуваат дипломски качулки. Дипломските качулки обично се помали верзии на оние кои ги носат примателите на мастерски и докторски дипломи.
Примателите на мастерска диплома во САД или Обединетото Кралство носат слични капи и тоги но со повлечени ракави со шлицеви и обично примаат примаат церемонијална качулка која виси надолу по грбот на тогата. Во САД качулката традиционално е оивичена со свилена или кадифена лента која ја покажува бојата на дисциплината, а е ограничена со боите на универзитетот.
Согласно со Американскиот совет за образование „шест – годишните специјалистички дипломи (Образовен специјалист, итн) и други дипломи кои се во средината меѓу мастерската и докторскара диплома може да имаат посебно дизајнирани качулки (1) средна должина меѓу мастерската и докторската качулка, (2) со четири – инчен кадифен раб (исто така со средна должина меѓу ширините на рабовите на мастерските и докторските качулки) и (3) со бои распределени според вообичаениот крој и согласно со вообичаените правила. Перините на капите треба да се униформно црни.“[5]
Примателите на докторска диплома тежнеат кон тоа да имаат најдетална академска облека, па од таму е и најголемата разноликост на ова ниво. Во САД, докторските тоги се слични на тогите кои ги носат мастерските дипломци, со дополнување од кадифени ленти преку ракавие и надолно преку предната страна на тогата која може да во бојата на дисциплината во која се добива дипломата. Носителите на докторски дипломи може да бидат задолжени или приморани да носат светлоцрвена боја (специјална тога во светлоцрвена боја) во важни денови и специјални прилики. Додека некои докторски дипломци носат студентска капа која е традиционална за пониските дипломски нивоа, повеќето носат капа или тјудорова шапка која наликува на тамошантер, од кој виси перчин во боја.
Во модерно време во САД и Обединетото Кралство, тогите обично се носат само во текот на церемонијата за доделување на дипломи, иако некои училишта бараат носење на академската облека во формални прилики (официјални банјети и други слични настани). Во XIX и раниот XX век, беше повообичаено да се носи облека во училници, нешто што сега е речиси исчезнато. Два значајни исклучоци се Оксфорд и Севани, каде што од студентите се бара да носат формална академска облека во салите за испитување.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- A. Leight DeNeef and Craufurd D. Goodwin, eds. The Academic's Handbook. 2nd ed. Durham and London: Duke University Press, 1995.
- Christopher J. Lucas and John W. Murry, Jr. New Faculty A practical Guide for Academic Beginners. New York: Modern Language Association, 1992.
- John A. Goldsmith, John Komlosk and Penny Schine Gold. The Chicago Guide to Your Academic Career. Chicago: University of Chicago Press, 2002.
- William Germano. Getting it Published: A Guide for Scholars (And Anyone Else)Serious about Serious Books. Chicago: University of Chicago Press, 2001.
John Whippy
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "see there the olive grove of Academe, Plato's retirement, where the Attic bird Trills her thick-warbled notes the summer long..." (John Milton, Paradise Regained).
- ↑ „Kurtz, H. (29 март 2005). College Faculties A Most Liberal Lot, Study Finds. Washington Post“. Посетено на 2007-06-23.
- ↑ Aronowitz, Stanley. The Knowledge Factory: Dismantling the Corporate University and Creating True Higher Learning, p. 76. ISBN 0-8070-3123-2.
- ↑ Aronowitz, The Knowledge Factory 75-76.
- ↑ „Six-Year Specialist Degrees“. Посетено на 2006-12-03.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Повеќе за Academia на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Academia.edu - Online community of academic scholars
- Academia Архивирано на 4 август 2007 г. and web 2.0
- An Academic costume code and an Academic ceremony guide
- Bibliography on the history of the university, provided by Palinurus: The Academy and the Corporation, a web site from the University of California, Santa Barbara
- 'Magistri et Scholares' - Academic News and Resources