Мелбурн
Панорама на Мелбурн навечер, Плоштад Федрација, железничка станица Флиндерс, Мелбурн Крикет Штадион | |
Mестоположба | |
---|---|
Општи податоци | |
Име - изворно |
Малбурн Melbourne |
Основан | 30 август 1835 |
Поштенски број | 3000 |
Повикувачки број | +61(0)3 |
Портал | www.melbourne.vic.gov.au |
Управа | |
Земја | Австралија |
Градоначалник | Џон Со |
Географија | |
Површина | 7.694 km² |
Население | |
Население | 3,806,092 |
Густина | 1566 ж./km² |
Етнички групи | различни |
Мелбурн (англиски: Melbourne) е главниот и најголемиот град на австралиската сојузна држава Викторија и воедно вториот по големина град во Австралија, веднаш зад Сиднеј.
Мелбурн има население од околу 3,80 милиони жители а околината брои дополнителни 69 670 граѓани. Мелбурн бил главен град на Австралија од 1901 година до 1927 година. Градот се отликува со својата космополитност и висок животен стандарт. Три поредни години 2002, 2003 и 2004 е определуван за „најдобар град за живење во светот“. Мелбурн е дом на повеќе од 70% од Викторијанците.
Мелбурн е голем индустриски и трговски центар. На многу австралиски компании главните седишта им се наоѓаат таму. Најголемиот аеродром во Австралија се наоѓа во Мелбурн. Во градот постојат седум универзитети. Исто така многу развиена е и автомобилската индустрија со производствени погони на Форд, Тојота и др.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот е основан во 1834 година од страна на Џон Бетмен и Џон Паско Фокнер.
Спорт
[уреди | уреди извор]Во 1956 година, Мелбурн бил домаќин на Олимписките игри. Исто така, градот е познат и по одржувањето на тенискиот турнир, официјално познат како „Отворено првенство на Австралија“ (Australian Open). Најпосле, во Мелбурн редовно се одржува и трка во рамките на првенството во „Формула 1“.
Мелбурн како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Мелбурн“ – ирански филм од 2014 година, во режија на Нима Џавиди.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017
Оваа статија место во Австралија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|