Историја на телекомуникациите
Историјата на телекомуникациите т.е. преносот на сигнали преку поголемо растојание сè со цел за да се создаде комуникација започнала пред илјадници години со употребата на димните сигнали и тапани во Африка, Америка и во некои делови од Азија. Во 1790 година, во Европа се појавил првиот систем на семафори. Но, првите електрични телекомуникациски системи се појавиле во триесеттите години на 19 век.
Антички системи и оптичка телеграфија
[уреди | уреди извор]Раните телекомуникации вклучувале димни сигнали и тапани. Тапаните се користеле од домородците во Африка, Нова Гвинеја и Јужна Америка, и димните сигнали во Северна Америка и Кина. Спротивно на она што некој би можел да мисли, овие системи често се користеле за повеќе отколку само да го објават присуството на воен камп.[1][2]
Во рабинскиот јудаизам сигнал бил даван со помош на шамии или знамиња во интервали долж патот до првосвештеникот за да се извести дека козата „за Азазел“ била турната од карпата.
Во текот на историјата различни култури повремено користеле домашни гулаби. Гулабовата пошта потекнува од Персија, а подоцна била користена од страна на Римјаните за воени цели[3].
Грчките хидраулични семафорни системи биле користени уште во 4 век п.н.е. Хидрауличните семафори, кои работеле со садови исполнети со вода и визуелни сигнали, функционирале како оптички телеграф. Тие можеле да користат само многу ограничен број однапред дефинирани пораки и како со сите такви оптички телеграфи можеле да се распоредат само за време на добра видливост[4].
Комуникација на далечина
[уреди | уреди извор]Визуелни сигнали (не електрични):
• Праисториски: оган, сигнално светло, димни сигнали
• 6 век п.н.е.: пошта
• 5 век п.н.е.: пошта преку гулаб
• 4 век п.н.е.: телеграфи на вода
• 490 година п.н.е.: хелиографи (користење на светлосни сигнали)
• 15 век од нашата ера: наутички знамиња
• 1790 година од нашата ера: оптички телеграфи
• 19 век од нашата ера: Сигнални светла
Аудио сигнали:
• Праисториски: тапани, хорни
• 1838 година од нашата ера: електрични телеграфи
• 1876 година: телефон
• 1880 година: фотофон
• 1896 година: радио
Напредни електрични/електронски сигнали:
• 1927 година: телевизија
• 1930 година: видеофон
• 1964 година: телекомуникација преку оптички влакна
• 1969 година: компјутерско мрежно поврзување
• 1981 година: аналогни мобилни телефони
• 1982 година: електронска пошта
• 1983 година: интернет
• 1998 година: сателитски телефони
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ William Tomkins, 2005.
- ↑ Talking Drums Архивирано на 10 септември 2006 г., Instrument Encyclopedia, Cultural Heritage for Community Outreach, 1996.
- ↑ Levi, Wendell (1977). The Pigeon. Sumter, S.C.: Levi Publishing Co, Inc. ISBN 0853900132.
- ↑ Lahanas, Michael, Ancient Greek Communication Methods Архивирано на 2 ноември 2014 г., Mlahanas.de website.