Прејди на содржината

The Jam

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Jam
The Jam на настап во живо во Њукасл за време на нивната турнеја Trans-global Unity, 1982 година[1]
Животописни податоци
ПотеклоВокинг, Сари, Англија
Жанрови
Период на активност1972–1982
ИздавачиPolydor

The Jam ― англиска рок група основана во 1972 година во Сари. Триото, во чиј состав биле фронтменот и текстописец Пол Велер, бас гитаристот Брус Фокстон и тапанарот Рик Баклер, се распаднало на врвот на својата популарност во 1982 година.[4] Од 1977 година па сѐ до декември 1982 година, групата објавила 18 последователни песни кои се пласирале на британската топ 40 листа, а четири од нив се искачиле на прво место.[5] Тие издале еден албум во живо и шест студиски албуми, а последниот студиски албум, The Gift, се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија. По распадот на групата во 1982 година, нивните први 15 синглови биле повторно објавени и сите се пласирале во топ 100.[6]

Групата за време на своето постоење била под влијание на различни музички стилови, како панк и новиот бран од 1970-тите и бит музиката од 1960-тите, соул, ритам и блуз и психоделичен рок. За најголеми хитови на The Jam се сметаат: „Down in the Tube Station at Midnight“, „The Eton Rifles“, „Going Underground“ и „Town Called Malice“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Формирање (1972–1976)

[уреди | уреди извор]
Rickenbacker 330 . Велер често снимал и настапува во живо со The Jam користејќи го овој инструмент.

The Jam биле основани во средното училиште Ширвотер во Вокинг, Сари, Англија, во 1972 година. Составот на групата често се менувал, при што Пол Велер свирел на бас и бил прв вокал[7] а другите членови биле негови пријатели. Кон средината на 1970-тите се искристализирал составот на групата: Велер, гитаристот/вокалист Стив Брукс и тапанарот Рик Баклер. На почетокот пееле преработки на рокенрол песни од Чак Бери и Литл Ричард. Тие продолжиле со овој стил сѐ додека Велер не го слушнал деби албумот од Who, My Generation, и бил фасциниран од мод музиката. Подоцна Брукс ја напуштил групата. Тогаш Велер свирел бас гитара, а Фокстон бил втор гитарист на групата; Велер го убедил Фокстон да свири на бас и под влијание на Пит Таунсенд од Who развил комбиниран стил на главна/ритам гитара. Составот со Велер, Фокстон и Баклер се задржал сѐ до распаѓањето на The Jam.

Први снимки (1977)

[уреди | уреди извор]

На 29 април 1977 година, Polydor го објавил првиот сингл на Jam, „In the City“, кој се пласирал во Топ 40 во ОК.[8] На 20 мај, групата го издала својот прв албум „In the City“.[9] Албумот, стилски потсетувал на албумите на Clash и Sex Pistols, содржел брзи, гласни и зајадливи песни. Преработката на песната „Slow Down“ од Лери Вилијамс (исто така опфатена од Битлси ) и тематската песна од Бетмен, ТВ серија од 1960-тите,[10] јасно укажувала на поврзаноста на групата со музиката од 1960-тите. Нивните оригинални песни биле под влијание на Motown Records, Beatles и Who.

Песните на The Jam имале политички стихови, ја осудувале полициската бруталност („In the City“) и уништувањето на градското зеленило („Bricks And Mortar“). Сепак, во една од нивните најексплицитни политички мотивирани песни, „Time For Truth“, се пее за моралниот неуспех на Лабуристичката партија и потсмев за „Чичко Џими“ (премиерот Џејмс Калаган). Поради ваквите стихови групата групата била етикетирана како „Конзервативна“.[11]

Вториот сингл „All Around the World“ се пласирал во Топ-10 и групата започнала британска турнеја.[12] За време на турнејата бил напишан материјалот за нивниот втор албум, This Is the Modern World, објавен подоцна во 1977 година.

All Mod Cons (1978)

[уреди | уреди извор]

Во март 1978 година, The Jam го објавиле „News of the World“. Оваа песна била искористена како најавна шпица за телевизиското шоу на Би-Би-Си за емисијата „Mock the Week“.[13]

Во 1978 година, The Jam ја објавиле својата трета плоча, All Mod Cons, на која од вкупно 12-те песни содржела и три претходно објавени песни: „David Watts“, „A' Bomb In Wardour Street“ и „Down in the Tube Station at Midnight. “. (Содржела и две песни кои Полидор претходно одбил да ги објави како сингл, „Billy Hunt“ и акустичната балада „English Rose“.)

Setting Sons & Sound Affects (1979–1981)

[уреди | уреди извор]

По двата успешни сингла, „Strange Town“ и „When You're Young“,[14] пред да го објави новиот албум групата го издала синглот „The Eton Rifles“. Ова бил прв нивен сингл во топ-10, искачувајќи се до трето место на топ листите во Велика Британија. Во ноември 1979 година бил објавен албумот Setting Sons, уште еден хит-албум во Велика Британија, и прв нивен албум кој се пласирал на топ листите во САД, на 137 место на Билборд 200. Албумот требало да биде концепциски албум[15] за тројца пријатели од детството, но на крајот многу песни не биле на оваа тема. Многу од песните имале политички призвук.

Прв сингл на групата во 1980 година требало да биде „Dreams of Children“, кој бил комбинација од мрачни стихови кои искажуваат жалење за губењето на детскиот оптимизам и психоделична инструментална поддршка и продукција. Меѓутоа, поради грешка при етикетирањето, страните А и Б на синглот беа обратни, што резултирало со тоа што „Going Underground“ добил поголемо внимание.[16]

Sound Affects бил објавен во ноември 1980 година. Пол Велер рекол дека бил под влијание на Revolver од Битлси и „Off the Wall“ од Мајкл Џексон.[17] Песната „That's Entertainment“ ја опева тежината на модерниот живот на работничката класа. Велер рекол дека ја напишал за околу 15 минути по враќањето опиен од паб.[18] И покрај тоа што бил достапен само како увозен сингл, стигнал до 21 место на топ листите во ОК, дотогаш невиден подвиг. Од денешен аспект ова е најпопуларната песна од The Jam. И покрај тоа што групата не била популарна во Америка, оваа песна се наоѓа на листата од 500 најдобри песни на сите времиња од американското списание Ролинг Стоун.[19]

„Start!“, била објавена пред објавување на албумот, и станала уште една нивна песна на прво место.[20] Албумот влијаел на многу пост-панк групи како: Wire, XTC, Joy Division и Gang of Four. Албумот се нашол на второ место во ОК и на 72-ро на американската топ листа, нивен најуспешен американски албум.[21]

The Gift и распаѓање (1981-1982)

[уреди | уреди извор]

Албумот The Gift, издаден во март 1982 година имал огромен комерцијален успех (се искачил на место во Британија и поминал 16 недели на американскиот Билборд Хот 100). Имал повеќе врска со американската соул музика отколку со британскиот панк. Со неколку соул, фанк и R&B стилизирани песни, најзначајна е „Town Called Malice“ која била нивна последна песна која се искачила на прво место на топ листата во ОК.

На големо изненадување на сите, на 30 октомври 1982 година Велер, по завршувањето на кратката концертна турнеја низ ОК, објавил дека има намера да го распушти The Jam. Велер сметал дека го исцрпил својот креативен потенцијал со старата постава. По распуштањето на The Jam, Велер ја основал групата The Style Council (заедно со Мик Талбот од The ​​Merton Parkas).

Одлуката за разделба била исклучиво на Велер. Баклер и Фокстон искуството го опишале како горчливо, но во подоцнежните години и двајцата изразиле разбирање, ако не и целосно прифаќање.[22][23] По разделбата, Фокстон не разговарала со Велер повеќе од 20 години, а Баклер во 2015 година дека оттогаш сè уште не разговарал со Велер, и покрај тоа што Баклер и Фокстон во 1983 и 1984 година неколкупати се обиделе да се сретнат и да разговараат со Велер.[22]

  • Пол Велер – вокал, главна гитара, бас гитара, клавијатури, придружни вокали (1972–1982)
  • Рик Баклер – тапани, перкусии (1972–1982)
  • Брус Фокстон – вокал, бас гитара, ритам гитара, придружни вокали (1974–1982)

Други членови

  • Стив Брукс – главна гитара, вокал (1972–1975)
  • Дејв Волер – ритам гитара (1972–1973)
  • Рос Диланда – тапани (1975)
  • Пит Џесоп - гитара (1975)
  • Боб Греј – клавијатури, пијано (1976)

Придружни членови

  • Трејси Јанг – придружни вокали на „Beat Surrender“
  • Џени Матијас - вокал во дует за "The Bitterest Pill (I Ever Had to Swallow)"
  • Афродизијак – позадински вокал
  • Питер Вилсон – пијано, тапани, клавијатури, оргули
  • Стив Никол – труба, оргули
  • Лук Туни - труба
  • Мартин Дровер – труба
  • Кит Томас – саксофон, сопрано саксофон
  • Расел Хендерсон – челични тапани

Времеплов

[уреди | уреди извор]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • In the City (1977)
  • This Is the Modern World (1977)
  • All Mod Cons (1978)
  • Setting Sons (1979)
  • Sound Affects (1980)
  • The Gift (1982)

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]
  • Buckler, Rick (15 May 2017). That's Entertainment:: My Life in the Jam (англиски). Omnibus Press. ISBN 978-1-78558-640-8.
  • Egan, Sean (2018). Love With a Passion Called Hate: The Inside Story of the Jam. London: Askill Publishing. ISBN 978-0-9545750-9-0ISBN 978-0-9545750-9-0.
  • Deabill, Stuart; Snowball, Ian (14 September 2012). Thick As Thieves: Personal Situations with the Jam (англиски). Marshall Cavendish International (Asia) Pte Limited. ISBN 978-981-4398-06-0.
  • Sedazzari, Paolo (September 6, 2012). „Thick As Thieves Personal Situations With The Jam Documentary“. FitzroviaTV (англиски). YouTube. Посетено на 28 July 2022. In this 25 minute documentary you will see the pure emotion, pride and belief as everyone talks about The Jam.[24]
  • Articles:
  1. „The Jam Information Pages – by Kevin Lock“. Thejam.org.uk. 11 April 2007. Архивирано од изворникот на 16 August 2013.
  2. „From the Jam, Back With Fury 26 Years Later“. The Washington Post. 13 February 2008. Посетено на 25 May 2010.
  3. Doug Hoekstra. „Shelley & The Jam“. Canopicjar.com. Архивирано од изворникот на 10 February 2009.
  4. Nick Dedina. „The Jam“. uk.real.com. Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 2009-12-21.
  5. „The Jam“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2012-02-24. Посетено на 2009-12-21. Занемарен непознатиот параметар |description= (help)
  6. „J.A.M. – full Official Chart History“. Officialcharts.com. Посетено на 12 November 2017.
  7. That's Entertainment: My Life in The Jam ISBN 978-1-783-05794-8 p. 33
  8. That's Entertainment: My Life in the Jam p. 65
  9. „Official Albums Chart Top 60“. Officialcharts.com. Посетено на 12 November 2017.
  10. That's Entertainment: My Life in the Jam p. 66
  11. David Weigel (8 April 2013). „Margaret Thatcher vs. Pop Culture“. SLATE. Посетено на 1 March 2021.
  12. That's Entertainment: My Life in the Jam p. 70
  13. „Mock the Week: Christmas Special“. bbc.co.uk. 14 December 2016. Посетено на 7 January 2017.
  14. „Paul Weller: I've Written Three Perfect Songs In My Life“. radiox.co.uk. 10 June 2015. Архивирано од изворникот на 2023-09-07. Посетено на 14 January 2017.
  15. That's Entertainment: My Life in the Jam p. 131
  16. „The Jam: Dreams of Children“. allmusic.com. 12 June 2013. Посетено на 14 January 2017.
  17. Hewitt, Paolo (2008). Paul Weller – The Changing Man. corgi books. стр. 132. ISBN 9780552156097.
  18. „That's Entertainment by The Jam Songfacts“. Songfacts.com. Посетено на 12 November 2017.
  19. Празен навод (help)
  20. That's Entertainment: My Life in the Jam p. 148
  21. „Billboard 200“. billboard.com. 9 November 2014. Посетено на 14 January 2017.
  22. 22,0 22,1 Rutter, Barry (7 March 2012). „Break-up of The Jam was bitterest pill for Rick Buckler“. Посетено на 20 December 2016.
  23. Foxton, Bruce (17 July 2015). „Bruce Foxton: 'There's no need for the Jam to get back together'. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 12 January 2022. Посетено на 20 December 2016.
  24. Thick As Thieves - Personal Situations With The Jam – 2012 Documentary

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]