Прејди на содржината

27 (скопска автобуска линија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Линија 27
Преглед
ПревозникЈСП Скопје
Тип на линијаГрадска линија
ВозилаЈутонг
СостојбаСообраќа
Воведена2017 (променета рута од линијата 7Б)
Бр. на постојки22 (кон Капиштец)
21 (кон Горно Лисиче)
Траса
ГрадСкопје
ПочетокГорно Лисиче, Капиштец
КрајКапиштец, Горно Лисиче
Времетраење на кругот80 мин.
Сообраќање
Честота30-40 мин.
Честота (викенди)60-80 мин.
Ноќни часовинема
Билет35 ден.
Возен ред и податоци
Возен ред на линијата 27 со календар

Линија 27 — редовна автобуска линија на ЈСП Скопје која вози од Горно Лисиче - Вардарска до Капиштец и обратно.

Линијата број 27 започнува од улицата „Ѓорѓи Капчев“. Потоа се приклучува на улицата „Горно Лисиче“. Вози по улицата „Мите Богоевски“ и се приклучува на булеварот „12-та македонска бригада“ во населбата Лисиче. После три автобуски станици (стојалишта), линија број 27 вози по булеварот „Србија“, сè до исклучувањето на булеварот „Јане Сандански“. По тој булевар вози сè до почетокот на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“ и врти лево за да се приклучи на булеварот „Кочо Рацин“. Потоа линијата оди десно со што вози по улицата „11 Октомври“, улица која понатаму продолжува како „Димитрија Чуповски“ односно пат во средишното градско подрачје. Од „Димитрија Чуповски“, врти лево по булеварот „Свети Климент Охридски“ и кратко на булеварот „Мајка Тереза“ за да се приклучи на булеварот „Свети Кирил и Методиј“. На тој булевар кратно минува и се пренасочува на почетокот на улицата „Народни херои“, односно кај местото Цветен пазар/Дом на печат. Тргнувањето од Дом на печат/Капиштец е по истата рута.

Поврзано

[уреди | уреди извор]