Прејди на содржината

Кремпита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кремпита
ПравецДесерт
Земја на потеклоЕвропа
Регион или државаАвстроунгарија
Главни состојкијајца, павлака, лиснато тесто
Cookbook: Кремпита на Викикниги 
Познатата бледска кремшнита

Кремпита (босански: кремпита, хрватски: kremšnita, унгарски: krémes, полски: kremówka, романски: cremșnit или crempita, српски: кремпита/krempita, словачки: Krémeš, словенечки: kremna rezina или kremšnita) е вид на колач, популарен во неколку земји на Средна Европа. Постојат многу разни регионални варијанти на овој колач, но сите имаат иста основа - долна кора од лиснато тесто со слој на крем од матени јајца и матена слатка павлака, покриено со кора од лиснато тесто посипана со прав шеќер.

Во различни земји

[уреди | уреди извор]
Кремпита

Во Хрватска

[уреди | уреди извор]

Во Хрватска се посебно популарни две варијанти на кремпита: самоборска кремшнита, наречена по градот Самобор, и загрепска кремшнита, наречена по главниот град Загреб. Популарната Самоборска кремшнита се одликува со тоа што има кора од лиснато тесто во основата, на која се става крем од јајца и завршува со шам од белки посипани со шеќер во прав. Загребската кремшнита ги содржи истите слоеви, само што завршува со карактеристичен чоколаден прелив наместо кора од лиснато тесто. Класичниот рецепт за самборска кремшнита се смета дека е пронајден од страна на Ѓуро Лукачиќ во раните 1950-ти години, врз основа на различни претходни варијанти од асортиманот на кондиторски производи во Загреб.[1]

Во Словенија

[уреди | уреди извор]

Во Словенија овој колач е асоциран со градот Блед - познато алпско туристичко одредиште во северозападниот дел на Словенија. Рецептот за колачот е донесен во локалниот хотел Парк од слаткарот Иштван Ковачевиќ во 1953 година. До октомври 2009 година направени се 10 милиони парчиња од овој колач.[2][3][4]

Во Србија, Босна и Херцеговина

[уреди | уреди извор]
Познати Которске кремпите, со три слоја тесто и два слоја крем

Во овие земји колачот е познат под името кремпита и се состои од два слоја на лиснато тесто меѓу кое има густ крем од јајца. Сличен рецепт, но само со полнење од шам со белки, се вика шампита.[5]

Во Црна Гора

[уреди | уреди извор]

Најпознати во Црна Гора се Которске кремпите. Освен оригиналниот рецепт, тие се разликуваат од другите кремпитати бидејќи се направени со три слоја тесто и два слоја крем. Секоја година, фестивалот „Которска пашта“ се одржува во Котор, посветен на оваа деликатес.[6]

Во Полска

[уреди | уреди извор]

Полската варијанта на кремпита е позната под името наполеонка.

Нутрициони вредности

[уреди | уреди извор]

Нутриционите вредности се дадени за едно од 6 парчиња готова кремпита, направена од 250 гр замрзнато лиснато тесто и околу 1 кг крем. Се разбира, вредностите може да варираат, што зависи од квалитетот и количината на употребените состојки.

Калории 527
Масти 25,4 г
Заситени масти 9,1 г
Јаглехидрати 63,5
Шеќер 32 г
Растителни влакна 1 г
Протеини 12 г
Холестерол 119 мг
Витамин Д 9 мг, 47%
Натриум 275 мг, 12%
Калциум 192 мг, 15%
Калиум 164 мг, 3%
Железо 2 мг, 11%
  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-05-25. Посетено на 2012-02-01.
  2. „Bled: praznovanje ob 10-milijonti kremni rezini“ (словенечки). RTV Slovenia. 2009-10-10. Посетено на 2011-01-01.
  3. „Deset milijonov originalnih blejskih kremnih rezin“ (словенечки). Dnevnik Newspaper. 2009-10-12. Посетено на 2011-01-01.
  4. „Na Bledu praznujejo desetmilijonto kremšnito“ (словенечки). Večer Newspaper. 2009-10-10. Архивирано од изворникот на 2012-09-15. Посетено на 2011-01-01.
  5. Rolek, Barbara. „Serbian Custard Slice Recipe - Krem Pita“. About.com: Eastern European Food. Посетено на 8 May 2012.
  6. „Kotorska Krempita“. topmontenegro.com. Архивирано од изворникот на 2020-03-27. Посетено на 4 August 2012.