Бершки Гладбах
Бершки Гладбах
Bergisch Gladbach | ||
Стариот градски дом на Бершки Гладбах | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија | |
Адм. подрач. | Келн | |
Округ | Рајнско-бершки | |
Градски единици | 6 | |
Градоначалник | Луц Урбах (ДХС) | |
Основни податоци | ||
Површина | 83,12 км2 | |
Надм. височина | 51−267 м | |
Население | 112.660 (31 декември 2023)[1] | |
- Густина | 1.355 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | GL | |
Пошт. бр. | 51401-51469 | |
Повик. бр. | 02202, 02204, 02207 | |
Портал | bergischgladbach.de | |
Местоположба на градот Бершки Гладбах во рамките на округот Рајнско-бершки | ||
Координати | 50°59′30″N 7°8′10″E / 50.99167° СГШ; 7.13611° ИГД |
Бершки Гладбах (германски: Bergisch Gladbach) — град во регионот Келн/Бон на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија, и седиште на Рајнско-бершкиот округ
Географија
[уреди | уреди извор]Градот е сместен источно од реката Рајна, околу 10 километри источно од Келн.
Историја
[уреди | уреди извор]Бершки Гладбах го дели првиот дел од името со историското подрачје Берг во кое се наоѓа, иако самиот во денешен облик е основан дури во 1856 г.
На почетокот на XII век на подрачјето се доселиле грофовите од семејството Берге. Следниот век во него никнале селски населби. Берг подоцна станал војводство, а потоа и големо војводство под наполеонска власт.
Вториот дел од името доаѓа од поимите gelaat (кој подоцна станал glad) и bach, што на месниот долногермански дијалект значи „канализиран поток“ и се однесува на рекичката Штрунде.
Во 1975 г. во состав на гратчето влегло и соседното место Бенсберг. По две години, во 1977 г. населението достигнало 100.000 жители и Бершки Гладбах стекнал официјален статус на град.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Најзастапени стопански дејности во градот се производството на хартија, печатарството, производството на стаклена волна, чоколади и висока технологија.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Бершки Гладбах е збратимен со следниве градови:
- Бургоан Жалје, Франција (1956)
- Лутон, Велика Британија (1956)
- Велзен, Холандија (1956)
- Жоанвил ле Пон, Франција (1960)
- Ранимид, Велика Британија (1965)
- Маријамполе, Литванија (1989)
- Лимасол, Кипар (1991)
- Пшчина, Полска (1993)
- Бејт Џала, Палестина (2010)
- Ганеј Тиква, Израел (2012)
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Валдемар Хенрици (1878-1950) — генерал-потполковник и водач на Државната трудова служба
- Армин Фалк (р. 1968) — економист
- Георг Кох (р. 1972) — фудбалски голман
- Хајди Клум (р. 1973) — манекенка и водителка
- Каролин Кебекус (р. 1980) — хумористка, пејачка и глумица
- Тим Визе (р. 1981) — фудбалски голман и борач
- Фабијан Хамбихен (р. 1987) — спортски гимнастичар
- Матс Хумелс (р. 1988) — фудбалер
- Бастијан Очипка (р. 1989) — фудбалер
- Тибор Плајс (р. 1989) — кошаркар во НБА за „Јута џез“
Средни училишта во градот
[уреди | уреди извор]- Гимназија „Алберт Велики“
- Гимназија - Херкенрат
- Гимназија „Никола Кузански“
- Гимназија „Ото Хан“
- Гимназија „Дитрих Бонхефер“
- Интегрирано здружено училиште - Пафрат
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бершки Гладбах“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- Бершки Гладбах на Википатување (германски)
- Геопортал на Бершки Гладбах со граници на градските единици Архивирано на 26 септември 2020 г. (германски)
|
|