Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Stone Temple Pilots — американска рок-група од Сан Диего, која првично се состоела од Скот Вејланд (главен вокал), браќата Дин ДеЛео (гитара) и Роберт ДеЛео (бас, вокал) и Ерик Крец (тапани). Поставата на групата останала непроменета од нејзиното формирање во 1989 година до отпуштањето на Вејланд во февруари 2013 година[1]. Вокалистот на Linkin Park, Честер Бенингтон, се приклучил на групата во мај 2013 година, но ја напуштил во ноември 2015 година за да се фокусира исклучиво на Linkin Park[2][3]. На 3 декември2015 година, Вејланд бил пронајден мртов во текот на неговата турнеја пред настапот со неговиот бенд The Wildabouts, а Бенингтон починал на 20 јули2017 година. Во 2016 година, групата започнала онлајн аудиција за нов главен вокалист и го најавила Џеф Гут за нов водечки пејач на групата на 14.11.2017 година[4][5].
Откако се формирала во 1989 година под името Mighty Joe Young, бендот потпишал со Атлантик Рекордс и го променил своето име во Stone Temple Pilots. Деби албумот на групата, Core, објавен во 1992 година, доживеал голем комерцијален успех и групата станала една од најпознатите комерцијално успешни бендови од 1990-тите, продавајќи повеќе од 18 милиони албуми во САД и 40 милиони низ целиот свет[6][7][8]. Бендот објавил уште четири студиски албуми: Purple (1994), Tiny Music... Songs from the Vatican Gift Shop (1996), No. 4 (1999), and Shangri-La Dee Da (2001), пред да се разделат во 2002 година, по што членовите на групата учествувале во разни проекти (особено Velvet Revolver и Army of Anyone). Бендот на крајот се реконструирал во 2008 година за турнеја, го издал својот само-насловен шести албум во 2010 година и бил активен до заминувањето на Честер Бенингтон. Единствениот материјал на групата со Бенингтон бил EP High Rise во 2013 година[9]. Групата објавила два албума со Гут како вокалис[10] т.
Додека првично се кренале на славата како дел од движењето на гранџот во раните 90-ти, понатамошните изданија од групата изразиле различни влијанија, вклучувајќи психоделичен рок и класичен рок. Еволуцијата на групата во текот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите вклучувала периоди на комерцијални достигнувања и падови, предизвикани делумно од добро објавените борби на Вајланд со зависноста од дрога.