AC/DC
AC/DC | |
---|---|
AC/DC во Буенос Аирес во 2009 година. Од лево кон десно: Малколм Јанг, Фил Руд, Клиф Вилијамс, Ангус Јанг и Брајан Џонсон | |
Животописни податоци | |
Потекло | Сиднеј, Австралија |
Жанрови | Хард-рок рокенрол блуз-рок хеви-метал |
Период на активност | 1973-денес (пауза од 2016-2018) |
Издавачи | Алберт Рекордс, ЕМИ, Колумбија Рекордс, Епик Рекордс, Атлантик Рекордс, Атцо Рекордс, Електра Рекордс, Ист Вест Рекордс |
Соработници | Geordie, The Easybeats, Dio. |
Мреж. место | www.acdc.com |
Членови | |
Ангус Јанг Стиви Јанг Брајан Џонсон Клиф Вилијамс Фил Руд | |
Поранешни членови | |
видете поранешни членови |
AC/DC (се чита: Еј-си/ди-си) ― австралиска рок-група, основана во 1973 од браќата Ангус и Малколм Јанг во Сиднеј. Денес во составот на групата се: Ангус, бас-гитаристот Клиф Вилијамс, тапанарот Фил Руд, пејачот Брајан Џонсон и ритам-гитаристот Стиви Јанг, внук на Ангус и Малколм. Музичкиот стил на групата се опишува како: хард-рок, блуз-рок и хеви-метал, но самата група тврди дека едноставно свират „рокенрол“. Се смета дека извршиле влијание врз основањето на новиот бран на британски хеви-метал групи, како што се Def Leppard и Saxon. AC/DC биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 2003 година.
Историја
AC/DC се појавиле на австралиската поп-сцена во првата половина од 1970-тите,[1][2] период кој се смета како трет бран на австралиската рок-музика.[3][4] Групата AC/DC била основана во Сиднеј во ноември 1973 година, од страна на браќата Малколм и Ангус Јанг, а во првиот состав на групата биле и: тапанарот Колин Бурџис, бас-гитаристот Лери ван Крид и пејачот Дејв Еванс.[5][6][7] Името потекнува од A.C./D.С., англиска кратенка за наизменична струја/еднонасочна струја. Браќата сметале дека ова име ја симболизира суровата енергија на групата.[8]
Групата неколкупати го менувала составот пред да го издадат нивниот прв албум „High Voltage“ (1975), издаден исклучиво во Австралија. Составот на групата се стаблизирал кога во 1977 година како нов басист бил примен Клиф Вилијамс, на местото на Мaрк Еванс. Во 1979 година, групата го снимила еден од нивните најпопуларни албуми Хајвеј ту Хел(Highway to Hell), кој бил последниот албум снимен со пејачот Бон Скот, кој починал на 19 јули 1980 година, по цела ноќ помината во пиење алкохол. По неговата смрт, членовите на групата размислувале дали да ја распуштат групата, но сепак решиле да продолжат со свирење и како нов пејач бил избран Брајан Џонсон. Во истата година, групата го снимила својот најпродаван албум и еден од најпродаваните албуми на сите времиња Бек ин Блек(Back in Black). Следниот албум на групата, [For Those About to Rock(We Salute you)], исто така, бил многу продаван и бил нивниот прв албум кој станал број еден во САД.
Составот на групата останал ист до 2014 година, кога Малком се повлекол од музиката поради рано започната деменција, од која починал три години подоцна; исто така, Руд бил обвинет за закана со убиство и за поседување метамфетамин и канабис. Стиви, кој го заменил Малколм, прв пат се појавил со групата на албумот Rock or Bust (2014). На турнејата за поддршка на албумот, Слејд го заменил Руд. Во 2016 година, Џонсон бил посоветуван да ја прекине турнејата поради проблеми со слухот, а на преостанатите концерти од таа турнеја него го заменил пејачот од Guns N' Roses, Ексл Роуз. Вилијамс се повлекол по завршувањето на турнејата во 2016 година, а групата направила двегодишна пауза. Во септември 2020 година било најавено повторно обединување на составот кој го издал албумот Rock or Bust; два месеца подоцна бил објавен седумнаесеттиот студиски албум на групата, Power Up. Турнејата Power Up беше најавена во февруари 2024 година, а бас-гитаристот Крис Чејни го заменил Вилијамс.
Галерија на слики
Членови
Сегашни Членови
- Ангус Јанг – главна гитара, повремено придружен вокал (1973–денес)
- Фил Руд – тапани (1975–1983, 1994–2015, 2018–сега; не оди на турнеја од 2023 )
- Клиф Вилијамс – бас-гитара, придружен вокал (1977–2016, 2018–сега; не оди на турнеја од 2024 )
- Брајан Џонсон – пејач (1980–2016, 2018–сега)
- Стиви Јанг – ритам-гитара, придружен вокал (2014–денес; на турнеја во 1988 )
Поранешни членови
- Малколм Јанг – ритам-гитара, придружен вокал (1973–2014; починал 2017 )
- Колин Бурџис – тапани (1973–1974; заменет во 1975; починал 2023 )
- Лари Ван Криед – бас-гитара (1973–1974, 1975)
- Дејв Еванс – пејач (1973–1974)
- Нил Смит – бас-гитара (1974 година; починал 2013 )
- Рон Карпентер – тапани (1974)
- Расел Колман – тапани (1974)
- Ноел Тејлор – тапани (1974)
- Роб Бејли – бас (1974–1975)
- Питер Клак – тапани (1974–1975)
- Бон Скот – пејач (1974–1980; кога и починал )
- Пол Матерс – бас-гитара (1975 година; починал 2020 )
- Марк Еванс – бас-гитара (1975–1977)
- Сајмон Рајт – тапани (1983–1989)
- Крис Слејд – тапани (1989–1994; на турнеја 2015–2016 )
Дискографија
- High Voltage (Австралија) — 1975 год.
- T.N.T. — 1975 год.
- High Voltage — 1976 год.
- Dirty Deeds Done Dirt Cheap (Австралија) — 1976 год.
- Dirty Deeds Done Dirt Cheap — 1976 год.
- Let there be Rock (Австралија) — 1977 год.
- Let There Be Rock — 1977 год.
- Powerage — 1978 год.
- If You Want Blood — 1978 год.
- Highway to Hell — 1979 год.
- Back in Black — 1980 год.
- For Those About to Rock (We Salute You) — 1981 год.
- Flick of the switch — 1983 год.
- '74 Jailbreak — 1984 год.
- Fly on the Wall — 1985 год.
- Who Made Who — 1986 год.
- Blow Up Your Video — 1988 год.
- The Razor's Edge — 1990 год.
- Live — 1992 год.
- Live: 2 CD Collector's Edition — 1992 год.
- Ballbreaker — 1995 год.
- Volts — 1997 год.
- Stiff Upper Lip — 2000 год.
- Black Ice — 2008 год.
- Rock or Bust — 2014 год.
- Power Up — 2020 год.
Наводи
- ↑ Kimball, Duncan. „AC/DC“. Milesago: Australasian Music and Popular Culture 1964–1975. Ice Productions. Архивирано од изворникот на 17 January 2024. Посетено на 7 May 2024.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеMcFarlane
. - ↑ (Thesis). Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Kimball, Duncan. „An Overview“. Milesago: Australasian Music and Popular Culture 1964–1975. Ice Productions. Архивирано од изворникот на 19 April 2023. Посетено на 7 May 2023.
- ↑ Kimball, Duncan. „AC/DC“. Milesago: Australasian Music and Popular Culture 1964–1975. Ice Productions. Архивирано од изворникот на 17 January 2024. Посетено на 7 May 2024.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеMcFarlane2
. - ↑ „AC/DC Lineup Changes: A Complete Guide“. Ultimate Classic Rock. 18 April 2016. Архивирано од изворникот на 4 September 2023. Посетено на 19 August 2023.
- ↑ Elliott 2018.
Надворешни врски
- Официјално мрежно место на AC/DC
- Официјален профил на Јутјуб
- Биографија и дискографија на[мртва врска]
„AC/DC“ на Ризницата ? |
|