Прејди на содржината

База на податоци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

База на податоци e збирка или колекција на податоци кои обични ги опишуваат активностите на една или повеќе сродни организации.[1]

Изјава за селектирање SQL и нејзиниот резултат

Системите за управување со базите на податоци (DBMSs) се специјално дизајнирани апликации кои комуницираат со корисникот, други апликации, и со самите бази да земаат и анализираат податоци. Општата употреба на системите за менаџирање на базите на податоци (DBMS) е како софтверски систем дизајниран да дозволи да се создава, дефинира, ажурира, пребарува и да се управува со базите на податоци. Познати DBMSs се MySQL, PostgreSQL, Програмска опрема, Microsoft SQL Server, Microsoft Access, Oracle, SAP, dBASE, FoxPro, IBM DB2, LibreOffice Base и FileMaker Pro. База на податоци не се преносливи на различни системи на основа на податоци, но постојат стандарди како SQL и ODBC или JDBC кои на единствена апликација и овозможуваат да комуницираат со повеќе бази на податоци.

Терминологија и преглед

Претходно, терминот “База на податоци” се однесува на самиот податок и поддршка на структурата на податоци (data structures). Базите се создадени да можат да извршуваат операции со поголем квантитет на податоци со зачувавање, внесување и враќање на информации. Базите се поставени за еден софтвер да му овозможи на корисникот пристап до сите информации.

Систем за управување со бази на податоци (DBMS) е пакет компјутерски софтвер кој обезбедува интерфејс помеѓу корисникот и база на податоци или базите на податоци. Бидејќи се тесно поврзани, поимот "база на податоци" кој се користи разговорно најчесто се однесува и на DBMS и на податоци кои се користат.

Според интеракцијата, повеќето постоечки DBMS спаѓаат под 4 групи:

  • Data Definition (дефинирање на податок). Дефинирање на нова структура на податок во базата, бришење на структурата на податок, и менување на веќе посточка структура на податок.
  • Ажурирање. Внесување, Менување и Бришење на податоци.
  • Администрација. Регистрирање и надгледување на корисници, безбедност на податоците, надгледување на перформансите на базата, враќање на податоци ако падне системот.

DBMS е одговорна за одржување на интегритетот и безбедноста на складираните податоци.

Апликации и улоги

Повеќето организации во поразвиените држави зависат од базите на податоци за нивните бизнис операции. Базите не само се користат за внатрешни операции во органиција, но и за комуникација помеѓу клиентот и снабдувачот (погледни Софтвер за продажба).

Наводи

  1. Ramakrishnan - Database Management Systems 3rd Edition