Ново Село (Струмичко)
Wiki Ново Село е село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
Ново Село е седиште и најголема населба во рамките на Општина Ново Село. Се наоѓа во подножјето на планината Огражден, на надморска височина од 236 метри.
Историja
Најпрво населбата била лоцирана во месноста Селиште, потоа во Волчји Дол, па преместена на денешното место. Се споменува во османлиските пописи од 1519 и 1570 година под името Јени Ќој (Ново Село). Во XIX век селото броело 1200 жители и било прво од селските населби во струмичката каза. Во 1842 година била изградена црквата „Св. Георги“, а во 1866 година се основало и училиште на македонски јазик. Во селото претстојувал и Гоце Делчев, а овде е роден и големиот комитски војвода Мануш Георгиев. Ново Село е седиште на истоимената општина од 1996 година.
Економија
Демографија
Според пописот од 2002 година селото има 2.756 жители.[1]
Националност | Вкупно |
македонци | 2 726 |
албанци | 0 |
турци | 0 |
роми | 3 |
власи | 0 |
срби | 11 |
бошњаци | 2 |
други | 14 |
Општествени институции
Во населбата има повеќе јавни институции како што се: Домот на културата „Јане Сандански“, ЈП „Комуна“, посебното училиште „Св. Климент Охридски“, основното училиште „Мануш Турновски“, градинката „Детска радост“, полициската станица, граничната полиција и противпожарната станица. Пазарот се наоѓа во центарот, а повеќе од еден век четврток е пазарен ден во Ново Село. Во 2004 година беше осветен манастирот „Св. Георги и Св. Антониј“, лоциран над населбата, а во негова непосредна близина се наоѓа и акумулацијата Новоселка. Во селото има пошта и изграден водовод уште од 1974 година. Според својот изглед, Ново Село наликува на вистинска градска населба со сите јавни институции, модерни приватни трговски објекти и куќи во неа.
Администрација и политика
Културни и природни знаменитости
Општината Ново Село, изобилува со природни реткости кои се заштитени од државата и се потенцијални туристички атракции меѓу другите се вбројуваат и двата водопади и изворите кои припаѓаат на општина Ново Село:
Недалеку од Општина Ново Село се наоѓа еден од најубавите хотели (мотел ресторан) во Република Македонија Подгорски Ан
Редовни настани
Ѓурѓовденски средби Како и секоја година и оваа општина Ново Село преку Организациниот одбор и покровителот на манифестацијата Градоначалникот, г-дин Никола Андонов, ја организираат манифестацијата „Ѓурѓовденски средби“ со кои ќе го прославиме нашиот христијански празник Ѓурѓовден. Домаќини на манифестацијата КУД „Јане Сандански“ - Ново Село а гости ФА „Мирка Гинова“ - Демир Капија, ФА „Ацо Караманов“ - Радовиш и здружение на пензионери „Етногруп“ - Струмица.
Личности
Родени
- Иван Илиев Ајдински (1885 — 1923), македонски револуционер, деец на ВМРО
Поврзани
- Мануш Георгиев (1881 — 1908) - Македонски револуционер
Култура и спорт
Домот на културата ,,Јане Сандански,, од Ново Село е основан на ден 28.12.1988 година а како институција од јавен интерес е регистрирана на 20.02.1989 година.
Домот на културата располага со површина од 660м2:
- една сала со 300 седишта е наменета за користење на фолклорното друштво, балетската група, поставување на театарски претстави и концерти, манифестации, свечени приредби, трибини, предавања, кино претстави, театарски претстави и сл.
- друга сала е наменета за реализирање на ликовни изложби, концерти со помал капацитет, најразлични промоции, литературни читања, семинари и сл.
работилница која е наменета за изведување на матичните дејности во зимски услови, изведување на курсеви по странски јазици и информатика како и за други потреби.
- диско клуб со летна бавча
- 4 канцеларии кои се наменети за вработените, библиотеката и за Месната Заедница Ново Село
- 2 гриморини наменети за сместување на опрема и инвентар од сите дејности
- една кабина за киноприкажување
Исто така во селото секоја година се одржува ноќниот турнир "Илинден".