Прејди на содржината

Цуцулеста сипка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 07:38, 6 април 2009; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Нова статија)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Цуцулеста сипка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчарки
Семејство: Сипки
Род: Гривести сипки
Вид: Цуцулеста сипка
Научен назив
Lophophanes cristatus
Карл Линеј, 1758

Цуцулестата сипка (лат. Lophophanes cristatus, порано Parus cristatus), е песнопојна птица од фамилијата Сипки. Птицата е мошне распространета и често живее и се размножува во зимзелени шуми ширум средна и северна Европа, како и листопадни шумски предели во Франција и Пиринејскиот Полуостров. Во Велика Британија, птицата е ограничена само на древните борови шуми во Инвернес и Стратспи во Шкотска, и од таму ретко излегува. Неколку заскитани цуцулести сипки се видени и во Англија. Оваа птица живее на постојано место и највеќето единки не одат на преселба.

Оваа сипка е лесно препознатлива по издигнатата цуцулка, нејзиниот подвиткан врв, како и по карактеристичниот црн оглавник и исправена линија кон клунот. Како и другите сипки, цуцулестата сипка е зборлива, со постојан пој ци, ци, ци , сличен на појот на еловата сипка .

Оваа птица се гнезди во дупки на гнили пенушки. Честопати се храни долу ниско во дрвјата и, иако не е повлечена, не секогаш може да ѝ се пријде лесно. Зиме се придружува во јата со сипки од други видови.

Како и други сипки, оваа сипка се храни со инсекти, гасеници и семки.

Наводи

  1. Parus cristatus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 мај 2006.

Надворешни врски