Прејди на содржината

Процес (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 21:22, 28 декември 2024; направена од ГП (разговор | придонеси) (нова страница)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

„Процес“ (англиски: The Process) — американско-француски филм од 1962 година во режија на Орсон Велс (Orson Welles), кој е автор и на сценариото во соработка со Пјер Шоло (Pierre Cholot). Главните улоги ги играат: Ентони Перкинс (Anthony Perkins), Жана Моро (Jeanne Moreau), Орсон Велс, Елза Мартинели (Elsa Martinelli), Роми Шнајдер (Romy Schneider), Медлин Робинсон (Madeleine Robinson), Аким Тамироф (Akim Tamiroff) и Сузан Флон (Suzanne Flon). Снимена во продукција на Александер Салкинд, оваа егзистенцијална драма со елементи на трилер и фантастика претставува слободна преработка на истоимениот роман на Франц Кафка. Филмот е снимен на париската железничка станица Орсеј и во Загреб (на Велесаемот, пред катедралата и на савскиот насип), а во помала мера и во Дубровник. Велс успеал мајсторски да ги искористи природната и направената сценографија за да ги нагласи паранојата, изгубеноста и немоќта на поединецот соочен со тоталитарниот систем. За време на премиерата, филмската критика тврдела дека Велс не успеал сугестивно да ја пренесе општествената критика од Кафкиниот роман, а во одбрана на својот филм, Велс иронично тврдел дека тој е неговиот најубав филм. Покрај импресивниот визуелен приказ, дело на снимателот Едмонд Ричард, филмот се одликува со сугестивна и атмосферична режија, со одлична сценографска употреба на големите затементи простори, ходници и предворја и со забележителна глума.[1]

Синопсис

Некој го наклеветил плашливиот и повлечен банкарски службеник Јозеф К. (го игра Перкинс) кого, едно утро, го будат двајца полицајци. Тие го известуваат дека е уапсен, но не му кажуваат поради какво обвинение. Работите стануваат уште полоши кога како негов бранител е одреден грубиот и циничен адвокат Алберт Хастлер (го игра Велс), кој на Јозеф не му дава никаква надеж за позитивна разврска на неговиот судски процес. Не знаејќи зошто е затворен, Јозеф почнува да се прашува дали е виновен за нешто. Додека го преиспитува својот однос со сосетката, проститутката Марика Бурстнер (ја игра Моро), како и низ разговорите со љубовницата на Хастлер, Лени (ја игра Шнајдер) и со судската чистачка Хилде (ја игра Мартинели), Јозеф станува опседнат со помислата дека со нешто ја заслужил својата судбина...

Наводи