Ханса Мехта
Ханса МехтаMehta | |
---|---|
Податотека:HansaJivrajMehtaPic.jpg | |
Роден(а) | 3 јули 1897 |
Починал(а) | 4 април 1995 | (возр. 97)
Сопружник | Џиврај Нарајан Мехта |
Ханса Мехта (родена на 3 јули 1897 - починала на 4 април 1995 година[1]) — индиска реформаторка, социјална активистка, едукаторка, активистка за независност, феминистка и писателка[2][3].
Ран живот
[уреди | уреди извор]Ханса Мехта е родена во семејство Нагар Брамин, на 3 јули 1897 година, како ќерка на Манубаj Мехта, шеф на државата Барода и внука на Нандсанкар Мехта, автор на првиот гуџаратиск роман Каран Гхело[1][4].
Дипломирала Филозофија во 1918 година. Студирала новинарство и социологија во Англија. Во 1918 година, таа се запознала со Сароџини Наиду, а подоцна и со Махатма Ганди во 1922 година.
Била во брак со Џиврај Нарајан Мехта, еминентен лекар и администратор.
Кариера
[уреди | уреди извор]Ханса Мехта организирала бојкот на продавниците што продаваат облека и алкохол во странство и учествувала во други активности на движењето за слобода, во согласност со советите на Махатма Ганди. Британците дури и ја уапсиле ја испратиле во затвор во 1932 година заедно со нејзиниот сопруг. Подоцна била избрана за претседател на законодавниот совет на Бомбај.
По независноста, таа била една од 15-те жени кои биле дел од конститутивното собрание и го изработила Индискиот устав. Таа била член на Советодавниот одбор и Поткомитетот за основни права. Таа се борела за еднаквост и правда за жените во Индија.
Во 1926 година била избрана во Училишниот одбор на Бомбај и станала претседател на Конференцијата за жени на домородците од 1945-1946 година. Во својот говор за преземање на функцијата, таа предложила Повелбата за правата на жените. Од 1945 до 1960 година, таа имала различни позиции во Индија, вклучувајќи ги и Потпретседател на Женскиот универзитет, член на Централниот одбор на образованието во Индија, Претседател на Управниот одбор на Интер-универзитет во Индија и заменик-канцелар на Универзитетот од Барода.
Била дел од индиската делегација во Комисијата за човекови права на Обединетите нации од 1947 до 1948 година, и одговорна за изменување и дополнување на текстот на Универзалната декларација за човекови права, заменувајќи ги „сите мажи се создадени еднакви“ со „сите човечки суштества“ нагласувајќи ја потребата за родова еднаквост.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Trivedi, Shraddha (2002). Gujarati Vishwakosh (Gujarati Encyclopedia). Vol. 15. Ahmedabad: Gujarati Vishwakosh Trust. стр. 540. OCLC 248968453.
- ↑ Wolpert, Stanley (5 April 2001). Gandhi's Passion: The Life and Legacy of Mahatma Gandhi. Oxford University Press. стр. 149. ISBN 9780199923922.
- ↑ Srivastava, Gouri (2006). Women Role Models: Some Eminent Women of Contemporary India. Concept Publishing Company. стр. 14–16. ISBN 9788180693366.
- ↑ „Hansa Jivraj Mehta: Freedom fighter, reformer; India has a lot to thank her for“. The Indian Express (англиски). 2018-01-22. Посетено на 2018-08-23.