Бел шум
Бел шум — наједноставен стационарен процес. Се нарекува и потполно случаен процес.[1] Се означува со et, каде t = 1, 2, ... n. Терминот се користи во повеќе научни дисциплини, вклучувајќи ги физиката, телекомуникациите, статистички предвидувања и слично.
Карактеристики на белиот шум
- Е(yt) = µ
- var(yt) = σ2
- Yk = σ2 - ако к=0, 0 - во сите други случаи.[1]
Тој се состои од низа на некорелирани случајни променливи кои имаат константни средина и варијанса.[2] Ако процесот има средина еднаква на 0 (σ=0), а претходните три услови важат, тогаш се добива бел шум со нула средина. Ако се внесе и дополнителен услов случајните променливи да се и независни (не само некорелирани), тогаш процесот се нарекува стриктен бел шум. Ако се претпоставува дека случајните променливи следат нормален распоред, во овој случај некорелацијата гарантира независност и процесот е стриктен бел шум. Овој процес се нарекува нормален бел шум.[1]
На оваа слика е прикажана симулација на нормален бел шум со нула средина. Со генератор на случајни броеви, добиени се 1000 вредности на бел шум кој следи нормален распоред со средина еднаква на нула и варијанса од еден. Белиот шум нема забележлива структура.
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристески Славе, Тевдовски, Драган и Марија Трпкова (2012): „Вовед во анализата на временските серии“, Скопје: Универзитет "Св. Кирил и Методиј"
- ↑ „Белата бучава е правото нешто за мирно и концентрирано учење и работење“. IT.com.mk. 1 февруари 2012 15:54. Посетено на 2013-04-15. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
„Бел шум“ на Ризницата ? |
- Дефиниција на процесот „бел шум“ (англиски)