Турјак (замок)
Турјашка тврдина Turjaški grad | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Турјак |
Земја | Словенија |
Турјашката врдина е дворец кој се наоѓа во близина на Љубљана, во селото Турјак, во Словенија. Овој замок се смета за еден од најимпресивните и најпознатите замоци во оваа област. Првата тврдина била изградена кон крајот на 11 век од страна на лордовите фон Ауерсперг. Во 1140, објектот бил уништен и изгорен за време на борбата помеѓу двата наследници на Пилграм II фон Ауерсперг, неговиот син Пилграм IV и неговиот зет Отон Ортенбуршки.
Тековниот замок прв пат се споменува во 1220 година. Во 1270 година, Петар и Волфганг фон Ауерсперг го продале имотот на друг потомок од семејството, Балтазар фон Ауерсперг, канцелар на Светото римско царство. Изградбата била комплетно уништена од страна на големиот земјотрес од 1511 година, но повторно била обновена по овој настан.
Во текот на 16 век, Ауерсперг биле силни поддржувачи на Протестантската Реформација во Словенија. На познатиот словенечки протестантски лидер Примож Трубар, како и на Јуриј Далматини работеле во замокот, каде го обработиле и првиот превод на Библијата на словенечки. Во 1805, имотот бил продаден на Павле Алоис Јохан. Помеѓу 1916 и 1931 година, замокот бил во сопственост на Лео Хервард.
На 19 септември 1943 година, замокот бил заземен од страна на партизаните по долга битка со Белате гарда на словенечките. По војната, имотот бил национализиран.
Во 2006 година, тогашниот претседател на Словенија, Јанеш Дрновшек, со неговата партија одржал голем митинг во замокот. Предлошка:Тврдини во Словенија