Прејди на содржината

Бел шум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Белиот шум е наједноставен стационарен процес. Се нарекува и потполно случаен процес. Се означува со et, t=1,2,...

Карактеристики на белиот шум

Нормален бел шум со нула средина.
  1. Е(yt) = µ
  2. var(yt) = σ2
  3. Yk = σ2 - ако к=0, 0 - во сите други случаи

Тој се состои од низа на некорелирани случајни променливи кои имаат константни средина и варијанса. Ако процесот има средина еднаква на 0 (σ=0), а претходните три услови важат, тогаш се добива бел шум со нула средина. Ако се внесе и дополнителен услов случајните променливи да се и независни (не само некорелирани), тогаш процесот се нарекува стриктен бел шум. Ако се претпоставува дека случајните променливи следат нормален распоред, во овој случај некорелацијата гарантира независност и процесот е стриктен бел шум. Овој процес се нарекува нормален бел шум.

На оваа слика е прикажана симулација на нормален бел шум со нула средина. Со генератор на случајни броеви, добиени се 1000 вредности на бел шум кој следи нормален распоред со средина еднаква на нула и варијанса од еден. Белиот шум нема забележлива структура.