Прејди на содржината

Ејми Ли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 06:41, 18 април 2011; направена од Бла, бла, бла (разговор | придонеси) (Откажано уредување 1935386 од (89.205.60.127 | Разговор))
Amy Lee Ејми Ли
Ли на сцената
Животописни податоци
Родено имеАми Лин Ли
Роден(а)13 декември 1981(1981-12-13)(43 г.)
Риверсајд, Калифорнија, САД
ПотеклоЛитл Рок, Арканзас, САД
ЖанровиАлтернативен метал
ЗанимањаМузичар, пејачка, текстописец, пијанист
ИнструментиВокал, пијано, оргуље[1], гитара, харфа[2]
Период на активност1995–сега
ИздавачиWind-up
СоработнициEvanescence
Мреж. местоwww.Evanescence.com
Значајни инструменти
Baldwin Piano

Ејми Ли Хартзлер (родена на 13 декември 1981) попозната како Ејми Ли е американска пејачка и автор на многу песни. Таа е класичен пијанист. Таа исто така претставува водечки вокал на рок групата Evanescence. Таа има влијателно ниво почнувајќи од класиката, на пример Моцарт, па се до модерните изведувачи како Бјорк, Тори Амос, Дени Елфман[3] и Пламб.[4]

Биографија

Ран живот

Ејми е дете на Џон Ли-диск џокеј (диџеј) и Сара Каргил. Има еден брат-Роби и две сестри-Кери и Лори. Исто така имала и сестра која починала на тригодишна возраст во 1987 година од сѐ уште неидентификувана болест.[5] Песната "Hello" од Fallen е напишана за нејзината мртва сестра исто како и песната "Like You" од The Open Door.[6] Ејми земала часови за класично пијано уште кога имала девет години. Нејзиното семејство се преселило на повеќе места, како Флорида и Илиноис,[7] но случајно преселувајќи се во Литл Рок, Арканзас се формирала и групата Evanescence. Ејми почнала да учи во Middle Tennessee State University за музичката теорија и композиции, а подоцна работела на кариерата на бендот.[8]

Во интервјуто за AOL Music Ејми изјавила дека првите песни што ги напишала се "Eternity of the Remorse" and "A Single Tear". Првата песна ја напишала кога имала 11 години, а втората кога имало доделување за дипломи во осмо одделение.[9]

Свршување и брак

На 9 јануари 2007 година во емисијата Live @ Much таа изјавила дека минатата ноќ се свршила. Подоцна и потврдила дека била побарана за жена од страна на Џош Хартзлер, терапевт и долгодишен пријател.[10] Ејми исто така рекла и дека песните "Good Enough" и "Bring Me to Life" ги напишала инспирирана од него.[11] Овој пар се венча на 6 мај 2007 година, а нивниот меден месец бил на место близу Бахамите.[12] Ејми соопштила дека отсега наваму е официјална Г-ѓа Хартзлер.[13]

Evanescence

Ли на 2007 Scream Awards

Формирање

Ејми го водела бендот заедно со гитаристот Бен Муди. Тие двајца се запознале во младински камп, откако Муди ја чул Ејми како ја пее песната свири на пијано песната од Мит Лоуф, "I'd Do Anything For Love (But I Won't Do That)".[14] За еден месец парот почнал да изведува во книжарниците и во кафе баровите во Арканзас,[15] а снимиле и два EP албуми Evanescence EP (1998) и Sound Asleep EP (1999). Во 2000 година Evanescence снимиле подолг EP албум наречен Origin. Овој албум содржи три песни кои подоцна се појавиле во нивниот прв студиски албум Fallen, сите напишани од Бен Муди и Ејми Ли, а тоа се: "Whisper", "Imaginary" и "My Immortal". Подоцна се појавила бенд верзија на "My Immortal" која е направена за да можат да ја спуштаат фановите кои ја купиле официјалната верзија на Fallen.[16] Бенд верзијата подоцна била вклучена во подоцните верзии на албумот во бразилските, боливските и аргентинските едиции.

На 22 октомври, 2003 година Бен Муди го напуштил бендот поради "креативни разлики". Во интервју неколку месеци подоцна, Ејми рекла: "...дојдовме до момент кога ако нешто не се променеше, немаше да можеме да го снимиме вториот студиски албум". Таа исто така рекла "Ние сме конечно вистински бенд, а не само Бен и јас и неколку други луѓе фрлени заедно со нас."[15] Поранешниот гитарист на бендот Cold гитаристот, Тери Балсамо го заменил Муди во бендот, и како гитарист, и како текстописец заедно со Ејми.

Соло албум

За време на интервју во октомври 2008 година, за магазинот Spin, Ејми Ли изјавила дека таа напишала неколку песни, кои најверојатно ќе бидат за нејзиниот соло албум. Таа не кажала кога ќе биде издаден албумот.

Стил и имиџ

Во јавноста Ејми Ли носи викторијански или стилизирани алишта.[17] Некои од нејзините алишта биле инспирирани од Готската мода. Таа исто така има дизајнирано многу од своите алишта вклучувајќи ги и оние кои ги носи за време на спотот на песната "Going Under", фустанот што го носела на Греми наградите во 2004 година, а и фустанот кој го носи на омотот од албумот The Open Door. Откако ги дизајнирала тие алишта Ејми одбрала алиштата да и ги дизајнира Јапонскиот дизајнер Х. Наото.[18] На концертите таа носи корсет и мрежести хулахопки како и долги фустани и чизми до колена. Одреден период таа имаше пирсинг на левата веѓа, што е видливо на омотот од албумот Fallen.

Во 2006 магазинот Bleeder ја вброи Ејми во листата како една од најсекси рок пејачки заедно со Џоан Џет, Кортни Лав и Лиз Фер.

Ли на 2003 Billboard Awards

Дискографија

Ли изведува на концерт од Evanescence во Мајами, Флорида во 2007

Evanescence

Соработки и други песни

Година Артист Песна Издавање
2000 Дејвид Хоџес и Ејми Ли "Breathe" The Summit Church: Summit Worship
"Fall Into You" Неиздадена
2003 Big Dismal и Ејми Ли "Missing You" Believe
2004 Seether и Ејми Ли "Broken" Disclaimer II
The Punisher: The Album
2007 Korn и Ејми Ли "Freak on a Leash" MTV Unplugged: Korn
2008 Ејми Ли "Sally's Song" Nightmare Revisited


Наводи

  1. http://twitter.com/AmyLeeEV/status/5777431076
  2. Lee, Amy; Leno, Jay. (2008-10-13). The Tonight Show with Jay Leno. [Television production]. Burbank, California: NBC/Universal. 
  3. „Interview with Evanescence singer Amy Lee“. gURL.com. Посетено на 2006-11-07.
  4. Farias, Andree (2006-04-10). „Pre-Evanescence“. Christianity Today. Christianity Today International. Посетено на 2006-11-07.
  5. Odell, Michael (April 2004). „Survivor!“. Blender magazine. Посетено на 2006-10-18.
  6. „Evanescence: Amy Lee Explains the New Songs“. VH1.com. 2006-10-08.
  7. „Amy's bio“. OutoftheShadows.com. Посетено на 2006-11-07.
  8. Morse, Steve (May 23, 2003). „Evanescence is No Disappearing Act“. The Boston Globe.
  9. Robertson, Jessica (2007-10-19). „P's & Q's: Amy Lee Finds Solace in Marriage and Music“. AOL.com. Посетено на 2007-10-19.
  10. Lee, Amy (2007-01-09). „Amy's Engaged!: *clink clink* *ahem...*“. EvThreads.com. Посетено на 2007-01-09.
  11. Eells, Josh (2006). „Amy Lee: Back in Black“. Blender. Посетено на 2007-01-09. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  12. Rubin, Courtney (2007-05-10). „Evanescence Singer Amy Lee Gets Married“. People. Посетено на 2007-05-10.
  13. Hartzler, Amy (2007-05-18). „i've got a new ring & now you've got the scoop“. EvThreads.com. Посетено на 2007-05-18.
  14. D'Angelo, Joe (2004-02-27). „Evanescence - The Split“. MTV News. Посетено на 2006-11-07.
  15. 15,0 15,1 Bakker, Tiffany (2004-01-09). „Moody blues“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 2006-11-07.
  16. „My Immortal Band Version“. Evanescence.com. Архивирано од изворникот на 2004-06-15. Посетено на 2007-03-10.
  17. „Evanescence's Amy shreads her threads!“. Kerrang!. 2003-06-09. Архивирано од изворникот на 2005-03-14. Посетено на 2008-01-15.
  18. „Amy Lee - Instant Fashion Profile“. MTV News. 2004. Посетено на 2006-11-07.

Надворешни врски