Прејди на содржината

Сантјаго де Куба (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статистика
Главен град:Сантијаго де Куба
Површина:6,156.44 km²
Жители:1,036,280
Густина на населението:168.32 жители на km²
Карта
Предлошка:Provinces of Cuba map

Сантијаго де Куба (Provincia de Santiago de Cuba) е втората провинција по број на жители во Куба. Во неа живеат околу 1.2 милиони луѓе; најголемиот град, Сантијаго де Куба (554,000) е главен административен центар. Други поголеми градови се Палма Соријано (125,000), Контрамаестре (88,000), Мајари Ариба (80,000), Сан Луис (65,000) и Сонго-ла Маја (50,000).

Провинцијата е богата со прородни ресурси како железо и никел. Меѓутоа стопанството е главно земјоделско, со големи плантажи на банани, какао и кафе ширум нејзините пространства. Околу главниот град индустријата е во подем, а исто така и туризмот. Природната убавина на овие краишта привлекуваат многу туристи од КУба и од светот.

Во провинцијата Сантијаго де Куба се случиле многу битки, во војната за независност, како и во Кубанската револуција (1959), каде голем дел од герилските борби се одвивале по планините.

Општини

  1. Контрамаестре
  2. Чивирико
  3. Мела
  4. Палма Соријано
  5. Сан Луис
  6. Сантијаго де Куба
  7. Мајари Ариба
  8. Ла Маја
  9. Крусе де лос Бањос

Надворешни врски