Десница (политика): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: ug:ئوڭچى |
с Бот Брише: ug:ئوڭچى |
||
Ред 46: | Ред 46: | ||
[[th:ฝ่ายขวา (การเมือง)]] |
[[th:ฝ่ายขวา (การเมือง)]] |
||
[[tr:Sağcılık]] |
[[tr:Sağcılık]] |
||
[[ug:ئوڭچى]] |
|||
[[uk:Права партія]] |
[[uk:Права партія]] |
||
[[zh:右派]] |
[[zh:右派]] |
Преработка од 17:11, 18 август 2009
Во политиката, „десно крило“, „политичка десница“ и само „десница“ се термини користени за политичката ориентација лево-десно, односно како спротивна ориентација од левицата. Има огромен број на дефиниции; со истото име во политиката понекогаш можат да се означуваат повеќе нешта. Сепак, воглавно се користи за објаснување на сегментите од политичкиот спектар коишто често се поистоветуваат со некои степени на конзерватизам, американски конзерватизам, монархизам, фашизам, десничарски либерализам, анархо-капитализам, палеолиберализам, неолиберализам, реакционизам, традиционализам, ројализам, религиозна десница, национализам, милитаризам, продуцеризам, нативизам, реализам или едноставно како спротивно од левичарската политика.
Поимот настанал во Француската револуција, кога либералите од третиот ред граѓани седеле на лево од претседателската фотелја, навика што започнала во 1789. Благородништвото, членови на вториот ред, седеле на десно. На подоцнежните законодавни собири, монархистите кои го поддржувале стариот режим биле нарекувани десничари затоа што седеле на десната страна. Сѐ уште е традиција во Народното собрание на Франција претставниците да седат на лево и десно од претседателот, според нивната политичка ориентираност.
Кога потеклото на овој термин избледеало, неговото значење се сменило, така што означува нечија ориентираност според идеите, ставовите и гледната точка. Денес, терминот речиси секогаш вклучува некои форми на конзерватизам.
Некои велат дека политичката десница ги вклучува оние форми на либерализам што го потцртуваат слободниот пазар повеќе од еднаквоста на богатсвото, но некои велат дека имаат дводимензионален политички спектар што поубаво ги опишува нивните погледи. Многу анархисти (вклучувајќи ги либерал-социјалистите) исто така одбегнуваат да ги претставуваат своите погледи со класичниот политички спектар.