Гроб: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 23: | Ред 23: | ||
* „Светли гробови “ - песна на српскиот поет [[Јован Јовановиќ - Змај]].<ref>Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 159-163.</ref> |
* „Светли гробови “ - песна на српскиот поет [[Јован Јовановиќ - Змај]].<ref>Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 159-163.</ref> |
||
* „На гробот на Хафис “ (''На гробу Хафисовом'') - песна на српскиот поет [[Јован Јовановиќ - Змај]].<ref>Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 39.</ref> |
* „На гробот на Хафис “ (''На гробу Хафисовом'') - песна на српскиот поет [[Јован Јовановиќ - Змај]].<ref>Јован Јовановиħ Змај, ''Песме''. Београд: Рад, 1963, стр. 39.</ref> |
||
* „На гробот на |
* „На гробот на [[Дениција]]“ - песна на македонскиот поет [[Петре М. Андреевски]].<ref>Петре М. Андреевски, 'Дениција''. Скопје: Три, 2005, стр. 53-54.</ref> |
||
* „Гробот на слатката душа“ (''Гроб слатке душе'') - расказ на српскиот писател [[Петар Кочиќ]].<ref>Петар Кочић, ''Јаблан и друге приповетке''. Београд: Просвета, 1971, стр. 16-22.</ref> |
|||
== Наводи == |
== Наводи == |
Преработка од 21:13, 8 септември 2016
Гробот е место каде што е погребана едно или повеќе лица или е погребано некое животно. Гробовите обично се на места означени како гробишта, а во минатото се познати под терминот некропола.
Гробовите можат да содржат архитектонски објекти, структури и делови кои на археолозите ќе им обезбедат појаснување за животот и културата за времето во кое настанал гробот. Во некои религии се верува дека телото мора да биде недопрено, за да преживее душата.
Гробот претставува вечен дом на покојните, како таков тој е табуизиран и сакрален. Местото за погребување на починатите најчесто се поставувало на некој рид (за да имаат прегледност). Починатите се закопуваат на местата каде се погребани и нивните претци, членови на семејството. Ретко се случува некој да биде погребан на друго место и тоа само по сопственото барање или во случај да загинал во војната, далеку од сопствениот дом. Се случувало по посебна желба на покојниот да биде закопан на некое гранично место (меѓа помеѓу имотите, граница помеѓу селата или регионите) поради што постоеле судири меѓу луѓето. Ова се правело поради табуизација на могилата, самото тоа значело дека тоа место нема да се скрнави, преместува или да претставува понатаму проблем за заинтересираните страни.
Гробовите се копале по утврдени правила; местото предвидено за гроб се кадело и се полевало со вино, кога ќе започнело копањето не смеело да се прекине без разлика на временските услови или природни препреки, остатоците од претходно погребаните покојни (коски, делови од облека, камења кои можеле да претставуваат обележје) се виткале во платно и при погребувањето на покојникот биле враќани во гробот, копањето на гробот не се наплатувало. Доколку заврнел дожд при копање на гробот се верувало дека од истото домаќинство ќе почине уште некој до една година. Гробовите биле поставени во правец запад- исток, свртени со главата кон исток. Нашите далечни претци биле погребувани без ковчег, покриени со платно, рогозина или чаршаф, во гробот му се оставани подароците и личните предмети на покојниот. Над гробот, на местото каде се наоѓа главата се поставувало обележје, камен, се садело цвеќе, дрво и крст.
Колку му била придавана важност на гробот сведочи и народната клетва, една од најтешките: ‘гробот да не му се знае’ или ‘да нема ни гроб, ни пород’. Почитта кон гробовите била потполна без разлика на верската или етничката или друга припадност. На гробот се обавувале обреди за братимење, се верувало дека болните можат да се излечат ако преспијат на гробот, ако го допрат или со помош на магиите кои се подготвувале со земјата од гробот на непознат човек. Во старите времиња луѓето се заколнувале врз гробот на своите најблиски.
Гробовите на починатите до година дена од погребот биле посетувани, за душата на покојниот се раздавала храна, се носело цвеќе, се кадел гробот, се пресипувал со вино. За да го покажат своето пристигање на гробот луѓето кршеле орев, бадем или лешник врз надгробната плоча, каменот или крстот. Понекогаш врз гробовите саделе растенија со трње, за дивите зверови и демонски животни да не го вознемируваат починатиот, но и да го заштитат од повампирување. Во Јужна Србија постои верување дека сушите настануваат доколку живите не искажат доволно почит кон починатите, во такви пригоди се одело на гробишта каде се раздавало за душата на починатите, а дрвените крстови се полевале со вода, некаде се носеле во река за да се потопат, па биле враќани на гробовите. Се верувало дека доколку гробот не се исчисти на задушниците и празниците посветени на мртвите и доколку над гробот не се раздаде храната каква што ја сакал покојниот, тој може да им наштети на домашните, да усмрти некое корисно животно, дури и да го разболи лицето што му предизвикало лутина.[1]
Гробот како тема во уметноста и во популарната култура
Гробот се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура, како:
- „Закопување на мртвите“ - песна од поемата на Томас Стернс Елиот „Пуста земја“ од 1922 година.[2]
- „Смрт од вода“ - песна од поемата на Томас Стернс Елиот „Пуста земја“ од 1922 година.[3]
- „На гробот на пријателот“ (Na grobu prijatelja) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[4]
- „Гробница на убавината“ (Гробница лепоте) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[5]
- „Гробот на вљубениот“ - песна на арапскиот поет Ибн ал-Му'таз.[6]
- „Гробот на Григ“ (Grigov grob) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.[7]
- „За војничките гробишта“ (Za vojnička groblja) - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1964 година.[8]
- „Трње на гробот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[9]
- „Светли гробови “ - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[10]
- „На гробот на Хафис “ (На гробу Хафисовом) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[11]
- „На гробот на Дениција“ - песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски.[12]
- „Гробот на слатката душа“ (Гроб слатке душе) - расказ на српскиот писател Петар Кочиќ.[13]
Наводи
- ↑ Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.
- ↑ T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 41-43.
- ↑ T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 51.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 41.
- ↑ Vladislav Petković Dis. Beograd: Mlado pokolenje, 1971, стр. 22-25.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 50.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 106.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 172.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 63.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 159-163.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 39.
- ↑ Петре М. Андреевски, 'Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 53-54.
- ↑ Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 16-22.