Внатрешен пазар (Европска Унија): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Историски развој: Исправка на име, replaced: Европски Суд на Правдата → Европски суд на правдата |
с Додадена категорија, replaced: Договорот од Мастрихт → Мастришкиот договор (2) |
||
(Не се прикажани 4 меѓувремени преработки од 2 корисници) | |||
Ред 13: | Ред 13: | ||
Сепак, ЕЕЗ се бореше да создаде и спроведе единствен пазар поради отсуство на силни структури за одлучување. Беше тешко да се отстранат нематеријалните бариери со заемно признавање на стандардите и заедничките регулативи заради заштитнички ставови. |
Сепак, ЕЕЗ се бореше да создаде и спроведе единствен пазар поради отсуство на силни структури за одлучување. Беше тешко да се отстранат нематеријалните бариери со заемно признавање на стандардите и заедничките регулативи заради заштитнички ставови. |
||
Во средината на |
Во средината на осумдесеттите години на 20 век, кога економијата на ЕЕЗ почна да заостанува зад развиениот свет, Комисијата на Делор презеде иницијатива и во обид да повторно го започне заеднички пазар, во 1985 објави насоки и упатства, идентификувајќи 300 мерки со кои треба да се справат со цел да биде завршен единствениот пазар<ref>{{наведена книга|last=Cockfield|first=Arthur|title=''European Union: Creating The European Single Market''|url=https://books.google.com/books?id=cGnsAAAAMAAJ|year=1994|publisher=Wiley Chancery Law|access-date=28 March 2017|isbn=9780471952077}}</ref><ref>{{cite web|last=Barnes|first=John|title=''Lord Cockfield''|url=https://www.independent.co.uk/news/obituaries/lord-cockfield-432900.html|work=The Independent| access-date=28 March 2017}}</ref><ref>{{cite web|url= http://archives.eui.eu/en/files/transcript/15166.pdf|title=''EU Archives''|publisher=European Union|access-date=28 March 2017}}</ref>. Насоките и упатствата беа добро прифатени и доведоа до усвојување на Единствениот европски акт, договор кој ги реформираше механизмите за донесување на одлука на ЕЕЗ и постави рок до 31 декември 1992 година за завршување на единствениот пазар. На крајот, единствениот пазар беше лансиран на 1 јануари 1993 година<ref>{{cite web|url=https://www.bbc.co.uk/news/world-europe-11769554|title=EU glossary: Jargon S-Z|access-date=17 June 2016}}</ref>. |
||
Новиот пристап, чијшто претеча беше Комисијата на Делор, направи комбинација на позитивна и негативна интеграција, се заснова на минимална усогласеност, а не на целосна усогласенност. Негативната интеграција се состои од забрани наметнати врз земјите-членки кои имаат дискриминаторно однесување и други ограничувачки практики. Позитивната интеграција се состои од приближување на закони и стандарди. Во овој поглед, особено значајно (и контраверзно) е усвојувањето на усогласувачко законодавство според член 114 од ТФЕУ (Договор за функционирање на Европската Унија). |
Новиот пристап, чијшто претеча беше Комисијата на Делор, направи комбинација на позитивна и негативна интеграција, се заснова на минимална усогласеност, а не на целосна усогласенност. Негативната интеграција се состои од забрани наметнати врз земјите-членки кои имаат дискриминаторно однесување и други ограничувачки практики. Позитивната интеграција се состои од приближување на закони и стандарди. Во овој поглед, особено значајно (и контраверзно) е усвојувањето на усогласувачко законодавство според член 114 од ТФЕУ (Договор за функционирање на Европската Унија). |
||
Ред 19: | Ред 19: | ||
Комисијата, исто така, сметаше на правната наука во случајот ,,Касис де Дижон’’ (случај 120/78<ref>{{cite web|url=http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=CELEX:61978J0120:EN:NOT|title=? – EUR-Lex|access-date=17 June 2016}}</ref>) на [[Европски суд на правдата|Европскиот суд на правдата]], според која земјите-членки се обврзани да признаваат добра кои законски се направени во друга земјите-членки, освен доколку земјите-членки може да го оправда ограничувањето со повикување на задолжително барање. Усогласувањето ќе се искористи само за надминување на бариерите создадени од трговските ограничувања кои опстанаа и по задолжителниот тест за барања од случајот ,,Касис’’, и да обезбедат неопходни стандарди каде постои ризик за одење до крај. |
Комисијата, исто така, сметаше на правната наука во случајот ,,Касис де Дижон’’ (случај 120/78<ref>{{cite web|url=http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=CELEX:61978J0120:EN:NOT|title=? – EUR-Lex|access-date=17 June 2016}}</ref>) на [[Европски суд на правдата|Европскиот суд на правдата]], според која земјите-членки се обврзани да признаваат добра кои законски се направени во друга земјите-членки, освен доколку земјите-членки може да го оправда ограничувањето со повикување на задолжително барање. Усогласувањето ќе се искористи само за надминување на бариерите создадени од трговските ограничувања кои опстанаа и по задолжителниот тест за барања од случајот ,,Касис’’, и да обезбедат неопходни стандарди каде постои ризик за одење до крај. |
||
До 1992 година, околу 90 проценти од проблемите се решија<ref name="EP">{{cite web|url=http://www.europarl.europa.eu/factsheets/3_1_0_en.htm|title=Introduction – EU fact sheets – European Parliament|access-date=17 June 2016}}</ref> и во истата година |
До 1992 година, околу 90 проценти од проблемите се решија<ref name="EP">{{cite web|url=http://www.europarl.europa.eu/factsheets/3_1_0_en.htm|title=Introduction – EU fact sheets – European Parliament|access-date=17 June 2016}}</ref> и во истата година Мастришкиот договор ја постави основата за создавање на економски и монетарен сојуз како следно ниво од интеграција. Спроведувањето на работата на слободата на услуги одзеде повеќе време и беше последната слобода која се спроведува, главно преку Директивата за назначување на работници (усвоена 1996 година<ref name="Directive 96/71/EC">Directive 96/71/EC</ref>) и Директивата за услуги во внатрешниот пазар (усвоена во 2006 година<ref name="Directive 2006/123/EC">Directive 2006/123/EC</ref>). |
||
Во 1997 година, Договорот од Амстердам ги укина физичките бариери за внатрешниот пазар преку воспоставување на Шенген зона во рамките на надлежностите на ЕУ. Договорот од Шенген го спроведува укинувањето на гранична контрола меѓу повеќето земји-членки, општите правила за виза, како и полициска и судска соработка<ref>{{cite web|url=http://ec.europa.eu/justice_home/fsj/freetravel/schengen/fsj_freetravel_schengen_en.htm|title=Justice policies at a glance – European Commission|access-date=17 June 2016}}</ref>. |
Во 1997 година, Договорот од Амстердам ги укина физичките бариери за внатрешниот пазар преку воспоставување на Шенген зона во рамките на надлежностите на ЕУ. Договорот од Шенген го спроведува укинувањето на гранична контрола меѓу повеќето земји-членки, општите правила за виза, како и полициска и судска соработка<ref>{{cite web|url=http://ec.europa.eu/justice_home/fsj/freetravel/schengen/fsj_freetravel_schengen_en.htm|title=Justice policies at a glance – European Commission|access-date=17 June 2016|archive-date=2010-04-17|archive-url=https://web.archive.org/web/20100417141114/http://ec.europa.eu/justice_home/fsj/freetravel/schengen/fsj_freetravel_schengen_en.htm|url-status=dead}}</ref>. |
||
Дури и со стапувањето во сила на [[Договорот од Лисабон]] во 2009 година, одредени области кои се однесуваат на четирите слободи (особено на полето на услугите) сè уште не се целосно отворени. Овие, заедно со понатамошната работа на |
Дури и со стапувањето во сила на [[Договорот од Лисабон]] во 2009 година, одредени области кои се однесуваат на четирите слободи (особено на полето на услугите) сè уште не се целосно отворени. Овие, заедно со понатамошната работа на економскиот и монетарен сојуз дополнително ќе ја придвижат ЕУ кон Европски домашен пазар. |
||
==Слободно движење на добра== |
==Слободно движење на добра== |
||
Ред 89: | Ред 89: | ||
==Слободно движење на капитал== |
==Слободно движење на капитал== |
||
Слобдното движење на капитал е наменето да овозможи движење на инвестиции, како што се купување на имот и купување на акции меѓу држави. Сè до придвижувањето кон |
Слобдното движење на капитал е наменето да овозможи движење на инвестиции, како што се купување на имот и купување на акции меѓу држави. Сè до придвижувањето кон Економскиот и монетарен сојуз, развојот на капитални одредби се одвиваше бавно. По договорот од Мастрихт постоеја голем број на пресуди од ЕСП во поглед на оваа запоставена слобода. Слободното движење на капитал е дотолку оригинално што им се овозможува еднаков пристап и на земјите кои не се членки. |
||
Капитал, во рамките на ЕУ, може да се пренесе во која било количина од една во друга држава. Сите внатреевропски (во рамките на ЕУ) во евра се сметаат како домашно плаќање и подлежат на соодветните трошоци за трансфер. Ова ги вклучува сите земји-членки на ЕУ, дури и оние кои не се дел од еврозоната, доколку трансакциите се вршат во евра. Ставањето на такси за кредитните/дебитните картички и вадење пари од банкомат во рамките на еврозоната исто така се котизираат како домашни плаќања. Сепак, нарачките за кои се плаќа со хартиени пари, како што се чекови, сè уште не се стандардизирани, затоа овие се сметаат како со домашна основа. ЕЦБ, исто така воспостави систем за прочистување, чија цел е големи трансакции во евра. |
Капитал, во рамките на ЕУ, може да се пренесе во која било количина од една во друга држава. Сите внатреевропски (во рамките на ЕУ) во евра се сметаат како домашно плаќање и подлежат на соодветните трошоци за трансфер. Ова ги вклучува сите земји-членки на ЕУ, дури и оние кои не се дел од еврозоната, доколку трансакциите се вршат во евра. Ставањето на такси за кредитните/дебитните картички и вадење пари од банкомат во рамките на еврозоната исто така се котизираат како домашни плаќања. Сепак, нарачките за кои се плаќа со хартиени пари, како што се чекови, сè уште не се стандардизирани, затоа овие се сметаат како со домашна основа. ЕЦБ, исто така воспостави систем за прочистување, чија цел е големи трансакции во евра. |
||
Ред 100: | Ред 100: | ||
Услугите се разграничени од слободата на кадар врз основа на нивната времена, а на нивната постојана природа, и од слобното движење на работници врз основа на фактот дека слободата влијае на правните лица и поединци надвор од односот за вработување. Поглавје 3 од насловот IV се применува за услуги во случаи кога услугите ги поминуваат границите, или пак добавувачот ги поминува границите, или самата услуги ги поминува границите (на пример купување на [[семрежје]]то). |
Услугите се разграничени од слободата на кадар врз основа на нивната времена, а на нивната постојана природа, и од слобното движење на работници врз основа на фактот дека слободата влијае на правните лица и поединци надвор од односот за вработување. Поглавје 3 од насловот IV се применува за услуги во случаи кога услугите ги поминуваат границите, или пак добавувачот ги поминува границите, или самата услуги ги поминува границите (на пример купување на [[семрежје]]то). |
||
Слободата да се овозможат услуги директно е |
Слободата да се овозможат услуги директно е делотворна, што значи дека земјата-членка мора да се осигура дека националните закони нема да се косат со одредбите. Судот одобри и правила каде поставување на пречки за слободно овозможување на услуги може да произлезе и дискриминирачки правила или правила кои се применуваат во посебни случаи. |
||
Две директиви, исто така, се од особена важност – Директивата за деташирање на работници, која се вика и Директива за деташирани работници, и Директивата за услуги во внатрешниот пазар. |
Две директиви, исто така, се од особена важност – Директивата за деташирање на работници, која се вика и Директива за деташирани работници, и Директивата за услуги во внатрешниот пазар. |
||
Ред 123: | Ред 123: | ||
===Слободно движење за неекономски активните лица=== |
===Слободно движење за неекономски активните лица=== |
||
Според |
Според Мастришкиот договор, правата на економски активните лица за слободно движење во рамките на ЕУ се дополнети со ограничени права за неекономски активните државјани да се движат слободно во ЕУ, според член 20 (1) од ТФЕУ и Директивата 2004/38/ЕЗ за правото за слободно движење и правото за слободно живеење во ЕУ. |
||
===Шенген зона=== |
===Шенген зона=== |
Последна преработка од 10:52, 7 февруари 2023
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Внатрешниот пазар на Европската Унија (понекогаш познат како Единствен пазар, порано познат како Заеднички пазар) се труди да обезбеди слободно движење на добра, капитал, услуги и луѓе, четирите слободи на ЕУ[1][2][3][4], во рамките на 27 земји-членки. Внатрешниот пазар е наменет да биде погоден за зголемената конкуренција, зголемената специјализација, поголемата економија на обем, да им овозможи на добрата и факторите на производство да се движат во област каде се најценети, а со тоа да се подобри ефикасноста на распределбата на ресурси. Исто така, за цел има да ја движи економската интеграција, додека да одделните економии на земјите-членки се интегрираат во рамките на единствена широка економија на ЕУ. Половина од трговијата на ЕУ е опфатена од законодавството усогласено од ЕУ.
Историски развој
[уреди | уреди извор]Две од освните и главни цели на Европската економска заедница (ЕЕЗ) беа развојот на заеднички пазар, кој ќе понуди слободно движење на добра, услуги, луѓе и капитал. Слободно движење на добра е основано како принцип со помош на царниската унија меѓу тогашните шест земији-членки.
Сепак, ЕЕЗ се бореше да создаде и спроведе единствен пазар поради отсуство на силни структури за одлучување. Беше тешко да се отстранат нематеријалните бариери со заемно признавање на стандардите и заедничките регулативи заради заштитнички ставови.
Во средината на осумдесеттите години на 20 век, кога економијата на ЕЕЗ почна да заостанува зад развиениот свет, Комисијата на Делор презеде иницијатива и во обид да повторно го започне заеднички пазар, во 1985 објави насоки и упатства, идентификувајќи 300 мерки со кои треба да се справат со цел да биде завршен единствениот пазар[5][6][7]. Насоките и упатствата беа добро прифатени и доведоа до усвојување на Единствениот европски акт, договор кој ги реформираше механизмите за донесување на одлука на ЕЕЗ и постави рок до 31 декември 1992 година за завршување на единствениот пазар. На крајот, единствениот пазар беше лансиран на 1 јануари 1993 година[8].
Новиот пристап, чијшто претеча беше Комисијата на Делор, направи комбинација на позитивна и негативна интеграција, се заснова на минимална усогласеност, а не на целосна усогласенност. Негативната интеграција се состои од забрани наметнати врз земјите-членки кои имаат дискриминаторно однесување и други ограничувачки практики. Позитивната интеграција се состои од приближување на закони и стандарди. Во овој поглед, особено значајно (и контраверзно) е усвојувањето на усогласувачко законодавство според член 114 од ТФЕУ (Договор за функционирање на Европската Унија).
Комисијата, исто така, сметаше на правната наука во случајот ,,Касис де Дижон’’ (случај 120/78[9]) на Европскиот суд на правдата, според која земјите-членки се обврзани да признаваат добра кои законски се направени во друга земјите-членки, освен доколку земјите-членки може да го оправда ограничувањето со повикување на задолжително барање. Усогласувањето ќе се искористи само за надминување на бариерите создадени од трговските ограничувања кои опстанаа и по задолжителниот тест за барања од случајот ,,Касис’’, и да обезбедат неопходни стандарди каде постои ризик за одење до крај.
До 1992 година, околу 90 проценти од проблемите се решија[10] и во истата година Мастришкиот договор ја постави основата за создавање на економски и монетарен сојуз како следно ниво од интеграција. Спроведувањето на работата на слободата на услуги одзеде повеќе време и беше последната слобода која се спроведува, главно преку Директивата за назначување на работници (усвоена 1996 година[11]) и Директивата за услуги во внатрешниот пазар (усвоена во 2006 година[12]).
Во 1997 година, Договорот од Амстердам ги укина физичките бариери за внатрешниот пазар преку воспоставување на Шенген зона во рамките на надлежностите на ЕУ. Договорот од Шенген го спроведува укинувањето на гранична контрола меѓу повеќето земји-членки, општите правила за виза, како и полициска и судска соработка[13].
Дури и со стапувањето во сила на Договорот од Лисабон во 2009 година, одредени области кои се однесуваат на четирите слободи (особено на полето на услугите) сè уште не се целосно отворени. Овие, заедно со понатамошната работа на економскиот и монетарен сојуз дополнително ќе ја придвижат ЕУ кон Европски домашен пазар.
Слободно движење на добра
[уреди | уреди извор]Царински давачки и оданочување
[уреди | уреди извор]Евроската Унија, исто така, е и царинска унија. Ова значи дека земјите-членки ги отстранија царинските бариери меѓу нив и воведоа заедничка царинска политика кон други држави. Целосната намера на давачките е ,, да обезбеди нормални услови на конкуренција и да ги отстрани сите ограничувања од фискална природа кои можат да го попречат слободното движење на добра во рамките на заедничкиот пазар ‘’ (предмет 27/67 Финк против Фрухт)[14].
Преку договор меѓу Унијата и други засегнати држави, Андора, Монако, Сан Марино и Турција, и овие држави учестуваат во Царинската унија на ЕУ.
Царински давачки
[уреди | уреди извор]Членот 30 од ТФЕУ им забранува на земјите-членки да ставаат данок и давачки на добра кои преминуваат граница, и за добрата произведени во ЕУ и за добрата произведени надвор од ЕУ. Штом едно добро ќе биде увезено во ЕУ од трета земја и ќе се платат соодветните царини, членот 29 од ТФЕУ вели дека оттогаш ќе се сметаат дека се во слободно движење меѓу земјите-членки[15].
Ниту намената на давачката, ниту нејзиното име во домашниот закон, е релевантно. (предмет 7/68 Комисијата против Италија).
По Единствениот европски акт не постои систематска царинска контрола на границите на земјите-членки. Акцент се става на после увозната ревизиска контрола и анализа на ризикот. Физичката контрола на увозот и извозот сега се случува во трговски простории, отколку на територијалните граници.
Такси имаат ист ефект за царински давачки
[уреди | уреди извор]Членот 30 од ТФЕУ забранува да имаат ист ефект не само царински давачки туку и таксите. Европскиот суд на правда го дефинира истиот ефект на такса во случајот 24/68 на Комисијата против Италија. Секој парична такса, колку и да е мала и која било да е нејзината назнака и нејзиниот начин на примена, кој е наметнат еднострано за домашни или странски добра со тоа што тие поминуваат граница, и која не е царинска давачка во потесна смисла, претставува такса со еднаков ефект... дури и ако не е наметната за корист на државата, не е дискриминаторна или со заштитнички став и ако производот врз кој таксата е наметнат не е во конкурентен однос со кој било домашен производ. (Случај 24/58 на Комисијата против Италија[16])
Таксата е царинска давачка доколку е пропорционална со вредноста на добрата. Доколку е пропорционална со квантитетот, се смета како такса која има ист ефект со царинска давачка (предмет 87/75 на Bresciani v Amministrazione Italiana delle Finanze- Брешиани против Италијанската администрација за финансии)[17].
Постојат три исклучоци за забрана на такси наметнати врз добра кои преминуваат граница, подредени во предметот 18/87 на Комисијата против Германија. Таксата не е царинска давачка или мерка која има ист ефект доколку:
- Се однесува на општ систе на внатрешни чланарини кои се применуваат систематски во согласност со истите критериуми за домашните производи и таквите увозните производи (случај 132/78 на Денквит против Франција[18]),
- Создава плаќање на услуги дадена на економски оператор во сума која е пропорционална на услугата (случај 158/82 на Комисијата против Данска[19]), или
- Е предмет на одредени услови, доколку се припишува на инспекции спреведени за да ги исполната обврските наметнати од законот на Заедницата (случај 46/76 на Бови против Холандија[20]).
Оданочување
[уреди | уреди извор]Член 110 од ТФЕУ обезбедува: Ниедна земја-членка нема да наметнува, директно или индиректно, на производите од друга земја-членка какво било внатрешно оданочување како дополнение на она наметнато директно или индиректно на слични домашни производи.
Дополнително, ниедна земја-членка нема да наметнува врз производите од друга земја-членка какво било внатрешно оданочување од таква природа за да овозможи индиректна заштита на други производи.
Во предметот 323/87 на Комисијата против Италија (оданочување на рум), 1989 ЕЦР 2275.Во текстот на ЕСП се вели: Судот постојано велеше дека целта на член 90 ЕЗ [сега член 110], во целина, е да обезбеди слободно движење на добра, меѓу земјите-членки под нормални услови на конкурентност, со тоа што сите форми на заштита, кои можат да резултираат од примената на дискриминаторното внатрешно оданочување против производи од други земји-членки, ќе се отрстранат и дека ќе гарантираат апсолутна неутралност на внатрешното оданочување како што бара конкуренцијата меѓу домашните и увозните производи (провери ја пресудата од 9 јули 1987 во предметот 356/85 на Комисијата против Белгија- оданочување на вино и пиво), 1987 ЕЦР 3299.[21])
Квантитативни ограничувања и мерки кои имаат ист ефект
[уреди | уреди извор]Како дополнение на забранувањето на царинските давачки и дискриминаторните такси, ТФЕУ во член 34 забранува квоти и ,,мерки кои имаат ист ефект’’. Но што се тоа мерки кои имаат ист ефект и како тие влијаат на трговијата меѓу земјите-членки? Договорот не дава одговор на овие прашања и Европскиот суд на правдата веќе неколку децении обезбедува детално толкување на член 34 како прецедентно право. Во едно добро позната серија на случаи кои започнуваат со случајот 8/74 на Дасонвил, продолжуваат со случајот 120/78 на Касис де Дижон и кулминираат со случајот 267/91 на Кек против Митуард, судот рече дека дискриминирачките или недискриминирачките правила на земјите-членки (оттаму не акции на приватните корпорации или поединци) кои ја попречуваат трговијата ќе се сметаат за нелегални.
Директни дискриминирачки правила
[уреди | уреди извор]Директните дискриминирачки правила разликуваат меѓу националните добра и увезените добра во закон и во суштина. Забранаа на увози наметнати од држава А за добра од држава Б е директно дискриминирачки, но ограничувањата не мора да бидат во форма на забрани или квоти. Земја-членка може да води рекламни и промотивни кампањи што ги фаворизира домашните производи, или може да наметне повисоки цени или поригорозни услови (како здравствена инспекција) за увозните добра. Важен фактор за дискриминацијата е што домашните производи не се предмет на дополнителни тешкотии, и затоа имаат предност.
Индиректни дискриминирачки правила
[уреди | уреди извор]Индиректните дискриминирачки правила кои ја попречуваат трговијата не се разликуваат во правото, туку во суштина. Со нив се наметнува поголеми обврски на увозниците поради дополнителна работа која треба да се заврши со цел производот да се пласира на пазарот. Иако, во правото правилата се применуваат еднакво за домашните производители и увозниците, во реалност обврските се врз увозниците, а домашните производители се согласуваат со правилата. Доколку, исто така, производот се наоѓа на пазарот во бројни земји-членки, извезувачот од земја А може да биде предмет на многу различни режими колку што постојат и држави во кои се увезува производот.
На пример, (замислен) закон во држава А е дека одредени алкохолни пијалаци не смеат да содржат повеќе од 20% алкохол. Производител од држава Б произведува и редовно извезува пијалаци кои содржат 25% алкохол. Законот во државата А се однесува на сите оние кои сакаат да го пласираат на пазарот алкохолни пијалаци, било да се од домашно производство или странско производство. Во тој поглед, тие не дискриминираат. Од друга страна, како резултат на нивното пристуство, законски пласиран пијалак од државата Б или треба да биде изменет и неговата содржина на алкохол да биде намалена на 20% алкохол или пак не смее да се продава на тој пазар. Законот на ЕУ, според ситуациите спомнати во претходниот параграф, забрануваат ваков вид на разграничување, односно иако законот изгледа се однесува еднакво кон сите страни, сепак во суштина ги фаворизира домашните производители.
Побарувања за производите и одредени договори за продажба
[уреди | уреди извор]Вообичаено, можат да се отворат обвиненија против секое правило што му создава непријатности на трговецот, а ова вклучува многу широк опсег на правила. Според тоа, во последниот наведен случај, Кек, и оние што го следеа, судот одлучи дека само правилата за побарувањата за производот (форма, големина, боја итн.) треба да бидат незаконски, додека пак оние кои се однесуваат на договорите за продажба (време на работење, условие за обука на кадарот итн.) нема да се сметаат за незаконски. Поделбата беше обид да се ограничи бројот на случаи на оние ситуации каде, во отсуство на дискриминација, постои вистинска опасност да увозникот трпи двојна обврска.
Оправдувања
[уреди | уреди извор]Во одредени околности, земјите-членки чиишто правила повеќе не се применуваат можат да претстават аргументи за да ги одбранат. За правила кои дискриминираат, одбрана ќе се овозможи според член 36 кој меѓу другото, зборува за јавното здравство и јавниот морал. На пример, ограничување на увоз на месо од одредени земји ќе биде законски доколку е медицински одобрено. Ограничување на увоз на порнографски материјали може да се оправда доколку таквите материјали не се достапни во наведената земја-членка.
Недискриминирачките правила можат да се оправдат не само со упатување на член 36, но и на список на исклучоци направена од судот и се изнесени во случајот,,Касис де Дижон” (случај 120/78 Рев-Централ АГ против Бундесмонополфервалтунг фуа Брантвајн).
Слободно движење на капитал
[уреди | уреди извор]Слобдното движење на капитал е наменето да овозможи движење на инвестиции, како што се купување на имот и купување на акции меѓу држави. Сè до придвижувањето кон Економскиот и монетарен сојуз, развојот на капитални одредби се одвиваше бавно. По договорот од Мастрихт постоеја голем број на пресуди од ЕСП во поглед на оваа запоставена слобода. Слободното движење на капитал е дотолку оригинално што им се овозможува еднаков пристап и на земјите кои не се членки.
Капитал, во рамките на ЕУ, може да се пренесе во која било количина од една во друга држава. Сите внатреевропски (во рамките на ЕУ) во евра се сметаат како домашно плаќање и подлежат на соодветните трошоци за трансфер. Ова ги вклучува сите земји-членки на ЕУ, дури и оние кои не се дел од еврозоната, доколку трансакциите се вршат во евра. Ставањето на такси за кредитните/дебитните картички и вадење пари од банкомат во рамките на еврозоната исто така се котизираат како домашни плаќања. Сепак, нарачките за кои се плаќа со хартиени пари, како што се чекови, сè уште не се стандардизирани, затоа овие се сметаат како со домашна основа. ЕЦБ, исто така воспостави систем за прочистување, чија цел е големи трансакции во евра.
Слободно движење на услуги
[уреди | уреди извор]Слобдното движење на услуги и кадри им овозможува на самовработените лица да се движат меѓу земји-членки со цел да обезбедат услуги, повремено или постојано. Иако услугите претставуваат меѓу шеесет и седумдесет проценти од БДП, законодавството во оваа област не е толку развиено како во другите области. Директивата за услуги во внатрешниот пазар, чијашто цел е да се либерализира прекуграничната набавка на услуги, се однесува за оваа празнина. Според договорот, набавката на услуги е преостаната слобода, што се применува само доколку ниту една друга слобода не се остварува.
Слободното движење на услуги е одредено во член 56 од ТФЕУ, со дополнително упатување кон членот 57 па сè до член 62 од ТФЕУ. Исклучоци се спомнуваат во член 51 до член 55 од ТФЕУ (заеднички со слобода за кадар). Слободата забранува ограничувања на слободното движење на услуги во земјите-членки. Услугите се дефинирани како негативно, ,, нормално тие се однсесуваат за исплата, сè додека тие не се водени од одредебите кои се однесуваат на слободата на движење на добра, капитал и услуги.’’ (член 57 ТФЕУ). Услугите се разграничени од слободата на кадар врз основа на нивната времена, а на нивната постојана природа, и од слобното движење на работници врз основа на фактот дека слободата влијае на правните лица и поединци надвор од односот за вработување. Поглавје 3 од насловот IV се применува за услуги во случаи кога услугите ги поминуваат границите, или пак добавувачот ги поминува границите, или самата услуги ги поминува границите (на пример купување на семрежјето).
Слободата да се овозможат услуги директно е делотворна, што значи дека земјата-членка мора да се осигура дека националните закони нема да се косат со одредбите. Судот одобри и правила каде поставување на пречки за слободно овозможување на услуги може да произлезе и дискриминирачки правила или правила кои се применуваат во посебни случаи.
Две директиви, исто така, се од особена важност – Директивата за деташирање на работници, која се вика и Директива за деташирани работници, и Директивата за услуги во внатрешниот пазар.
Право на основање
[уреди | уреди извор]Принципот на правото на основање ја наоѓа својата основа од член 49 до член 55 од ТФЕУ. За подобро да се разбере слободата на основање, член 49 и член 54 често се разгледуваат заедно. Според член 49 ,,...ограничувања на слободата на основањето на државјани од земјите-членки на територијата на друга земји-членка се забранува... Слобода на основање вклучува правото да се преземат и следат активности како самовработени лица и да се воспостави и управува со потфати, особено со компании или фирми во рамките на значењето на ставот два од член 54...’’ Вториот став ги дефинира ,, компаниите или фирмите” како ,, ... компании или фирми основани според граѓанското или комерцијалното право, вклучувајќи ги корпоративните општества, и други правни лица раковедени според јавното или приватното право, да се зачува за оние кои не прават профит.’’ Според тоа, правото на основање се доделува на правни лица и на физички лица. (Случај Ц-70/95 Sodemare at para. 26)
Приниципот нашироко се протолкува од Европскиот суд за правда. Сепак, неговите ограничувања буквално и одвај се протолкуваа. На пример во случајот на Рејнерс, Европскиот суд за правда сметаше дека ,, ... исклучоците кои се дозволуваат со првиот став... не може да им се даде опсег кој ќе ја надминува целта за која оваа клауза за исклучоци е вметната.’’ (Случај 2/74 Рејнерс против Белгија став 43). Целта на овој принцип е дека физичките лица, кои се државјани на земја-членка, и компании од Заедницата можат да преземат економски активности во секоја земја-членка на стабилен и постојан начин и не можат да бидат дискриминирани врз основа на националност или начинот на инкорпорација (погледни: Директива 2004/38/ЕЗ за право на движење и слободно живеење)
Слобода на движење на луѓе
[уреди | уреди извор]Слободата на движење на луѓе значи дека граѓаните на ЕУ можат слободно да се движат во други земји-членки за да живеат, работат, студираат или се пензионираат во друга држава. Со ова се побара намалување на административните формалности и поголемо признавање на професионалните квалификации во други земји.
Широко дефинирано, оваа слобода им овозможува на државјаните на една земја-членка да живеат и работат таму (постојано или повремено). Идејата на законодавството на ЕУ во ова поле е да се однесуваат еднакви со државјаните од други земји-членки со државјаните од земјата-домаќин – да не бидат дискриминирани.
Главната одредба за слободата за движење на луѓе е член 45 од ТФЕУ кој забранува ограничувања врз основа на националност.
Слободно движење на работници
[уреди | уреди извор]Работниците имаат право да слобдно се движат во различни земји-членки, да бараат работа или да бидат вработени под истите услови како државјаните од таа земја (предмет на бројни области на ограничување кои се разликуваат од земја до земја: ова значи дека во многу примери државјани од земја А кои работат одредена професија во земја Б, чиишто еквивалент државјанин од земја Б нема да биде овластен да ја извршува во земја А), број и придобивка од истите општествени и даночни предности. Ова право беше проширено од Судот за правда на членови на фамилија кои го придржуваат работникот иако нивното право произлегува од главниот носител. За да го имаат ова право, членовите на фамилијата мора да пополнат одредена документација. На пример, во Обединетото Кралство соодветен документ е семејната дозвола ЕЕА (Европска економска област).
Слободно движење за неекономски активните лица
[уреди | уреди извор]Според Мастришкиот договор, правата на економски активните лица за слободно движење во рамките на ЕУ се дополнети со ограничени права за неекономски активните државјани да се движат слободно во ЕУ, според член 20 (1) од ТФЕУ и Директивата 2004/38/ЕЗ за правото за слободно движење и правото за слободно живеење во ЕУ.
Шенген зона
[уреди | уреди извор]Со Шенген зоната сите земји-членки на ЕУ со исклучок на Бугарија, Кипар, Ирска, Романија и Обединетото Кралство, и трите држави кои не се земји-членки на Унијата, Исланд, Норвешка и Швајцарија, ги укинаа физичките пречки преку единствениот пазар со отстранување на граничните контроли.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „General policy framework“. Europa web portal. Посетено на 1 December 2014.
- ↑ „The European Single Market“. Europa web portal. Посетено на 28 May 2016.
- ↑ „Internal Market“. European Commission. Посетено на 17 June 2015.
- ↑ Barnard, Catherine (2013). „Competence Review: The Internal Market“ (PDF). Department for Business, Innovation and Skills. Посетено на 17 June 2015.
- ↑ Cockfield, Arthur (1994). European Union: Creating The European Single Market. Wiley Chancery Law. ISBN 9780471952077. Посетено на 28 March 2017.
- ↑ Barnes, John. „Lord Cockfield“. The Independent. Посетено на 28 March 2017.
- ↑ „EU Archives“ (PDF). European Union. Посетено на 28 March 2017.
- ↑ „EU glossary: Jargon S-Z“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „? – EUR-Lex“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „Introduction – EU fact sheets – European Parliament“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ Directive 96/71/EC
- ↑ Directive 2006/123/EC
- ↑ „Justice policies at a glance – European Commission“. Архивирано од изворникот на 2010-04-17. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ Case 27/67 Fink-Frucht
- ↑ Case 7/68 Commission v Italy
- ↑ „? – EUR-Lex“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „? – EUR-Lex“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „? – EUR-Lex“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „? – EUR-Lex“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ „? – EUR-Lex“. Посетено на 17 June 2016.
- ↑ Case 323/87 Commission v Italy (Taxation of rum), 1989 ECR 2275.