Селим I
Селим І (1512 - 1520[1]) (отомански: سليم اوّل, турски: I.Selim) со прекар ” Грозниот„, или „Немилосрдниот„ бил деветтиот султан на Отоманското Царство. Тој ги зазел светите места Мека и Медина и се објавил за калиф. Ги погубил сите свои роднини како и околу 40 000 шиити.
Селим I سليم اوّل I.Selim | ||
Роден | 10 октомври 1470 Амасија, Отоманското Царство | |
---|---|---|
Починал | 21 септември 1520 Одрин Отоманското Царство |
Во времето на неговото владеење, Селим I успеал да ги прошири своите граници кон југ и исток. Тој успешно ги поразил Мамелуците, по кое ги зазел современите Сирија, Либан, Палестина и Египет, вклучувајќи го и светиот град Ерусалим, како и Каиро, престолнината на Абасидите. По ова, тој се прогласил за калиф во империјата. Селим I ја освоил и Сефавидската империја, но набргу потоа Сефавидите повторно го освоиле источниот дел од империјата заедно со градот Багдат. Империјата воспоставила морнарица во Црвено Море. Ова главно се споровело поради поморските војни со Португалија кои се воделе главно за трговијата. Во текот на овој период, империјата натпреваруваа со големите европски колонијални сили, во Индиски Океан. Голем број на флоти, со војници и оружје, биле испраќани за поддршка на муслиманските владетели во Кенија и во Ачех. Овде Отоманците изградиле тврдина кои биле обезбедувани со топови.
Во 1514 година, отоманските сили на чело со Селим издвојувале голема победа над Сефевидите, со кое била обезбедена источната граница на земјата.
Успеси на Селим I:
Рани години
уредиСелим бил син на турскиот султан Бајазит II. Кога султанот Бајазит II почнал да му укажува јасна предност на својот втор син, Ахмед, Селим се исплашил за својата иднина. Балканскиот намесник на османлискиот султан се побунил, и на чело на мала армија храбро марширал кон Истанбул. Најверојатно, Селим се надевал дека бунтовниците во главниот град ќе го поддржат, но згрешил. Во битката, неговиот татко Бајазит II, кој предводел огромна војска, лесно го поразил Селим, и тој морал да избега во Кримскиот ханат, каде на султанот му било тешко да го зароби. Во северниот регион на Црно Море меѓу Кримските Татари бегалецот решил да исплива од тешките времиња и повторно да ја започне борбата за своето наследство. Во 1512, султанот Бајазит II направил редок чекор меѓу монарсите на светот: тој доброволно абдицирал од Високата Порта и, за да избегне војна, ја предал власта на синот Селим по кое и набргу починал.[2].
Доаѓање на власт
уредиВраќањето на Селим од Крим до Цариград, наликувало на воен триумф. Новиот султан Селим I одговорил на великодушноста на својот татко, со наредба да се убијат сите машки роднини, кои би можеле да го загрозат неговиот престол. За ова тој го заработил прекарот – Јавуз, што на турски значи “мрачен.”
Војна со Персија
уредиПотоа султанот Селим, како побожен сунитски муслиман, почнал насилно да воспоставува единствена исламска религија во Османлиското Царство. По наредба на султанот во земјата загинале повеќе од 40.000 Шиити, а нивниот имот бил ограбен. Многу Шиити морале да побараат засолниште надвор од империјата. Гонењето на Шиитите неизбежно довело до војна меѓу Османлиското Царство и Персија.
Во јуни 1515 Селим тргнал со војска од 60.000 да изврши инвазија врз Персија. Селим имал голема и добро вооружена коњица, пешадија, опсадна и тешка артилерија. Пешадијата била вооружена со огнено оружје, иако мошне примитивно. Инвазијата на Персија започнала во Сивас. Турската војска преку Ерзурум дошла до горниот тек на реката Еуфрат. Персијанците ја користеле против тактиката „изгорена земја “, која не ги дала саканите резултати. Турците слободно пристапиле на градот Хој, околу кој персискиот Шах собрал многуилјадна коњаница од ориентален тип. На 23 август на источниот брег на реката Еуфрат кај Халдиран, Отоманците се судриле во битка со 50.000 персиска војска, на која лично и командувал шахот Исмаил.
Селим I успешно маневрирал на бојното поле со своите трупи, и освоил убедлива победа над Персијците. На турските гладни војници најзначаен им бил пленот од персискиот логор оносно огромните резерви на храна. Персиската армија која претрпела големи загуби во Битката кај Халдиран се разбегала по околните планини. Поразениот Шах Исмаил, ранет во битката, исто така, морал да се спасува со бегство. Султанот Селим I ја преселил својата војска на исток а во септември 1515 година ја искористил во главниот град на Персија, Тебриз, (денес главен град на Азербејџан). Од Тебриз Селим имал намера да ја продолжи воената кампања. Сепак, јаничарите се побуниле, а одбиле да одат понатаму и отоманските феудалци - тимариотите. Султанот, со морал да им попушти на барањата на армијата. Утеха му бил големиот воен плен од Тебриз, вклучувајќи го и трезорот на шахот. Од персискиот главен град Османлиите во Цариград испратиле илјадници најдобри мајстори да им служат на султанот и благородниците.
Султанот не успеал да ја повтори персиската кампања, иако имал намера да го направи тоа повторно. Дознавајќи дека арапските земји, Египет и Сирија се придружиле на воениот сојуз на персискиот шах, Селим решил да преземе соодветни дејствија против непријателот на Отоманската Порта.
Војна со Мамелуците
уредиОдносот меѓу Отоманците и Мамелуците веќе долго време биле непријателски. Двете држави се натпреварувале за контрола на трговијата со зачини, а Османлиите се стремиле кон преземање на светите исламски градови[3].
Султанот на мамелуците, Гансу ал-Гаури, се подготвувал за инвазија врз Османлиите од градот Алеп. Неговата империја до 1516 година како најголема исламска сила во светот чија територија ги опфаќала земјите од Египет до централна Анадолија заедно со Сирија и Палестина. Владетелот на Мека бил вазал на мамелучкиот султан. По зазимањето на Дијарбекир, османлиските територии не биле меѓусебно поврзани туку биле заобиколени од мамелучките земји во Меспотамија.
Египетскиот шах собрал 30000-на коњаница, и ја поставил на 16 километри северно од Алеп во Мерџ Дабик. Околу половина од коњаниците биле Мамелуци, а останатите биле арапски коњаници. Султанот немал ниту артилерија ниту пешадија. Армијата на Селим I изнесувала 40.000, од кои 15.000 биле коњаници тимариоти, 8000 – јаничари, 3000 – гарда-коњаница, и 15 000 пешадија. Во јули 1516 година Селим I, извршил ненадејна инвазија на Сирија. Во освоената Сирија, Селим I не можел да остане долго, но оставил во тврдините силни турски гарнизони. Тој повторно започнал агресивна кампања, овој пат против Египет, кој во тоа време бил една од најбогатите земји на Истокот. Во октомври 1516 година Османлиите го освоиле градот – тврдина Газа, а со тоа го отвориле патот кон Нил и египетската престолнина.
Во јануари 1517 година армијата на султанот со тешка опсадна артилерија дошла под ѕидините на Каиро. На отоманските Турци и се спротивставиле египетските Мамелуци, и остатоците од уништените сиријски војски. На 22 јануари под ѕидините на Каиро, се водела тешка борба која одлучила за судбината на Египет во наредните векови. Египет бил освоен од Отоманското Царство. Така отоманските владенија се прошириле не само на Балканот во Европа туку и во Азија, но и во Северна Африка. Шиитска Персија, која ги изгубила сите свои сојузници, иако имала побројна, но слаба армија, не можела да одолее. Воинствениот султан Селим I, за кратко време кон неговата држава присоединил голем дел од Мала Азија, и свечено себеси се прогласил себеси и за египетски султан и калиф.
Мека и Медина
уредиСелим, со успешните кампањи на освојување против Сирија и Египет, направил пат до светите, за секој вистински муслиман, градови Мека и Медина. Така, тој освоил големи признанија како водач и бранител на исламскиот свет. Тоа било признание за неговите големи воени достигнувања а не помалку и за големиот верски фанатизам како сунитски муслиман.
Последни години
уредиСелим I повеќе не бил нарекуван мрачен, туку Храбар и Жесток. Под негова власт Отоманското Царство станала признат водач на муслиманскиот исток, а империјата многу години понатаму не се соочувала со силни вооружени конфликти. Во последните години од својот живот султанот Селим I најчесто сонувал за освојување на Западна Европа и Средоземјето. Во 1520 тој потпишал воен сојуз со познатиот магребски пиратски адмирал, Барбароса, за подготовка на инвазија на турската армија во Шпанија. Пиратите од Магреб (модерните Алжир, Мароко и Тунис) биле сојузници на Отоманското Царство во војните против европските христијански држави.
Ни подоцна никој друг на Блискиот Исток не се осмелил да го предизвика султанот Селим I, со исклучок на верските немири во Сирија и Анадолија во годините 1518-1519, со кои војската на султанот лесно се справила.
Селим починал на возраст од педесетина години, подготвувајќи воена експедиција на островот Родос. Тој никогаш не успеал да спроведе многу свои планови. Неговото дело го продолжиле неговиот син и наследник Сулејман, кој од историјата го добил прекарот -Величествениот. Татко му добро го подготвил да управува со земјата и со силната армија.
Султанот Селим I е познат во светската историја по тоа што го означил почетокот на владеењето на Отоманското Царство на исток, и по дробењето на воената и политичка моќ на Персија. Неговата агресивна политика во голема мера ја одредила понатамошната воена експанзија на Отоманското Царство.
Наводи
уреди- ↑ Yavuz Sultan Selim Biography Архивирано на 29 септември 2007 г. Посетено на 2007-09-16
- ↑ The Classical Age, 1453-1600 Посетено на 2007-09-16
- ↑ Ottoman seapower and Levantine diplomacy in the age of discovery by Palmira Johnson Brummett p.52ff