Северногерманска Низина
Северногерманската Низина (герм. Norddeutsches Tieflan)[1] е еден од главните географски региони на Германија и претставува германски дел на Северноевропската Низина. Регионот е опкружен со бреговите на Северното и Балтичкото Море на север и Средишните Ридови[2] на југ.
На запад, јужната граница на низината ја образуваат Долносаксонските Ридови - особено сртот сочинет од Тевтобуршката шума, Виенските Ридови, Везерските Ридови и Долносаксонското Берде - кои делумно ја двојат од подрачјето на рамницата наречено Вестфалска Низина. Друг дел од јужната граница на низината образуваат Рајнските Шкрилни Планини: Ајфел, Бершкиот крај и Зауерланд. На исток, Северногерманската Низина продолжува и по Харц и Кифхојзер, сè до средносаксонскиот ридски крај и падините на Рудните Планини.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ или „Северногерманска Рамница“
- ↑ герм. Mittelgebirge
- ↑ Erzgebirge
- Ellenberg, Heinz. Vegetation Mitteleuropas mit den Alpen in ökologischer, dynamischer und historischer Sicht: 170 Tabellen. Stuttgart: Ulmer, 1996. ISBN 3-8252-8104-3.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Северногерманска Низина (англиски)
- „Северногерманска Низина“ - Енциклопедија Британика (англиски)