Министерство за образование и наука на Македонија

Министерството за образование и наука скратено МОН — министерство во состав на Владата на Република Македонија, според член 23 од Законот за организација и работа на ограните на државната управа (Сл.весник на Р Македонија бр 59/2000 од 21.07.2000 година).

Министерство за образование и наука
Зградата во која е сместено Министерството за образование и наука
Податоци за органот
Основан 1991¹
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 246[1] (2022)
Годишен буџет 25,179 милијарди MKD[2] (2018)
Надлежен министер Весна Јаневска
Мрежно место
mon.gov.mk
Белешки
¹Како министерство на Република Македонија

Министерството за образование и наука ги врши работите што се однесуваат на:

воспитанието и образованието од сите видови и степени;
организацијата, финансирањето, развојот и унапредувањето на воспитанието, образованието и науката;
воспитанието и образованието на децата на нашите ра ботници на привремена работа и престој во странство;
верификацијата на струките и профилите во образованието;
ученичкиот и студентскиот стандард;
технолошкиот развој, информатиката и техничката култура;
информацискиот систем;
меѓународната научно-техничка соработка;
надзорот од неговата надлежност и
врши други работи утрврдени со закон.

Во состав на Министерството за образование и наука се:

Педагошка служба;
Бирото за развој на образованието;
Управата за равој и унапредување на образованието на јазиците на националностите и
Државниот просветен инспекторат.

Бирото за развој на образованието има својство на правно лице.

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2019-10-19. Посетено на 2018-11-22.