Крсто Поле (логор)

„Крсто Поле“ (бугарски: Кръстополе, грчки: Σταυρούπολη) исто така познат по нејзиното турско име „Ени Ќој“ (бугарски: Еникьой, турски: Yeni Köy) — логор во истоименото село за време на втората светска војна. Создадено од тогашната фашистичка администрација во Бугарија со цел да ги ликвидирале противниците. Логор бил користен и за холокаустот против еврејското малцинство во Бугарија. Различни истакнати македонски партизани и активисти биле интернирани во логорот, меѓу најпознатите се Алексо Мартулков,[1] Венко Марковски, Никола Вапцаров и Христо Калајџиев

Крсто Поле
Кръстополе
Ени Ќој
Општи податоци
СтатусУкинат
МестоКрсто Поле, Скеча, Западна Тракија
Завршена1 септември, 1941
Затворена1944
СопственикЦарство Бугарија
Позната поЛогор за противници на фашистичка власт

Создаден е на 1 септември 1941 г. со исполнувањето на наредбата на тогашниот Министерски совет на Царство Бугарија, во документи логорот бил именуван како Населба на Државна сигурност № 2. Тој е најголемиот бугарски концентрационен лого за тоа време, во пролетта 1943 година таму било документирано 1467 затвореници.[2]

Во логорите власта претежно праќала дејци од БКП, ВМРО (Обединета) и други противници на власта на Богдан Филов. Логорот исто така имало улога во Холокаустот со нејзиното интернирање на лица од еврејско потекло.[3] Според „Кратка бугарска енциклопедија“ издадена во 1966 г. интернираните биле поставени при крајно тешки услови на живот.[4] Во том трети на „Енциклопедија Бугарија“ (1982 г.) се посочува, дека интернираните во логорот организирале и спроведувале политичка-просветна работа.[5]

Затворениците во логорот биле поделени во групи по својата професија, некои од тие професии биле столарски и машинско-технички работилници, кројачки, чевларски, ѕидарски и сликарски, каменорез и други групи. Според историската негационистичка бугарска историографија логорот имало зеленчукова градина од 60 хектари, чиј производ се користи за исхрана на затворениците, тие исто така наведуваат дека имало амбуланта со 10 лекари и стоматолошка ординација. Во бугарски извор, заради нивното негирањето во учеството на холокаустот, наведуваат дека во логорот не загинал ни еден затвореник.[2] Според други бугарски псевдоисторичари, во логорот поради особено тешките услови починал Стефан Миленков, секретар на Подрачниот комитет на РМС Благоевград..

Наводи

уреди
  1. МУвРБнМ, ПXLVII
  2. 2,0 2,1 Шарланов, Диню (2009). История на комунизма в България. Том I. Комунизирането на България. София: Сиела. стр. 395–396. ISBN 978-954-28-0543-4.
  3. Архивни снимки
  4. Кратка Българска Енциклопедия, София, 1966, стр. 181.
  5. Енциклопедия „България“, том 3, Издателство на БАН, София, 1982, с. 630.