Кванза

река во Ангола

Кванза (Kwanza или Cuanza) — река во Ангола. Се влева во Атлантскиот Океан јужно од главниот град Луанда. Долга е 960 км, а сливот зафаќа површина од 152.570 км2.

Кванза кај Дондо

Географија

уреди
 
Течението на Кванза

Реката е пловна во должина од околу 150 км од устието, 60 км јужно од престолнината Луанда. Поважни притоки се Кутато и Лукала.

Историја

уреди

Реката е пловна по долното течение, кое послужило како главен пат во португалското освојување на северна Ангола.

Акумулацијата „Капанда“ на Кванза во покраината Меланже е завршена во 2004 г. хидроенергија и наводнување во регионот. На реката се сместени и акумулациите „Камбамбе“ и „Лаука“. Подрачјето Бара до Кванза на устието на реката развива туризам, вклучувајќи терени за голф.

Жив свет

уреди

Реката се одликува со биоразновидност, вклучувајќи 50 видови риби, а се очекуваат уште видови по генетските анализи.[1] Тарпонот е мошне застапен во спортскиот риболов.

Занимливости

уреди

Валутата на Ангола се нарекува „кванза“ во чест на реката. По неа се наречени и покраините Северна Кванза и Јужна Кванза.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

9°21′S 13°09′E / 9.350° ЈГШ; 13.150° ИГД / -9.350; 13.150