Гуџарат
Гуџарат е сојузна држава во Индија со површина од 196.024 км2 и 50.596.992 жители (2001). Гуџарат е индустриски најразвиената држава во Индија. Остварува 19,8% од вкупното индиско индустриско производство. Гуџарат се граничи со Пакистан, а од индиските држави со Раџастан на североисток, Мадја Прадеш на исток и Махараштра на југ. Арапското Море е на западниот брег на државата. Главен град на Гуџарат е планскиот град Гандинагар, кој го замени бившиот главен град Ахмедабад, кој и понатаму е стопанско-трговски центар на Гуџарат.
Гуџарат | |
---|---|
Gujarat- ગુજરાત | |
Држава: | Индија |
Главен град: | Гандинагар |
Површина: | 196.024 км2 |
Население: | 50.596.992 (2001) |
Густина на население: | 258 жит/км2 |
Јазик: | гуџаратски и хинди |
Религија: | хиндуизам |
Портал: | www.gujaratindia.com Архивирано на 2 октомври 2018 г. |
Картат | |
Сурат претставува светски центар за изработка и брусење на дијаманти. Тука се изработуваат и се брусат 90% од дијамантите во светот или 55% од светската вредност. Ов на Индија ѝ носи приходи од 8 милијарди долари.
„Гуџарат“ на Ризницата ? |