Вистинска крв (оригинал англиски: True Blood) е американска телевизиска серија создадена и продуцирана од Алан Бол. Вистинска крв е заснована на серијалот романи Јужните вампирски мистерии од Шарлин Харис, и се занимава со заедничкото живеење на вампирите и луѓето, во измислено мало гратче во Лузијана, наречено Бон Темпс. Централна личност во серијалот е Суки Стакхаус (Ана Пакин), келнерка со телепатски способности, која работи во бар, која се вљубува во вампирот Бил Комптон (Стивен Мојер)[1][2].

Вистинска крв
True Blood
Жанрдрама, вампирска, комедија, хорор
Создадена одАлан Бол
УлогиАна Пакин
Стивен Мојер
Сем Трамел
Рајан Квантен
Александар Скарсгерд
Маршал Олмен
Рутина Весли
Крис Бауер
Кристин Бауер ван Стратен
Нелсон Елис
Воведна темаBad Things од Џејс Еверет
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони4
Бр. на епизоди48
Производство
Извршен продуцент(и)Алан Бол
Времетраење50-60 мин.
Прикажување
Првична мрежаHBO
Првично прикажување7 септември 2008[1]
Надворешни врски
Мрежна страницаhbo.com/true-blood

Серијата премиерно се емитува на кабловската програма HBO во Соединетите Американски Држави. Продукцијата е на HBO во соработка со продукциската компанија на Бол, Your Face Goes Here Entertainment. Првата епизода беше прикажана на 7 септември 2008 година.[3][4]

Првата сезона доби многу критички признанија и освои неколку награди, вклучувајќи Златен глобус и Еми. Втората сезона на серијалот премиерно беше прикажана на 14 јуни 2009 година[5]. Десеттата епизода од втората сезона (23 август 2009 година) ја виделе 5,3 милиони гледачи, што е нов рекорд за серијата.[6] Финалето на втората сезона (13 септември 2009 година) го виделе 5,1 милиони гледачи. Просечно 12,4 милиони неделно ја гледале втората сезона[7].Деветтата епизода од четвртата сезона (21.08.2011) поставиla нов рекорд со 5,53 милиони гледачи, што ја прави најгледана епизода до сега[8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Schneider, Michael (August 9, 2007). „HBO rolls with Ball's 'True Blood'. Daily Variety. Архивирано од изворникот November 15, 2020. Посетено на May 10, 2020.
  2. Andreeva, Nellie (August 10, 2007). „Ball bringing new 'Blood' to HBO“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот September 20, 2007. Посетено на May 10, 2020.
  3. 'True Blood' Renewed For Season 7“. Deadline Hollywood. July 15, 2013. Архивирано од изворникот November 15, 2020. Посетено на May 10, 2020.
  4. The Screen Spy Team (September 3, 2013). „True Blood to End its Run in 2014“. ScreenSpy. Архивирано од изворникот November 15, 2020. Посетено на September 3, 2013.
  5. Levine, Stuart (June 16, 2009). „Ads help auds bite into 'True Blood'. Variety. Архивирано од изворникот November 15, 2020. Посетено на June 16, 2009.
  6. „Updated: True bloody momentum for True Blood: 5.3 million and another record!“. Tvbythenumbers.com. August 25, 2009. Архивирано од изворникот на March 8, 2021. Посетено на June 23, 2013.
  7. „True Blood averages 12.4 million per episode across platforms in second season“. TV by the Numbers. September 19, 2009. Архивирано од изворникот на September 24, 2009. Посетено на May 10, 2020.
  8. „True Blood,' 'Kardashians,' 'Entourage' Lead + 'Breaking Bad,' 'Glee Project' & Much More“. TV by the Numbers. August 23, 2011. Архивирано од изворникот на September 11, 2011. Посетено на May 10, 2020.