Википедија:Избрана слика/2019/мај
- 2007
- 2008: XI • XII
- 2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2011: I • II
- 2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- 2025: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
- Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
- Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
- Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
- Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
- Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
- сликата која добила најмногу гласови {{за}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
- доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.
- Избраната слика се поставува на главната страница.
Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец мај 2019 година.
1 мај 2019 | 2 мај 2019 |
Двоопашест паша (Charaxes jasius jasius) во Ситонија, Халкидик, Егејска Македонија. |
Црквата „Пресв. Богородица Рогозинска“ (XV в.) во селото Луесма, Сарагоса, Шпанија. Иако самата црква е барокна, камбанаријата е мудехарска. |
3 мај 2019 | 4 мај 2019 |
Бахреинското кале кај Манама, Бахреин. Старо е 4300 години и има остатоци од неколку цивилизации. Прогласено е за светско наследство на УНЕСКО. |
Седиштето на Автомобилскиот сојуз на Германија (ADAC) во Минхен. |
5 мај 2019 | 6 мај 2019 |
Срушен свод од царскиот комплекс Фасил Геби во Гондар, Етиопија, заштитен е како светско наследство на УНЕСКО. |
Задно светло на Мерцедес-Бенц Ц-класа Кабрио во Минстер, Германија. |
7 мај 2019 | 8 мај 2019 |
Живописното село Конк во Аверон, јужна Франција. |
Вечерен поглед на црквата „Св. Василиј Блажениот“ на Црвениот плоштад во Москва. Изградена е во 1555-61 г. по порачка на царот Иван Грозни во спомен на победата над Татарите во Казањ и Астрахањ. |
9 мај 2019 | 10 мај 2019 |
Туполев Ту-160 во прелет над Москва по повод Денот на победата во 2014 г. |
БМВ Мини Купер на селски пат кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
11 мај 2019 | 12 мај 2019 |
Главица на глуварче (Taraxacum sect. Ruderalia) со бројни едносемени плодови. |
Квечерина над железничката ранжирна станица „Годорф“ во Келн, Германија. |
13 мај 2019 | 14 мај 2019 |
Претседателски гардист како стои пред Владиниот дворец во Лима на Денот на независноста на Перу, 2015 г. |
Макаки-ракојад (Macaca fascicularis) во Сабах, Борнео, Малезија. |
15 мај 2019 | 16 мај 2019 |
Воз како пристига на станицата „Сауде“ од подземната железница во Саун Пауло, Бразил. |
Наколни куќарки на одморалишниот остров Тудуфуши во атолот Алиф Дал на Малдивите. |
17 мај 2019 | 18 мај 2019 |
Портрет на сликарот К. А. Лоренцен (1827) од данскиот сликар Мартинус Рерби. |
Таваница над олтарот на катедралата „Св. Спас“ во Бриге, Белгија. |
19 мај 2019 | 20 мај 2019 |
Скитот „Св. Доминик“ во Лесера, Сарагоса, Шпанија. Изграден е во XIV век врз некогашна иберска населба. |
„Капетан Бадр“ — брод за превоз на добиток во пристаништето на Сет, Франција. |
21 мај 2019 | 22 мај 2019 |
Летувалиштето Пуерто де Моган на островот Гран Канарија. |
Црква во Оне ле Шато, Аверон, Франција |
23 мај 2019 | 24 мај 2019 |
Одморалиштето „Лопесан Баобаб“ во Маспаломас, Гран Канарија. |
Крилест олтар на црква во Магдаленсберг (Шталенска Гора) во Корушка, Австрија. Непознат мајстор од Филах, 1502 г. |
25 мај 2019 | 26 мај 2019 |
Дилменски понија во резерват кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. |
Дворецот Али капу („Голема порта“) во Исфахан, Иран. Изграден е на почетокот на XVII век по нарачка на шахот Абас Велики. |
27 мај 2019 | 28 мај 2019 |
Брежна мина (Acridotheres ginginianus) во Утар Прадеш, Индија. |
Комплексот „Трептауерс“ во Трептов, Берлин. |
29 мај 2019 | 30 мај 2019 |
Оргулите на базиликата во Зонтагберг, Долна Австрија. Изградени се од мајсторот Франц Ксавер Кристоф, 1774–76 г. |
Морепловниот дом (Haus Schifffahrt) на островот Нордернај во Долна Саксонија, Германија. |
31 мај 2019 | |
Августовиот храм во Пула, Хрватска. Посветен е на првиот римски цар — Октавијан Август и се вбројува меѓу најдобро зачуваните римски храмови во Европа. |
Намена
уреди- Избрана слика на главната страница за месец мај 2019 година.
thumb=yes
— прикажува слика во рамка (минијатура)title=yes
— приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)caption=no
— не прикажувај описfloat=left/right
— за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)day
— датум за кој се бара сликата на денот