Берта Зулцбашка
Берта Берта Зулцбашка (германски: Berta von Sulzbach, околу 1110 - 29 август 1159), била германска принцеза и византиска царица, сопруга на царот Мануил I Комнин.
Берта Зулцбашка | |
---|---|
Византиска царица | |
Мандат | 1146–1159 |
Роден(а) | околу 1110 |
Починал(а) | 29 август 1159 |
Сопружник | Мануил I Комнин |
Деца | Марија Комнина Ана Комнина |
Династија | Комнини |
Татко | Беренгар II |
Мајка | Аделхајд фон Дисен |
Потекло
уредиБерта била ќерка на Беренгар II, гроф на Зулцбах (починал на 3 декември 1125 година) и втората сопруга Аделхајд фон Дисен († 1126). Берта била сестра на Гебхард III Зулцбашки и на Гертруда Зулцбашка[1], која се омажила за германскиот цар Конрад III.
Брак
уредиБарајќи поддршка против Норманите на Роджер II, византискиот цар Јован II Комнин испратил амбасадори во дворот на германскиот цар Конрад III со предлог за склучување на сојуз против Норманите во Јужна Италија. За да внесе се потпише договор, гласниците на василевса му понудиле на Конрад III да испрати една од своите принцези во Цариград, за да биде мажена за синот на византискиот цар, Мануел. Наместо една од своите ќерки, Конрад ја избрал својата балдаза, Берта, која заминала за Цариград во друштво на Емихо фон Лајнинген, епископ на Вирцбург.
Кога Берта пристигнала во царскиот двор на Босфорот, Јован II Комнин веќе бил мртов, а Мануил бил новиот византиски цар. Бракот на Берта и Мануил I бил одложуван во текот на три години. Двајцата била венчани малку по Водици во 1146, по што Берта била крунисана за царицата под името Ирина.
Во Цариград Берта-Ирина станала позната по скромноста, избегнувајќи го луксузот на царот во византиски двор. Василиј Охридски ја пофалил Берта за пристојност и побожноста, а Никита Хонијат забележува дека царицата не носела шминка. Според гласините во 1147 година, патријархот Козма II Цариградски, кој бил осомничен за ерес, фрлил клетва на царката никогаш да не роди син.
Берта-Ирина и Мануел I Комнин имале две ќерки:
- Марија Комнина
- Ана Комнина (1154-1158)
Берта-Ирина починала на 29 август 1159 година. Според изворите Мануил I Комнин, кој бил познат по своите многубројни изневери, бил скршен од смртта на сопругата. Тој се оженил повторно во 1161 година за Марија Антиохиска.
Литература
уреди- Odilo Engels: Bertha von Sulzbach. Lexikon des Mittelalters 1, Sp. 2023
- Wilhelm Blum: Bertha-Irene: bayerische Gräfin und byzantinische Kaiserin. In: Bayern und die Antike. 150 Jahre Maximilians-Gymnasium in München. Hrsg. von W.-A. von Reitzenstein. München 1999. S. 65–75.
- August Nitzschke: Bertha von Sulzbach (Irene, Eirene). Neue Deutsche Biographie (NDB). Band 2, Duncker & Humblot, Berlin 1955, ISBN 3-428-00183-4, S. 151.
Надворешни врски
уреди- Bertha von Sulzbach, Opac, Regesta Imperii
- Bertha-Irene of Sulzbach, first wife of Manuel I Comnenus, De Imperatoribus Romanis
- Bertha von Sulzbach, fmg.ac
Берта Зулцбашка Роден(а): 1110s Починал(а): 1159
| ||
Претходник Пирошка Арпад |
Византиска царица 1146–1159 |
Наследник Марија Антиохиска |
- ↑ Cawley, Charles, Profile of Berengar of Sulzbach, his wives and children, Foundation for Medieval Genealogy, Посетено на August 2012 Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help); Надворешна врска во|publisher=
(help), Предлошка:Better source