Монтреал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Проширен вовед врз основа на англиската верзија на страната.
Ред 74:
}}
 
'''Монтреал''' ({{lang-fr|Montréal}}) е најнаселен град во канадската провинција [[Квебек]], и вториот најнаселен град во [[Канада]]. Првично наречен Вил-Мари, или „Градот на Марија", Монтреал е именуван по врвот Ројал кој се наоѓа во центарот на градот. Градот се простира на островот Монтреал кој е именуван по истиот врв и на неколку многу помали периферни острови, од кои најголем е Ил Бизар. Монтреал има специфична континенална клима со четири сезони, топли и жешки лета и студени, но, снежни зими.
'''Монтреал''' ({{lang-fr|Montréal}}) — вториот по големина град во [[Канада]] и прв во покраината [[Квебек]]. Овој град се смета дека е четвртиот по големина во светот, каде службен јазик е [[француски јазик|францускиот]].
 
Според [[Попис|пописот]] во 2016-та година, градот бил населен со 1.704.694 жители. Пошироката област на Монтреал е населена со 4.098.927 жители. Официјален јазик на градот е [[Француски јазик|францускиот јазик]], јазик кој го зборуваат 49,8% од населението во градот. На [[Англиски јазик|англиски]] зборуваат 22,8% од населението а останатите 18,3% зборуваат други јазици. Во проширената област на Монтреал, 65,8% од населението зборува француски дома, во споредба со 15,3% кои зборуваат англиски. Монтреал е еден од градовите во Квебек и Канада каде има најголем процент на население кои говори два јазика; дури 59% од населението може да зборува англиски и француски. Монтреал е втор по големина главно француски град во светот, после [[Париз]]. Градот се наоѓа на 258 километри југозападно од градот Квебек.
 
Монтреал во минатото бил најглавниот центар за финансии и трговија во Канада, но, бил надминат од [[Торонто]] и во број на население и економска активност во 1970-тите години. Монтреал е сеуште важен центар за трговија, како и за воздушната, транспортната, финансиската, фармацевтската и технолошката индустрија. Исто е и центар за дизајн, образование, уметност, култура, туризам, храна, мода, игри, и филм. Монтреал има втор најголем број на конзулати во Северна Америка и е седиште на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство. Во 2006 година, Монтреал бил прогласен за град на дизајн на [[УНЕСКО]]. Во 2017 година, Монтреал бил рангиран за 12-тиот најубав град за живеење во светот од страна на единицата за информации на списанието [[Економист (списание)|Економист]] како и за најдобриот универзитетски град во светот според британската организација Квак-карели Симондс. Монтреал е домаќин на повеќе меѓународни конференции и настани, вклучувајќи ги и Меѓународната и Универзална изложба во 1967 година и [[Летни олимписки игри|Летните олимписки игри]] во [[1976]]. Тоа е единствениот канадски град во кој се имаат оддржани летни олимписки игри. Во 2016 година, Монтреал бил рангиран за светски [[Бета град]]. Градот е домаќин на повеќе фестивали и светски настани кои се оддржуваат секоја година, вклучувајќи ги и канадскатата [[Формула 1]] Гран При, интернационалниот [[џез]] фестивал на Монтреал и фестивалот за [[комедија]] „Да се насмееме“.{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Монтреал| ]]
[[Категорија:Градови во Квебек]]