Разгледајте ја контролната табла за кодомаќини

Следете ја статистиката и одговорете им на домаќините.
Од Airbnb на 16 окт. 2024 г.
Четиво од 2 мин.
Ажурирано на 16 окт. 2024 г.

Вашата контролна табла е клучна за вашиот успех во мрежата на кодомаќини. Таму се поврзувате со домаќините и го следите напредокот кон вашите цели.

Толкување на својата статистика

Овие статистички податоци ќе ги најдете во јазичето за барања на вашата контролна табла.

  • Просечна оцена: мора да одржувате оцена од 4,7 или повисока за да останете видливи во резултатите од пребарувањето. Вашата оцена е просечната оцена со ѕвезди од гостите во текот на изминатите 12 месеца за сите огласи за кои помагате, освен оние на коишто сте кодомаќин со пристап само до календарот.
  • Стапка на одговор: вашиот профил на кодомаќин може да не остане видлив во резултатите од пребарувањето ако стапката на одговор падне под 90%. Стапката на одговор е процентот на нови барања од домаќините на кои сте им одговориле во рок од 24 часа. Се пресметува за изминатите 90 дена.
  • Прегледи од посетители: ова е бројот на единствени посетители на вашиот профил на кодомаќин во изминатите 90 дена.
  • Конверзија на посетителите: ова е процентот на домаќини што ве контактирале од оние што го виделе вашиот профил во резултатите од пребарувањето во изминатите 90 дена.

Одговарање на домаќините

Барањата од домаќините се појавуваат во јазичето „Барања“ и во јазичето „Пораки“. Вклучете ги известувањата за никогаш да не пропуштите некое барање и да можете брзо да одговорите.

Во вашите барања, можете да пристапите до:

  • името на домаќинот
  • адресата на сместувањето на домаќинот
  • податоците за контакт на домаќинот
  • датумот на барањето
  • статусот на барањето

Ако веќе сте кодомаќин, размислете да дадете препораки за потенцијалните партнери. Може да споделите препораки во порака или како сака домаќинот.

Џими, кодомаќин во Комб-ла-Вил, Франција, вели дека препораките во голема мера ги зголемуваат неговите шанси за успешно партнерство. „За домаќинот, нема ништо подобро од тоа да биде уверен од некој од нашите постоечки клиенти“, вели тој.

Мрежата на кодомаќини е достапна во Франција, Шпанија, Италија, Германија, Обединетото Кралство, Австралија, Мексико (овозможено од Airbnb Global Services Limited), Канада, САД (овозможено од Airbnb Living LLC) и Бразил (овозможено од Airbnb Plataforma Digital Ltda).

Информациите што ги содржи статијава може да се променети по објавувањето.

Airbnb
16 окт. 2024 г.
Дали ова беше корисно?